Белорусија

Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.375
Поени од реакции
6.062
Па сега „го отруја“ Навални, не пред 6 години... Од Украинската криза до денеска, Русија без проблем излезе од кризата, почна самата да произедува храна(што всушност и беше најболната точка во санкциите) и денеска веќе неколку години по ред извезува жито.. Во меѓувреме, постигна победа во Сирија, истиснувајќи ги Американците претстави хиперсонични оружја на кои нема слични и од кои сеуште нема одбрана извади вакцина за ковид19 и така натаму...

А во меѓувреме, цело време се зголемуваа санкциите... Значи со еден збор, се посТрале од страв од санкции...
Значи за санкциите ти зборував дека беа пост украинската криза, а не за трујањето.

Хиперсонични оружја, а на секој втор ден им се уриваат хеликоптери, им се дешаваат некој аматерски хаварии, ама океј е, чим ти велиш дека се напредни, напредни се. Гледам уште живеете во тој свет баќушка Русија и нејзината големина и моќ, а таа истата баќушка молчи како риба, додека Американците низ цел свет влегоа со војски, едино во Сирија нешто покажа некоја пргавост, макар што таму САД не се заинтересираа целосно, тоа беше во дометот на Европските држави.

Постигна победа во Сирија, додека сите други фронтој ги изгуби. Важно во Сирија постигна победа. Тоа ти е исто како кога играат еве да речеме Јувентус со Кротоне, и да победи Јувентус со резултат 30-1, и овие од Кротоне да викаат. Абе 1 гол дадовме бе, што ви е вас...Макар што според мене утакмицата во Сирија, уште не е одиграна до крај...
Да, кога можеше Косово, зошто да не може Тетово и Гостивар?
И така можеш да гледаш на работите, дали Крим, дали Косово. Можеби Косово не е анектирано од САД како Крим, ама слична е ситуацијата. Преседанот веќе постои. Јас не знам некои како го оправдуваат едниот а го осудуваат другиот случај. Биди реален, ако ги осудуваш или оправдуваш, двата во пакет. Ама најлесно е на некој да му налепиш етикета, а етикетата своја на чело не си ја гледаш.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426

Како да ти кажам, убава е навидум догмата што ја шират либтард медиумите, уживај си во неа додека можеш.... Додека фактите на теренот говорат дека од 2008 година во светот се враќа балансот...

Дури и обидот за лична дискредитација и девалвација на мислењето ти е очаен... Јас моето мислење не го изградив од некоја дистанца, кај што бирам кој медиум ќе ми го гради, според некои си лични стереотипи... Мене работата ми дозволила контакт со луѓе образовани во Русија и луѓе образовани на запад, за да можам да го споредам знаењето и градењето на личности што го нуди Руското образование и какви личности гради западот преку нивното образование. А јас човечкиот потенцијал го ставам на прво место во однос на потенцијалот за прогрес на една држава, а тек кога ќе го додадеме тука природното богатство... Сум го пишувал тоа и на други теми на форумов.. Многу добар показател на квалитетот на Руското образование е бумот на Израелската воена технологија ..

Ако веќе сакаш да споредиш фудбал, моменталната ситуација ти е иста ко да изгубиле Јувентус од Кротоне 1:0 и навивачите да си се залажуваато со „ама ние порано ги тепавме 30:1“ ... а последните 12 години тепа Русија во меѓународна политика, Русија тепа во трка во вооружување... Едноставно тоа го кажуваат фактите ... и нормално е либтард медиумите да плачат и да шират небулози, ненормално е што толку луѓе веруваат во тоа, без воопшто во време на интернет да не ни пробаат да го проверат тоа... Како на пример сликите што сеуште ги постираат за некакви си запуштени места преставувајќи ги како школи, болници и сл... Таков пример имаше пред некој ден на форумов ... Или пак смешките што ги пуштаа од Сочи кога беше олимпијадата...

Во врска со етикетирањето... Ти сам си ги лепиш етикетите со тие догми што ги следиш... Од друга страна јас сум доста прагматичен човек, сум имал прилика да работам и да живеам во разни средини... и моите заклучоци не ги вадам ниту од инфомакс ниту од курир како што сакаш очајно и веќе видено да тврдиш. Тој патерн е веќе виден и познат во либтард круговите и веќе има мутирано во нешто што го нарекуваат cancel culture.

Фактите кои се донесени од западни агенции (а не од спутник рт и сл.) говорат дека во Белорусија има квалитетен живот, нема глад, нема сиромаштија, има доста квалитетно и бесплатно образование, квалитетно и бесплатно здравство... и дека се во постојан напредок веќе 26 години.... Ти чим на тој факт замижуваш и сеуште ја тераш догмата на либтард медиумите, сам си ја заслужуваш етикетата... Без разлика што притоа невино тврдиш дека само сакаш да ги изедначиш целите на Русија и западот...
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.896
Поени од реакции
8.875
Чудна работа овоа европскава демократија, ти вика имаш право да протестираш, ти излегуваш да протестираш и у еден момент те газат 5 џандари за ништо. Повеќе ми наликува на ќотек демократија ова, како да сум ја видел во Белорусија ама не бе, лупам глупости и јас, кај се споредуваат демкоратиите на истокот и западот.
Се гледа дека си демократски неосвестен! Тие во Берлин што ги тепаат, по демократски ги тепаат! Додека во Минск тоа е диктаторски ќотек. Како не ја гледаш разликата? Сега кукумјавче ќе се појави од некаде и ќе ти ја објасни разликата.
П.С. Ако почне да се про*ерава, како по обичај тука сум јас да го отерам во 3ЛПМ ;)
 
Munze

Dr. Oetker
Член од
21 јули 2020
Мислења
203
Поени од реакции
195
Nema da im pomine kako sto probaa vo Ukraina. Belarus ke si ostane slobodna zemja so svojot lider.
 
SNM

Член од
19 август 2020
Мислења
564
Поени од реакции
1.336
Оние во Минск се борат за европска демократија. Другите во Берлин се борат за правото да не ги мијат рацете. Секој со своите проблеми.
 
Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.375
Поени од реакции
6.062
Како да ти кажам, убава е навидум догмата што ја шират либтард медиумите, уживај си во неа додека можеш.... Додека фактите на теренот говорат дека од 2008 година во светот се враќа балансот...

Дури и обидот за лична дискредитација и девалвација на мислењето ти е очаен... Јас моето мислење не го изградив од некоја дистанца, кај што бирам кој медиум ќе ми го гради, според некои си лични стереотипи... Мене работата ми дозволила контакт со луѓе образовани во Русија и луѓе образовани на запад, за да можам да го споредам знаењето и градењето на личности што го нуди Руското образование и какви личности гради западот преку нивното образование. А јас човечкиот потенцијал го ставам на прво место во однос на потенцијалот за прогрес на една држава, а тек кога ќе го додадеме тука природното богатство... Сум го пишувал тоа и на други теми на форумов.. Многу добар показател на квалитетот на Руското образование е бумот на Израелската воена технологија ..

Ако веќе сакаш да споредиш фудбал, моменталната ситуација ти е иста ко да изгубиле Јувентус од Кротоне 1:0 и навивачите да си се залажуваато со „ама ние порано ги тепавме 30:1“ ... а последните 12 години тепа Русија во меѓународна политика, Русија тепа во трка во вооружување... Едноставно тоа го кажуваат фактите ... и нормално е либтард медиумите да плачат и да шират небулози, ненормално е што толку луѓе веруваат во тоа, без воопшто во време на интернет да не ни пробаат да го проверат тоа... Како на пример сликите што сеуште ги постираат за некакви си запуштени места преставувајќи ги како школи, болници и сл... Таков пример имаше пред некој ден на форумов ... Или пак смешките што ги пуштаа од Сочи кога беше олимпијадата...

Во врска со етикетирањето... Ти сам си ги лепиш етикетите со тие догми што ги следиш... Од друга страна јас сум доста прагматичен човек, сум имал прилика да работам и да живеам во разни средини... и моите заклучоци не ги вадам ниту од инфомакс ниту од курир како што сакаш очајно и веќе видено да тврдиш. Тој патерн е веќе виден и познат во либтард круговите и веќе има мутирано во нешто што го нарекуваат cancel culture.

Фактите кои се донесени од западни агенции (а не од спутник рт и сл.) говорат дека во Белорусија има квалитетен живот, нема глад, нема сиромаштија, има доста квалитетно и бесплатно образование, квалитетно и бесплатно здравство... и дека се во постојан напредок веќе 26 години.... Ти чим на тој факт замижуваш и сеуште ја тераш догмата на либтард медиумите, сам си ја заслужуваш етикетата... Без разлика што притоа невино тврдиш дека само сакаш да ги изедначиш целите на Русија и западот...
Добро ете, сите ние живееме во заблуда тука од тие твои т.н либтард медиуми. Чим некој факт не ти чини, веднаш либтард медиуми.

Сите сме имале контакти со луѓе од целиот свет, барем со интернетов на денешницата е тоа многу полесно, сите информации се достапни, контакти со луѓе и слично. Ти си имал такво искуство, јас сум имал поинакво со луѓе од тие земји.

Ок ко така, еве ти една мала информација од според твоите некои си само тебе јасни критериуми, нолибтард медиуми, Московско време, пред една година истакнува дека 53% од Русите меѓу 18 и 24 години сакаат да емигрираат од Русија. Ете прогуглај колку Американци сакаат да емигрираат од Америка на тие години, колку Германци итн. Или и овој медиум е либтард :) Или сега тоа не е мерило за квалитетот на живот. Ако имаш 53% од младата популација која сака да ти замине, тогаш бате, нешто ти базди во државата..Не е се како што ти претставуваат тие пријателите.

Јас не сакам да ги изедначам целите. Јас само велам дека и Русите и Западот не бираат начин и средства да си ги остварат интересите. Ниту на Русите ниту на Американците им е битно нешто друго освен нивните интереси. И со тоа воопшто не се правам невин, туку ти докажувам дека премногу си пристрасен и субјективен и даваш нереален суд, бидејќи очигледно си big fan на диктаторчиња како Лукашенко, и на спутникбејзд хвалоспеви за моќната баќушка...
 
Се повеќе и повеќе млади Руси одат на Запад на постдипломски студии и сл. и нормално е дека ги раскажуваат своите искуства од студентските денови и нормално дека младите Руси сакаат да мигрираат на запад за да го осетат тој живот, кој е безгрижен... Одтаму е таа желба претежно кај младите да мигрираат... Незнам колку си имал прилика да видиш, ама студентскиот живот во Лувен, Ахен, Инсбрук, Лунд, Копенхаген ти е можеби едно од најдобрите искуства за еден млад човек... Зборам за вечерните забави.

Понатаму, дури и повозрасните, кои имаат завршено технички факултети, имаат многу лесно достапни одлични работни места на запад, кај што се истакнуваат пред своите колеги кои студирале на западот... Но и покрај тоа желбата за мигрирање, најчесто спласнува како годините проаѓаат. Но сепак, јас не гледам некаков проблем во braindrain-от што го доживува Русија. Новите искуства поготово во делот за комерцијализација на научните достигнувања и тоа како им фали во Русите. Новите персепктиви се секако добредојдени. Еден Израел има повеќе Израелци во САД одколку што има во Израел, па може да се каже дека тие еднакво придонеле за напредокот на Еврејската држава ...

Јас никогаш не сум оспорувал дека на западот имаш повеќе можности... Тоа не е бидејќи они се фер и напредни и сл. Туку дека се ослонуваат буквално на неоколонијалистичка политика, експлоатирајќи туѓи национални богатства, и човечки ресурси, цицајќи пари купувајќи ги енергетските капацитети на сиромашните земји или нивните телекомуникациски системи... Но сепак фактот кажува дека подобри можности се нудат и тие што имаат желба да работаат, побрзо напредуваат (нашите се пример за тоа).

Но тоа полека се менува, пошто и од економски аспект, Русија почнува да се опоравува и да им нуди се повеќе можности на своите граѓани, иако се веќе 12 години на удар на санкции од западните земји... Незнам јас со какви луѓе ти си контактирал и колку се релевантни тие, но моите контакти биле во два правци, сум соработувал со неколку западни универзитети, пред 10-11 години, во врска со постдипломски студии на деца од цел свет. А во два бев лично пристуен неколку месеци помагајќи им од практичен аспект (доста успешно) на студенти на мастер студии, претежно од сферата на AI... Тоа се блиски средби со идни научници од целиот свет (вклучително нели и Иран, Кина, Русија, Белорусија) и добар начин доста објеткивно да се оцени тежината на образованието во секоја држава. И вториот аспект ми е професионален/бизнис аспект, и претежно сум соработувал исто така со западни и Израелски компании од различна големина, било директно во последно време, било преку некоја компанија кај што сум работел... Најдобрите инжинери со којшто сум работел, не биле Американци или западњаци, туку Руси, Евреи и Ерменци, на кои базата им е Рускиот образовен систем ..

Така да батали ме ти мене во твоите обиди да ме претставиш како репрезентативен примерок за хејтање на западот и величање на мајка Русија ...
 
Конечно во едно да се сложиме :)

За Ерменците не знам, ама на Израелскиот образовен систем не им е основа Рускиот образовен систем. Евреите имаат разработено методологија на образование, можеби која датира уште од 1 век, која сеуште се применува (нормално, секогаш апдејтувани со најнови и најсофистицирани достигнувања од науката, се своевремено)..

Не сакам да те претставам, туку според твоите пишувања таков впечаток добивам. Јас гледам да заземам неутрална позиција, знам дека демократијата на Западот има многу мани и недостатоци, но мое скромно мислење е дека во моментов тој систем на владеење, за обичниот народ е далеку подобар од онај со цврста тупаница кој си влечи корени од другарот Јосиф Висарионович Џугашвили Сталин, систем кој го практицираат ванаби диктатори.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.896
Поени од реакции
8.875
Офтоп ама колку да се знае!
60% од израелските инженери или се со руско потекло или имаат завршено високо образование во Русија. Е сега штосот е што Израел не им ги признава дипломите па овие преполагаат скоро 60-70% од градивото. Ама евреин си е евреин па бил он и руски, се ќе стори само да не работи физички :D ретко кој дигнал раце. Лекарите од моја генерација сите се снајдоа супер таму, некои се и на високи позиции.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.167
Поени од реакции
12.800

Што збориш ?

Те молам потенцирај кога и каде во поновата историја не само на Белорусија, туку и на Европа се случил глад предизвикан не од недостаток на храна, туку од политиките на државата, кога се одржале понови наместени јавни судења во Белорусија, кога и каде биле стрелани осудениците од истите тие судења, и каде се денешните гулази во Белорусија и во останатите делови на Европа ?

Јас како што помнам, во моментов додека тука дискутираме за Белорусија и ванаби диктаторите, во Јемен цивилното население е жртва на бомбардирања и глад - исто така предизвикани од злосторствата против човештвото кои ги врши Саудиска Арабија, со амин и поддршка од САД и западните слободарски и демократски држави, а не од недостаток на храна.
 
Зошто Русија не ги одбрани браќата од Јемен? Ете како во Сирија... Знаеш зошто? Зошто Саудите им ветија на Русите дека ќе остават да го користат Аденскиот Залив, колку и кога сакаат..На најпрост начин кажано, им ја купија лојалноста на Русите за 30 сребреници...

Единственото нешто што Русија му помогна на Јемен, беше тоа што дадоа вето на резолуција во ООН...Физичка помош, никаква..Само тапкање по рамо...
Автоматски споено мислење:

back on topic

Eве ја мирољубивата полиција на Лукашенко. А јас цело време мислев дека на протестантите цвеќиња им даваат.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Офтоп ама колку да се знае!
60% од израелските инженери или се со руско потекло или имаат завршено високо образование во Русија. Е сега штосот е што Израел не им ги признава дипломите па овие преполагаат скоро 60-70% од градивото. Ама евреин си е евреин па бил он и руски, се ќе стори само да не работи физички :D ретко кој дигнал раце. Лекарите од моја генерација сите се снајдоа супер таму, некои се и на високи позиции.
Не сум запознаен до детали што се случува во мометнов, меѓутоа можам да кажам дека тие што дојдоа во декадата после падот на СССР, околу 1 милион образованието им беше признаено.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.167
Поени од реакции
12.800
Зошто Русија не ги одбрани браќата од Јемен? Ете како во Сирија... Знаеш зошто? Зошто Саудите им ветија на Русите дека ќе остават да го користат Аденскиот Залив, колку и кога сакаат..На најпрост начин кажано, им ја купија лојалноста на Русите за 30 сребреници...

Единственото нешто што Русија му помогна на Јемен, беше тоа што дадоа вето на резолуција во ООН...Физичка помош, никаква..Само тапкање по рамо...

back on topic

Eве ја мирољубивата полиција на Лукашенко. А јас цело време мислев дека на протестантите цвеќиња им даваат.

Сакаш да кажеш дека Русија треба да му помогне на цивилното население во Јемен ?

А што прават САД и нивните слободарски и демократски сојузници во Јемен ?

Зошто мирољубивата полиција во Белорусија би требала да им дава цвеќиња на протестирачите ?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Зошто Русија не ги одбрани браќата од Јемен? Ете како во Сирија... Знаеш зошто? Зошто Саудите им ветија на Русите дека ќе остават да го користат Аденскиот Залив, колку и кога сакаат..На најпрост начин кажано, им ја купија лојалноста на Русите за 30 сребреници...

Единственото нешто што Русија му помогна на Јемен, беше тоа што дадоа вето на резолуција во ООН...Физичка помош, никаква..Само тапкање по рамо...
Јемен добива помош непосредно од Иран... Затоа и сеуште држат контрола бунтовниците. А и Јемен воопшто не спаѓа во сферата на интерес на Русија...

Eве ја мирољубивата полиција на Лукашенко. А јас цело време мислев дека на протестантите цвеќиња им даваат.

Вакви видеа има десетици дури и побрутални како ги апсат протестантите во Берлин, а и во Лондон викендов...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.167
Поени од реакции
12.800
Вакви видеа има десетици дури и побрутални како ги апсат протестантите во Берлин, а и во Лондон викендов...
Ама Русија изгледа е страната која погрешно постапува бидејќи не им излегува во пресрет да им помогне.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom