Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
14 април 2012
Мислења
32.881
Поени од реакции
67.475
Огден на времето беше Фабрицио Романо кога се работеше за вести за Јунајтед. Мала надеж жи дава тоа што веста ја превзеде и Алекс Шо, кој не се бафта со шпекулации. Упамекано би бил страшен трансфер.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ова со Упамекано ми е тешка новинарска глупост, поготово што ЕСПН пренесува, а никој друг ништо не пишал. Летово продолжи договор со Лајпциг, следно лето ќе има клаузула од 40милиони, така да ако веќе го даваат летово ќе биде за многу посолена сума од 40. Јунајтед се натегаше за Санчо за кого е пологично да фрлат поголема сума, не ми е верно дека би платиле за Упамекано висока сума
Не можеш да бараш логика кај Јунајтед. Може да се случи и Санчо и Упамекано во ист ден, може да се случи и никој плус нови договори за Лингард и Переира.

За Упамекано како што веќе нагласи видук, би почекала да пише некој поверодостоен.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Упамекано или друг, Јунајтед мора да купи штопер, мислам дека таа позиција требаше да им биде приоритет (повторно), од сите централни што им се не можеш да склопиш пола играч за асален партнер на Мкгваер...
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.162
Поени од реакции
4.709
Упамекано летово пред да го обнови договорот имал 60 милиони откупна клаузула, што значи летово нема шанси под таа сума да го дадат. Ако остане, следно лето ќе биде голема тепачка за него ако е вистина информацијата за 40милиони клаузула следно лето :D

Иначе, супер трансфер за Јунајтед е Ван де Бек, или ќе придонесе Погба да почне да игра, или ќе биде закован на клупа. Не ми е јасно како Барса не загриза за него, 40 милиони е смешна сума..
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.573
Поени од реакции
8.193
Смолинг го таксале во Рома за 20м, а изгледа и успеале Џонс и Рохо да ги набркаат, па од таму имаат/планираат пари.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
А секако и без продажби Јунајтед има пари :D
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.573
Поени од реакции
8.193
А секако и без продажби Јунајтед има пари :D
Не би се сложил во целост, со Арсенал се најпогодени клубови од кризата, загубата на Јунајтед е проценета на 140м фунти.Пред некое време зедоа кредит од 140м фунти за да надокнадат од штетата.
А Евреите да извадат од нивен џеб, малце потешко.
 
Последно уредено:

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Упамекано и Санчо, плус Де Бек, и изгледа дека муабетите уште Санчо за борба за титула нема повеќе да ви бидат толку смешни.
И на крај Меси во Сити и џабе се радуваме и ние и вие.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
И на крај Меси во Сити и џабе се радуваме и ние и вие.
Реков јас, последно што сакам да се случи е да дојде Меси во Сити. Не е проблемот кога Јунајтед или Ливерпул или Челзи ќе играат против Сити со Меси, проблемот е што прелесно ќе ги добиваат сите помали тимови.

А од друга страна многу сакам да си оди од Барса и да ги остави со прстот во уста. :D
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.676
Поени од реакции
14.559
За Упамекано се шушкаше на велико за во Баерн пред да го продолжи договорот. Не им се даваше 60м летово, со оглед на тоа дека за ЦД ги имаме Суле, Боатенг, Алаба и Лукас.

Боатенг беше готов за заминување пролетва, сега читам дека сакал да остане уште.
Претпоставувам дека ќе остане уште една сезона, па 2021 ќе запнат за Упамекано.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Реков јас, последно што сакам да се случи е да дојде Меси во Сити. Не е проблемот кога Јунајтед или Ливерпул или Челзи ќе играат против Сити со Меси, проблемот е што прелесно ќе ги добиваат сите помали тимови.

А од друга страна многу сакам да си оди од Барса и да ги остави со прстот во уста. :D
Уште кога доаѓаше Вернер тој период реков ова е шансата Челзи и Јунајтед да ја искористат ситуацијава и да направат значителни чекори кон доближување до Сити и Ливерпул. Се надевам како фудбалски фан дека двата клуба ќе си ги донесат сите цели. Реалноста колку и да мислиш поразлично е дека што и да направат нема да се спремни уште сезонава да атакуваат на титула, едноставно Ливерпул и Сити се веќе скроз уиграни тимови, а и Оле и Лампард не им се ни до колена на Пеп и Клоп. Ама можат да бидат блиску. Ептен би сакал да има четири сериозно квалитетни тимови кои ќе се борат во ПЛ, а ќе имаат и добри шанси за успеси во Европа.
Е сега со евентуален трансфер на Меси во Сити малце пропаѓа во вода тоа затоа што под претпоставка дека Меси ќе си биде Меси и во Сити, не гледам како некој друг ќе може да ги следи рамо до рамо цела сезона. Ама па како фудбалски фан и фан на ПЛ ептен сакам да го видам во лигата, иако би било во Сити :D
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.763
Поени од реакции
9.548

Со вакви засилувања се намалува фудбалската разлика помеѓу Челзи и Јунајтед од една страна со Ливерпул и Сити од друга страна. 33 поени од првиот и 15 поени од вториот е сериозна разлика на крај од сезона. Јунајтед и Челзи создадоа квалитетна основа годинава и Лампард и управата на Челзи побрзо се справија со решавање на слабите страни, ние се надевам влегуваме во таа фаза. Доколку стварно ги договориме Упамекано и Санчо до крај на преодниов рок ќе имаме некое ниво поквалитетен тим од лани.

Е сега како ќе се движи сезоната зависи од многу фактори. Повреди, распоред, како ќе се вклопат новајлиите и дали навистина ќе го подигнат нивото за кое се доведени. Е сега Лампард, а и Оле (ако му ги реализираат желбите до крајот) ќе имаат сериозна одговорност доколку не испорачаат резултати...а намалување на разликата до Сити и Ливепрул и од втор план влегување во трка за тронот е тоа што од нив ќе се очекува, а не да заглават околу 4то место и да се поблиску бодовно опкружени до Лестер, Шефилд и Вулверхемптон отколку од топ 2.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.930
Поени од реакции
40.977
За почеток намалување на разликата како и со бодови на табелата така и со квалитет во тимот. Првите 6 екипи имаат квалитет во стартна 11ка, кој повеќе кој помалку, но сепак квалитетот во клупата и останатиот ростер е главниот адут на Сити и Ливерпул.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.676
Поени од реакции
14.559
сепак квалитетот во клупата и останатиот ростер е главниот адут на Сити и Ливерпул.
За ова имаше вчера изјава од Румениге:

Rummenigge: "After the final, Robert (Lewandowski) said to me on the podium: “Karl, we now have the chance to start an era. Do you know why we won today? Because we have the best bench."
- He's right, we can always add more"

И од Левандовски сличен муабет:

Lewandowski: "If Philippe Coutinho and Ivan Perišić come on in the 80th minute, then the opponent knows what is going on: they realise that we do not intend to stop pressing. That makes them insecure"
 
Kajgana Shop

На врв Bottom