Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Како бе така, тимот што заврши со исти број бодови со Јунајтед, а се засили попричично добро, донесе играчи ко Вернер, Зијеш, Чилвел, Силва, а од понеделник треба и Харвец да го официјализираат, најверојатно ќе пробаат и голман да донесат, со ништо не е подобар од Јунајтед? Ко да го преценувате Јунајтед малку повеќе. Јунајтед ко прво нема никава замена за тројката напред ни пола од квалитетот на стартериве. На 10-ка го имаме Бруно, али без некој што ќе го одмара квалитетно, Бруно ќе издиши до средина на сезона, ако не и порано. Од се до сега прикажано, Погба никад не би го стаил пред било кој од тројката Маунт, Ковачиќ (можеби овој, али изигра поприлично добра сезона), Харвец, а нашиов нема 2 месеци сврзано да изигра на највисоко ниво, од кога е дојден. Канте е Бог за Матиќ, едина предност, не преголема, ни е одбраната, али офанзивно бековите ни се послаби од нивните, а у денешниот фудбал нивната офанзивна игра е премногу важна. На клупа го имаат Лампард, кој иако нема никакво искуство, поприлично добро успеа да ја наметне својата филозофија, покрај банот и одењето на Азар, успеа да го однесе тиот у ЛШ, а делува дека знае точно што и му фали. Судејќи по прикажаното и околностите, Лампард за мене е поквалитетен од Оле.
Ако остане ваквата ситувација, Јунајтед ќе биде позади Челзи, а ништо чудно и позади Тотајнхем, ако земат некој добар штопер.
Ај сега да бидиме реални. Погба каков сака нека е, со една нога нека игра, не би го менувал за Маунт, Ковачич и Хаверц заедно, а излишно е да дискутираме дали некој од овие тројца е индивидуално подобар.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.779
Поени од реакции
10.087
Лани исто ја почнаа сезоната со дупки во тимот имавме среќа што Гринвуд се вметна во тимот и им дојде памет да го земат Бруно ма да мислам дека ако не беа повредите на Погба и Мектоменеј немаше да купуваат во зимскиот.
Следната сезона незнам дали ќе имаме толку среќа.
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
Се виде колку тераат на ура овие првите, 10тина и прегоруваат. Плус ако закршат некаде, нема кој да внеси свежина не па камоли да има некој поголем импакт.

Значи апсурдно е шо ни одбрана, ни средина ни напад нема ама баш никакви замени. Мегравер лани изигра се шо треба а и шо не треба, Рашфорд зар и трета сезона со инекции ќе игра.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Од се до сега прикажано, Погба никад не би го стаил пред било кој од тројката Маунт, Ковачиќ (можеби овој, али изигра поприлично добра сезона), Харвец, а нашиов нема 2 месеци сврзано да изигра на највисоко ниво, од кога е дојден.
Ова е една од пожестоките глупости истрескани во овој фан клуб. Погба не би го ставил пред Маунт. Пред Маунт. ОК.

Ќе почнам да ги запишувам и на крајот книга ќе издадам, има пари да направам. И онаа со голманите на @fennel ќе заврши во книгата.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.868
Поени од реакции
11.550
Може планираат чемпионшип да освојат, па се концентрираат на тој дел сега. Се кова планот.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.647
Поени од реакции
8.232
Ај сега да бидиме реални. Погба каков сака нека е, со една нога нека игра, не би го менувал за Маунт, Ковачич и Хаверц заедно, а излишно е да дискутираме дали некој од овие тројца е индивидуално подобар.
Јако јако, Погба со една нога е подобар од тројца во Челзи! Со две минимум од петина. Бурек нека јаде Лампард, само нека ни се врати Погба титула не ни гине.
Изгледа и Ед го гледа тоа, па не купува ништо, оти сме многу јаки!
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Ај сега да бидиме реални. Погба каков сака нека е, со една нога нека игра, не би го менувал за Маунт, Ковачич и Хаверц заедно, а излишно е да дискутираме дали некој од овие тројца е индивидуално подобар.
Абе вие и за Хендерсон, Фабињо и Вијналдум заедно не би го мењале, знаеме, ептен голем талент има. Уште да го покаже сериозно на повеќе од 2-3 натпревари по сезона и супер ќе биде.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.647
Поени од реакции
8.232
Значи Јунајтед ќе има стресови на голманска позиција со двајца врвни голмани, а Челзи ќе бидат топ со Кепа.

Генијално.
Знаејќи го твоето тежнение да бидеш интересен, не ме чуди коментарот. Челзи ќе си најде голман или ќе им брани вториот голман на место на кепецот. Да не им се секираме на нив.
Инаку нема проблем Јунајтед, по твое! Хендерсон ќе брани по некоја куп утакмица, колку да не заборави што е играње или де Хеја ќе биде голман за мики маус купови? Може идеата е да се мењаат секоја втора? Ај биди реален, што тешко ти оди впрочем, кој и да биде прв голман му треба континуитет на настапи. А играње со двајца голмани, сеуште не е вметнато во правилата.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.428
Поени од реакции
7.127
Погба е еден од најталентираните средњаци у негова генерација, со физички предиспозиции да може да ги доминира противниците, али освен повремени блесоци, до сега ништо нема покажано. У тимов нема конкуренција па можда и затоа е таков, али за играч што зима 380 000 неделно, нема оправдување. Тоа што го пишав за дека Погба не би играл пред овие тројца во Челзи е моментално, сите овие ја изиграа цела прошла сезона на ниво, а Погба нема уште таква сезона у Јунајтед. Можда и глупа беше споредбата пошто Харвец уште и не е потпишан, а Маунт играше на 10-ка најчесо, али судејќи по тоа што го прикажаа лани, по мене, средина составена од Канте, Ковачиќ, Харвец, без Погба би била подобра моментално.
Искрено, немам ништо против Погба, сакам да остане, али Погба по прикажаното во Јунајтед не спаѓа во топ средњаци во ПЛ (не спаѓаат ни овие од Челзи), а дефинитивно може да биде на приближно ниво на Де Бруине. Не знам, освен неговото незалагање, делува и ко ни Мурињо ни Оле да не можат да му ја најдат позицијата каде што ќе можат да го извадат најдоброто од него.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.731
Поени од реакции
5.483
Како двајца голмани бајо, хендерсон е сигурица на гол, давидчо се враќа на фудбалските почетоците има 9ка да го играме
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Се појасно се гледа вистинската причина за заминувањето на Гил и Ферги, промената на политиката на клубот и менување на приоритетите со цел заработка на газдите.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Знаејќи го твоето тежнение да бидеш интересен, не ме чуди коментарот. Челзи ќе си најде голман или ќе им брани вториот голман на место на кепецот. Да не им се секираме на нив.
Инаку нема проблем Јунајтед, по твое! Хендерсон ќе брани по некоја куп утакмица, колку да не заборави што е играње или де Хеја ќе биде голман за мики маус купови? Може идеата е да се мењаат секоја втора? Ај биди реален, што тешко ти оди впрочем, кој и да биде прв голман му треба континуитет на настапи. А играње со двајца голмани, сеуште не е вметнато во правилата.
Значи Де Геа ќе брани во првенството, Хендерсон ќе брани во куповите. Ако продолжи Де Геа да прави глупости во првенството и таму ќе го замени Хендерсон, се разбира ако брани добро во куповите. Можно е да не ти текна за оваа комбинација?

Крај не ви се наоѓа. Од една страна отупевте со слаба клупа, од друга страна единствената позиција во тимот која е покриена со два квалитетни играчи ќе била проблем. Страшна работа. А што мислиш, ако дојде Грилиш на пример, нема да биде проблем со Фернандес, или Рубен Невес со Погба, или некој квалитетен центарфор со Марсијал?
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.647
Поени од реакции
8.232
Се појасно се гледа вистинската причина за заминувањето на Гил и Ферги, промената на политиката на клубот и менување на приоритетите со цел заработка на газдите.
Ок, од наша гледна точка е така, ништо не можеме да направиме! Мојс глупо улета, ван Гаал и Мурџо разбирливо, за престиж и да напунат џебот! Шу прајме со Солскјер? Он требало да знае како стојат работите, уште кога се нафаќал да доаѓа или во крајна мерка кога потпиша договор. Со јасна слика дека е така и нема да добие саглам подршка, треба да е мисир да се нафати :toe:
Сепак досега му носеа што сакаше, порано покасно ама носеа. Он им испорача резултат, редно е да продолжи започнатото. Сепак мислам дека е некое тактизирање со трансферите, кое како по обичај ќе доведе до тоа да ги платиме засилувањата дури и поскапо од почетната цена која ни била барана:facepalm:! Ама тоа е тактика на Ед, му се може!
Автоматски споено мислење:

Значи Де Геа ќе брани во првенството, Хендерсон ќе брани во куповите. Ако продолжи Де Геа да прави глупости во првенството и таму ќе го замени Хендерсон, се разбира ако брани добро во куповите. Можно е да не ти текна за оваа комбинација?

Крај не ви се наоѓа. Од една страна отупевте со слаба клупа, од друга страна единствената позиција во тимот која е покриена со два квалитетни играчи ќе била проблем. Страшна работа. А што мислиш, ако дојде Грилиш на пример, нема да биде проблем со Фернандес, или Рубен Невес со Погба, или некој квалитетен центарфор со Марсијал?
Аха, треба да му даваат дроги на Хендерсон да седи и да не се нервира во следните две години, додека видат дали ќе пркне од мики маус куповите! Така стабилно ќе си го држи местото во репрезентација и вредноста на трансфер пазарот. Мајку му, збориш како он да е куфер, сме го купиле па кога ќе идеме на пат ќе го употребуваме, останатото време ќе чмае во шпајз:facepalm:
Ротација на играчи или играње дури и заедно, не е ни приближно како ротирање на голмани, не ми мешај сега баби и жаби!
 
Последно уредено:
Член од
16 ноември 2007
Мислења
1.074
Поени од реакции
1.572
Луѓе, што ви е бе? Па ни се смеат по заеднички теми, е ни се смеат. Мислењава ви се како под кауција кај донев да сте. Ковачиќ и Маунт...факинг Ковачиќ и Маунт пред Погба? Проблем било што ќе ја имаме најдобрата голманска двојка?? (Не летајте,ДВОЈКА) Разбирам дека Ед (Јунајтед) не ни ги исполнува трансфер дркањата ама...Дај одјебете бе да не се вреѓаме!
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Ок, од наша гледна точка е така, ништо не можеме да направиме! Мојс глупо улета, ван Гаал и Мурџо разбирливо, за престиж и да напунат џебот! Шу прајме со Солскјер? Он требало да знае како стојат работите, уште кога се нафаќал да доаѓа или во крајна мерка кога потпиша договор. Со јасна слика дека е така и нема да добие саглам подршка, треба да е мисир да се нафати :toe:
Сепак досега му носеа што сакаше, порано покасно ама носеа. Он им испорача резултат, редно е да продолжи започнатото. Сепак мислам дека е некое тактизирање со трансферите, кое како по обичај ќе доведе до тоа да ги платиме засилувањата дури и поскапо од почетната цена која ни била барана:facepalm:! Ама тоа е тактика на Ед, му се може!
Автоматски споено мислење:


Аха, треба да му даваат дроги на Хендерсон да седи и да не се нервира во следните две години, додека видат дали ќе пркне од мики маус куповите! Така стабилно ќе си го држи местото во репрезентација и вредноста на трансфер пазарот. Мајку му, збориш како он да е куфер, сме го купиле па кога ќе идеме на пат ќе го употребуваме, останатото време ќе чмае во шпајз:facepalm:
Ротација на играчи или играње дури и заедно, не е ни приближно како ротирање на голмани, не ми мешај сега баби и жаби!
Хендерсон има 24 години, тоа за голман е како за играч да има 19 години. Има нов договор на 5 години, многу поволен. И нему му беше јасно сега кога нема да оди на позајмица дека ќе биде втор голман најмалку уште оваа сезона, а најмногу две.

Ова се едноставни работи, и треба да ги знаеш. Мене ме нервира што фан клубот на повеќето членови им служи за вентилирање на фрустрациите од дома, па трескаат глупости кај ќе стигнат. Значи има проблеми Манчестер, требаат трансфери, ама голманската позиција во моментов е најмал проблем.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom