Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.940
Поени од реакции
4.438
Би ми било жал ако Фред замине. Трудољубив лик, плус лани имаше солидни игри.
И ако има нешто околу Тиаго, јас не би го менувал Фред. Помлад е, не го мачат толку повреди и мислам дека вреди да му се даде шанса.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Има барем 2ца пред Фред за метла во средниот ред. Или сепак има вистина во шпекулациите за Тиаго?
Тоа не се врзани настани. Периера и Лингард немаат никаква иднина во Манчестер, сигурно ќе бидат продадени, посебно Лингард. Јас нив двата веќе не ги ни рачунам како играчи на Манестер. За Тиаго не верувам, барал огромна плата, а би бил играч за ротација. Освен тоа, политиката на Оле е да се купуваат играчи кои би играле минимум следните 5 години.
Автоматски споено мислење:

Би ми било жал ако Фред замине. Трудољубив лик, плус лани имаше солидни игри.
И ако има нешто околу Тиаго, јас не би го менувал Фред. Помлад е, не го мачат толку повреди и мислам дека вреди да му се даде шанса.
И јас не сакам Фред да замине, лани баш солидно одигра, плус велат дека бил мотиватор, лик што не сакал да губи натпревари.
 
Член од
21 март 2015
Мислења
1.274
Поени од реакции
1.162
Тоа не се врзани настани. Периера и Лингард немаат никаква иднина во Манчестер, сигурно ќе бидат продадени, посебно Лингард. Јас нив двата веќе не ги ни рачунам како играчи на Манестер. За Тиаго не верувам, барал огромна плата, а би бил играч за ротација. Освен тоа, политиката на Оле е да се купуваат играчи кои би играле минимум следните 5 години.
Автоматски споено мислење:



И јас не сакам Фред да замине, лани баш солидно одигра, плус велат дека бил мотиватор, лик што не сакал да губи натпревари.
Не е фер да го избркаат сега, лани кога сите беа повредени, тој крена форма и сам ја држеше средината
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Не е фер да го избркаат сега, лани кога сите беа повредени, тој крена форма и сам ја држеше средината
Не можеш да знаеш дали го бркаат или сам има побарано трансфер, со оглед на тоа каква е сега конкуренцијата во средниот ред.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.759
Поени од реакции
9.539
Проблемот со Фред е што е добар кога игра во континуитет низа натпревари. Ако има пауза неколку меча потоа не е истиот. Го видовме тоа и по рестартот.

Sent from my SM-A750FN using Tapatalk
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Тоа не се врзани настани. Периера и Лингард немаат никаква иднина во Манчестер, сигурно ќе бидат продадени, посебно Лингард. Јас нив двата веќе не ги ни рачунам како играчи на Манестер. За Тиаго не верувам, барал огромна плата, а би бил играч за ротација. Освен тоа, политиката на Оле е да се купуваат играчи кои би играле минимум следните 5 години.
Автоматски споено мислење:



И јас не сакам Фред да замине, лани баш солидно одигра, плус велат дека бил мотиватор, лик што не сакал да губи натпревари.
Очигледно е дека има заинтересирани клубови ама не верувам Солскер да го даде него. Ем како што кажа има и пред него кандидати за заминување ама и ни треба таков профил на везњак.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.615
Поени од реакции
11.674
ако се носи Тиаго јас неам ништо против Фред да се даде
ниту е нешто екстра квалитет ниту зависиме од него, пробавме со него и тоа е тоа


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.524
Поени од реакции
2.376
Кога би стиснале за Упамекано и Регилон во најкус можен рок би било одлично. Овие двајца би донеле и енергија а и разноликост од друга страна. Само мислам дека приоритет е Санчо и далеку од тоа дека се имаат откажано од него па за другиве ќе биде држ-недај.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
ако се носи Тиаго јас неам ништо против Фред да се даде
ниту е нешто екстра квалитет ниту зависиме од него, пробавме со него и тоа е тоа


Sent from my iPhone using Tapatalk
Луѓе, баталете Тиаго. Барал астрономска плата, а Манчестер во последните 7-8 години баш не се офајде од играчи на залез од кариера кои земаат голема плата. Освен Ибра никој друг ништо не одигра. И згора на се, Тиаго во моментов не му е потребен на Јунајтед, веќе има три креативни играчи во среден ред.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Десно крило ни треба ...аман аман аман аман АМАН!!!!!!!!!!!!!!

Sent from my SM-A920F using Tapatalk
Треба, ама ако не биде со Санчо немам идеја кого би го купил Манчестер, овие замените што ги кажуваа воопшто не ми се допаѓаат.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.908
Поени од реакции
7.477
Треба, ама ако не биде со Санчо немам идеја кого би го купил Манчестер, овие замените што ги кажуваа воопшто не ми се допаѓаат.
Ако не биде Санчо,сами се криви,директна вина ќе имаат за тој трансфер што може да е клучот за нас,нека не си играат курташак и нека истурат вреќа пари оти ме фаќа нервоза.
Не може да останеме на таа позиција со дете од 11 години,и да го пљукаме кпга ќе греши(а ќе греши нормално е).



Sent from my SM-A920F using Tapatalk
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.554
Поени од реакции
8.142
Него искачаат муабети дека Оле би ги искомбинирал Бруно Погба и Дони у исто време, ова може да се изведе само со дијамант или Погба дм.

Инаку дијамант со Бруно напред, Дони десно, Погба лево, Матич да спие пред одбрана е доста интересна комбинација, сите 3ца ќе идат напред со тоа што во секое сценарио еден би трчал назад (Дони).Со ова и Погба добива малце поголема слобода.
 
Последно уредено:
Член од
13 мај 2016
Мислења
500
Поени од реакции
960
Некогаш има услови за втора, трета опција при посакуваните трансфер цели.. Некогаш не.
Ние во случајов за десно крило немаме простор за алтернативни трансфер цели и играње курташак.
Ко шо Ливерпул пример немаше за Ван Дајк и искешираа колку што им бараа.
Едноставно одиш плаќаш И носиш играчот во Манчестер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom