Џабе ќе ставаш плин, од 8 л. на сто градска помалку со бензинец тешка работа. Плус тоа тие се нови мотори тешко и плин дека може да стави и се ОК да работи на колата, без сецкање, гушење и слични глупости.
Ако ти била потршувачката толку пресудна требало некој мал дизел да земеш, како 1.4 хди или 1.3 мулти џет а не турбо бензин со 100 коњи.
За ламелата стави ја колата во 5 та брзина на 60 - 70 км/ч и дај гас до патос, ако почне да шлајфова ламелата (обртаите да се креваат нагоре а колата не забрзува) тогаш е за менување. Дури иако нема проблем и си забрзува како треба колата, со тоа што замирисала и се скратил векот.
Бензинците имаат послаби ламели (во споредба со дизел со иста снага) и не треба многу за да се оштети.