Vartolu
makoto 誠 chu 忠義
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 15.375
- Поени од реакции
- 6.061
Значи за санкциите ти зборував дека беа пост украинската криза, а не за трујањето.Па сега „го отруја“ Навални, не пред 6 години... Од Украинската криза до денеска, Русија без проблем излезе од кризата, почна самата да произедува храна(што всушност и беше најболната точка во санкциите) и денеска веќе неколку години по ред извезува жито.. Во меѓувреме, постигна победа во Сирија, истиснувајќи ги Американците претстави хиперсонични оружја на кои нема слични и од кои сеуште нема одбрана извади вакцина за ковид19 и така натаму...
А во меѓувреме, цело време се зголемуваа санкциите... Значи со еден збор, се посТрале од страв од санкции...
Хиперсонични оружја, а на секој втор ден им се уриваат хеликоптери, им се дешаваат некој аматерски хаварии, ама океј е, чим ти велиш дека се напредни, напредни се. Гледам уште живеете во тој свет баќушка Русија и нејзината големина и моќ, а таа истата баќушка молчи како риба, додека Американците низ цел свет влегоа со војски, едино во Сирија нешто покажа некоја пргавост, макар што таму САД не се заинтересираа целосно, тоа беше во дометот на Европските држави.
Постигна победа во Сирија, додека сите други фронтој ги изгуби. Важно во Сирија постигна победа. Тоа ти е исто како кога играат еве да речеме Јувентус со Кротоне, и да победи Јувентус со резултат 30-1, и овие од Кротоне да викаат. Абе 1 гол дадовме бе, што ви е вас...Макар што според мене утакмицата во Сирија, уште не е одиграна до крај...
И така можеш да гледаш на работите, дали Крим, дали Косово. Можеби Косово не е анектирано од САД како Крим, ама слична е ситуацијата. Преседанот веќе постои. Јас не знам некои како го оправдуваат едниот а го осудуваат другиот случај. Биди реален, ако ги осудуваш или оправдуваш, двата во пакет. Ама најлесно е на некој да му налепиш етикета, а етикетата своја на чело не си ја гледаш.Да, кога можеше Косово, зошто да не може Тетово и Гостивар?
Последно уредено: