Кое е според вас најубавото македонско вино?

Член од
7 декември 2019
Мислења
4.732
Поени од реакции
8.421
Ај бе не умарајте! Кој како сака нека си го доживува пиењето вино, ама ако си само љубител а не стручњак, дозволи да кажат тие што знаат нешто! Вака ја труете темата само!
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748

Абе добро, ама ај да не збори никој за фудбал освен оние што што се професионалци, зашто знаат повеќе од некој обичен љубител на фудбалот.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.735
Ти можеш и салата со пиво ако сакаш да нарачаш мислиш мене ми е гајле? Темата е за вино, и винска култура се начна така да ако не знаеш воопшто и неможеш да придонесеш за квалитетна дискусија, тогаш зошто воопшто коментираш и се бламираш со глупи постови од типот вранец со риба?
Сакаш да билдаш постови?
Глуп си.
 
A

Avenger99

Гостин
Добро бе што му запна толку
Грешка се изрази членот наместо неможеш може требаше да пише не е препорачливо барем ако сакаш да го извадиш максимумот од виното и храната со него. Е сега ако си батка што јаде смоки со црвено вино, или меша ризлинг донесен од Германија на подарок со кисела вода тогаш за тебе дечко нема граници :LOL:

Девојките dislike this. Дај им 10 различни вина 9 од 10 ќе се фатат за мускатот на пример темјаника
Да, доста популарен е мускатот, посебно на балканот. Темјаниката веќе со години има цена од 30+ денари за килограм, мада оваа година не знам :D
Автоматски споено мислење:

Ај бе не умарајте! Кој како сака нека си го доживува пиењето вино, ама ако си само љубител а не стручњак, дозволи да кажат тие што знаат нешто! Вака ја труете темата само!
This! Ама треба да се знае дека ова е македонски форум, секој член знае за све и свашта, и се вреѓа ако не се согласува некој со неговото мислење и незнаење.
 
M

Macedon1um

Гостин
Абе добро, ама ај да не збори никој за фудбал освен оние што што се професионалци, зашто знаат повеќе од некој обичен љубител на фудбалот.
Е ај ако не да ја сведеме темава (па и другите на форумов) на наједноставни ботски одговори, кое вино ти е најубаво ? Дисан Бовин и готово толку од муабетот, нема потреба да навлекуваме подлабоко и да научиме нешто повеќе околу виното и начините на негова конзумација.

Да, доста популарен е мускатот, посебно на балканот. Темјаниката веќе со години има цена од 30+ денари за килограм, мада оваа година не знам :D
Ако имаат потреба ќе си платат пак толку винариите, не е сорта која ја има во изобилство како вранецот и смедеревката
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.160
Поени од реакции
25.854
Добро бе што му запна толку
Грешка се изрази членот наместо неможеш може требаше да пише не е препорачливо барем ако сакаш да го извадиш максимумот од виното и храната со него. Е сега ако си батка што јаде смоки со црвено вино, или меша ризлинг донесен од Германија на подарок со кисела вода тогаш за тебе дечко нема граници :LOL:
Прочитај како почна. Значи на аматерска тема од кога пишав мислење и потенцирав дека е аматерско зема да ми објаснува дека со виното (за разлика од други работи) не одело тоа така. Од кога му објаснив дека се е од перспектива и нема разлика вино, кафе, мода или било што продолжува со тоа дека со виното не било исто. Класична искомплакесираност изразена преку полето во кое си стручен, во случајов вино. Имаше уште еден таков сличен куртон тука сам кај него беше неговата кариера во прашање. И не се само они, многу ги знам за други полиња, кариерата или хобито во кое се насочени им се поле за лечење комплекси.
 
A

Avenger99

Гостин
Иначе темјаниката во последните години е доста популарна во Македонија само поради мускатниот мирис.
Темјаниката има една сортна карактеристика, кога се голта голтката со вино, на крајот на јазикот се осеќа мала горчина.
Поради оваа причина кај нас скоро сите темјаники се полусуви или полуслатки, бидејќи не сме навикнати на таков вкус.

Со тебе ќе лечам коплекси :pos:
Со човек што пробал Дисан вино и изнапиша еден куп небулози. Не си давај на значење, поарно ти е да си ја напуштиш темава со време, него да се бламираш и понатаму.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.475
Поени од реакции
4.632
Што мислиш, кој е најголемиот цивилизациски бенефит кој ќе го добие човештвото ако се дигне винската култура на максимално ниво? Што е најстрашното што може да се деси ако во кафана ја порачам погрешната сорта бело вино, ја напунам чашата повеќе од половина и порачам шопска со виното и свинско?

Не чиниш дека тоа е лична преференца, кој во што сака да се насочи? Сигурен сум дека ти не си и литературно писмен, и филмски писмен, и писмен за социологија/историја/биологија/хемија/филозофија/нумизматика/математика итн.

Има сфери кои те интересираат и такви за кои не ти е гајле. Тие што тебе те интересираат мислиш дека се битни за општа култура бидејќи тебе те интересираат. Имав еден другар на фармација што ми кажуваше дека срамота е некој да не знае да разликува бензоев прстен од друго циклично соединение (нешто што се учи во основно). Он би те осудил тебе како што ти ги судиш „непознавачите" на винската култура.
Исто и за било која храна или пијалок може да има експерти, не гледам како виното е нешто над сите...

Има и разлика од риба до риба, од чоколадо од кам и чоколадо од врвна класа. Исто е и за пивата, и за кашкавалите, и за било која друга храна или пијалок.

Тоа што некој се разбира у некоја област, не треба другите да ги деградира, кои патем повеќе се разбираат во нешто друго за разлика од винскиот експерт.

Поентата е кое е СПОРЕД ВАС најубавото македонско вино, вака, лаички, без детална анализа и експертиза.

Па според ова прашање, мене ниту едно :D
 
A

Avenger99

Гостин
Е ај ако не да ја сведеме темава (па и другите на форумов) на наједноставни ботски одговори, кое вино ти е најубаво ? Дисан Бовин и готово толку од муабетот, нема потреба да навлекуваме подлабоко и да научиме нешто повеќе околу виното и начините на негова конзумација.

Ако имаат потреба ќе си платат пак толку винариите, не е сорта која ја има во изобилство како вранецот и смедеревката
Така си е, ама годинава има вишок на грозје, така да и темјаниката ја има во поголема количина, плус се засадија доста во Тиквешијата.
Една од ретките бели сорти покрај Шардоне шо успева добро во Тиквешијата. Само доколку се обере касно, односно, ако не се обере кога вкупните киселини се око 7, за само 2-3 дена паѓаат на 3-4 и после се добива млитав и рамен вкус.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Е ај ако не да ја сведеме темава (па и другите на форумов) на наједноставни ботски одговори, кое вино ти е најубаво ? Дисан Бовин и готово толку од муабетот, нема потреба да навлекуваме подлабоко и да научиме нешто повеќе околу виното и начините на негова конзумација.
Ондак терајте си вие овде муабет, мие шо појма немаме ќе пиеме бунари Смедеревка пред кооперација и ќе ќутиме.
Толкав ни е акалот зашо.
 
M

Macedon1um

Гостин
Така си е, ама годинава има вишок на грозје, така да и темјаниката ја има во поголема количина, плус се засадија доста во Тиквешијата.
Една од ретките бели сорти покрај Шардоне шо успева добро во Тиквешијата. Само доколку се обере касно, односно, ако не се обере кога вкупните киселини се око 7, за само 2-3 дена паѓаат на 3-4 и после се добива млитав и рамен вкус.
Баш ќе видиме ајде, според мене сепак ја нема во огромни количини а има интерес кај винариите така да ќе си прават конкуренција за кој да ја собере. Туку друго ми е поентава што е со другиве сорти како мерло ? Имам комшија со поголема површина (неколку хектари) и вика дека само 18 денари му ја платиле лани Тиквеш :eek: Нема логика, која е математиката што ги тера да продолжуваат да работат вакви ниско приносни сорти за такви цени стварно незнам..

Ондак терајте си вие овде муабет, мие шо појма немаме ќе пиеме бунари Смедеревка пред кооперација и ќе ќутиме.
Толкав ни е акалот зашо.
Пишувај бе слободно кој може да ти забрани, само не се навредувајте кога некој ќе ви каже дека немате појма. Тоа е како јас сега да отидам во темава Трансхуманизам во фип и да мудрувам а стварно немам појма, и да се навредам кога некој без влакна на јазик ќе ми го каже тоа.
 
A

Avenger99

Гостин
Баш ќе видиме ајде, според мене сепак ја нема во огромни количини а има интерес кај винариите така да ќе си прават конкуренција за кој да ја собере. Туку друго ми е поентава што е со другиве сорти како мерло ? Имам комшија со поголема површина (неколку хектари) и вика дека само 18 денари му ја платиле лани Тиквеш :eek: Нема логика, која е математиката што ги тера да продолжуваат да работат вакви ниско приносни сорти за такви цени стварно незнам..
Ја нема, меѓутоа за нејзе се заинтереирани само неколку винарии во Македонија, останатите слабо, а тие неколку веќе имаат солидна залиха поради корона ситуацијата.
И тек кај нас ќе се уништуваат тие сорти, за жал. Вчера имаше состанок во Холидеј Ин, и договорено е државата да субвенционири 4 денари за Вранец и Смедервка и само 2 денари за останатите високо квалитетни сорти.
Секоја година се помалце и помалце ги има тие сорти, наместо да се субвенционира да се садат и одржаваат тие сорти, кај нас обратно, се субвенционира смедеревката, која никој ја нејќе и се прави вештачка цена за неа, и нормално никој нејќе да ја прекалеми или да сади мерло на пример.
 
Money talks

Ретки се лудите како комшијава што вади 10тина тона мерло за 18 денари, кога може 30тина тона смедеревка за 13 денари. Математиката кажува дупло приходи кај вторава, кога ќе се качат цените кај високвалитетниве како што е сега темјаниката може да правиме муабет за промена на сортимент до тогаш тешко
 
A

Avenger99

Гостин
Money talks

Ретки се лудите како комшијава што вади 10тина тона мерло за 18 денари, кога може 30+ тона смедеревка за 13 денари. Математиката кажува дупло приходи кај вторава, кога ќе се качат цените кај високвалитетниве како што е сега темјаниката може да правиме муабет за промена на сортимент до тогаш тешко
30 може не, али 25 може комотно да ги вади :D И после имаат проблем со пласманот на смедеревката.
Кај нас секоја година има род од 150 до 180 милиони килограми винско грозје( зависно од годината). Од нив околи 45 милиони се Вранец и околу 40 милиони килограми Смедеревка. Освен Тиквеш, што зема посериозна количина на Смедеревка и во последно време Џумајлија, останатите винарии не се заинтересирани за неа.
И наместо да се стремиме кон поскоро намалување на сортиментот на Смедеревка и нејзино прекалемување во Вранец( за него на пример секогаш би имало пазар), државата дава субвенции за одржавање, одгледување и засадување на нови лозови насади од Смедеревка. Али тоа се дешава во држави ко нашата, без долгорочна стратегија за винарство иако винаството во Македонија, заедно со тутунот е стратешки производ во земјоделието.
Само да не се деси уште еднаш ко во 2016 година, кога по нивите низ Македонија, останаа и преку 20 милиони килограми смедеревка необрана.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.436
Поени од реакции
84.801
Иначе темјаниката во последните години е доста популарна во Македонија само поради мускатниот мирис.
Темјаниката има една сортна карактеристика, кога се голта голтката со вино, на крајот на јазикот се осеќа мала горчина.
Поради оваа причина кај нас скоро сите темјаники се полусуви или полуслатки, бидејќи не сме навикнати на таков вкус.
Teмјаника, Мускат и розеа. Не пијам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom