Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140
И мене ми е чудна приказната со Тиаго. Апсолутно е невозможно за Ливерпул да бидат проблем 30 или 40 милиони, посебно кога скоро ништо не потросија овај преоден рок, а исто ми е многу чудно Клоп да мисли дека Тиаго не му е потребен. Сигурен сум дека има нешто што јавноста не го знае.
Фабињо,Вилналдум,Кеита,Хендерсон,Окслед-Чемврленд,Милнер и Ѓурич ако остане валда смета дека му се доволни.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
@Донев @Vladimir1984 поентата ми е дека оавен во ситуацијата со Вирџил и Али кога се работело за појачување со конкретен играч, во секоја друга ситуација се работело на појачување на позиција со поголем избор па да се избере (добие) еден.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.979
Поени од реакции
19.332
Леле стварно Фирпо еден кош пари го платија а тој кутриот најголемо достигнување во кариерата му е уствари двата гола против нив шо ги даде на Ноу Камп во Бетис дури играше :ROFLMAO:
Какви слики на инста држеше батето пред да оди во Барса ама штета ги има избришано, не можам да ги најдам :)
Автоматски споено мислење:

Мурињо бил заинтересиран да го земи Коста, на раце треба од Атлетико да го однесат до Лондон ако има вистина во шпекулациите.
Во Коста поќе фудбал нема, не знам со кој памет Мурињо сака да го свлечка назад.
Исто така низ Шпанија вртат муабети за трампа Витоло со Лаказет, Лаказет ми е енигма, во Арсенал мислам дека никогаш не го видовме стариот Лаказет од Лион.
Атлетико ќе добие играч во нападот кој знае гол да дај, во случај да се деси трансферот Атлетико добива повеќе, Витоло не постои веќе две години.
 
Последно уредено:
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.635
Поени од реакции
8.211

Лаказет во Шпанија може да биде огин уште 2-3 години. Е сега друг е моментот колку со Атлетико ќе го прави тоа, ќе има малку топки во нозе и ако не појде дружбата од почеток, после тешко!
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
Исто така низ Шпанија вртат муабети за трампа Витоло со Лаказет, Лаказет ми е енигма, во Арсенал мислам дека никогаш не го видовме стариот Лаказет од Лион.
Атлетико ќе добие играч во нападот кој знае гол да дај, во случај да се деси трансферот Атлетико добива повеќе, Витоло не постои веќе две години.
Па тешко е за играч да биде у центар на внимание кога Арсенал го има Обамејанг, огин е дечкото, гори секоја сезона и така Лаказет паѓа у негова сенка, не дека е неквалитетен играч.

Не е пологично Арсенал да ви го побара Лемар? Знам дека им го украдовте а кај вас апсолутно нишо не покажа, тешко да им го протнете Витоло.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.979
Поени од реакции
19.332
Па тешко е за играч да биде у центар на внимание кога Арсенал го има Обамејанг, огин е дечкото, гори секоја сезона и така Лаказет паѓа у негова сенка, не дека е неквалитетен играч.

Не е пологично Арсенал да ви го побара Лемар? Знам дека им го украдовте а кај вас апсолутно нишо не покажа, тешко да им го протнете Витоло.
Да е до мене и двата во пакет ќе му ги пуштам гратис :D само да не ги гледам повеќе во клубот, Лемар испадна најголема превара од играч.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
Да е до мене и двата во пакет ќе му ги пуштам гратис :D само да не ги гледам повеќе во клубот, Лемар испадна најголема превара од играч.
Ќе видиме, може до Атлетико е, 24 години има, премногу простор пред него за да се докаже.
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.871
Поени од реакции
7.106
Велкам Томас ?

Симеоне братот сака да го задржи Парти, притоа да му го пратеме Лаказет за некој отпаден играч од Атлети, океј, сите имаме нереални желби :tvg:
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Да е до мене и двата во пакет ќе му ги пуштам гратис :D само да не ги гледам повеќе во клубот, Лемар испадна најголема превара од играч.
Нека фала, нека си остане кај вас, поарно Ивоби да си го вратиме него ли таа мизерија да ни ја давате.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.979
Поени од реакции
19.332
Велкам Томас ?

Симеоне братот сака да го задржи Парти, притоа да му го пратеме Лаказет за некој отпаден играч од Атлети, океј, сите имаме нереални желби :tvg:
Последниве денови се изначитав дека Атлетико нема пари за Марк Рока, замисли 15 милиони се во прашање, немале пари :)
Не ме чуди клубот го водат тешки арамишта.
Ако го продадат Томас и во договорот го вметнат Лаказет, а на местото на Томас го донесат Рока тогаш и не би била лоша зделка за Атлетико, ќе добијат солидна замена за Томас за ефтини пари и други добиваат уграч во нападот, ни фали напаѓач, за лек немаме, иако јас лично не сакам по никоја цена да напушти црното, страва играч е, не знам во Англија како ќе се снајди ама во Атлетико искина последните две години, сегде го имаше на теренот, мотор во тимот.
 
Како бе Атлетико нема напад,не сум ги гледал многу ама што се деси со детето Феликс?
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.979
Поени од реакции
19.332
Како бе Атлетико нема напад,не сум ги гледал многу ама што се деси со детето Феликс?
Ланска сезона не се покажа кој знае што ама и прва сезона му беше, премногу е млад, ко за малер и два месеци отсуствуваше поради повреди.
Плус Симеоне тера некои филозофии не го користи талентот него како шо треба. Во ЛШ против Лајпциг го остави на клупа, откако влезе сите акции преку него одеа, одма разлика се осети.
Ама не можат да се ослонат само на него, мора шпиц еден да се пазари, Мората и Коста за ништо не ги бива, посебно Коста мртов е овој другиот барем трча се труди, отвора простор, ствара шанси Коста е лево сметало,како со играч помалце да играат.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.162
Поени од реакции
46.281
Како бе Атлетико нема напад,не сум ги гледал многу ама што се деси со детето Феликс?
Лече има повеќе голови дадено минатата сезона од атлетико мадрид, и тоа е све што треба да знаеш за атлетико и нивниот напад.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.979
Поени од реакции
19.332
Лече има повеќе голови дадено минатата сезона од атлетико мадрид, и тоа е све што треба да знаеш за атлетико и нивниот напад.
Проблемот е шо и Меси да дојди оваа сезона Лече ќе има повеќе голови од Атлетико :)
Проблем плус е шо напаѓачите ни се алипни :D
Значи и кога играле отворен фудбал и се стварале шанси за напаѓачите не реализирале, Мората 10 пати да излези сам пред гол 8 пати ќе се сплетка.
Кореа е најефикасен напаѓач од овие што повеќе да се кажи.
Автоматски споено мислење:

Овие па Челзи отекоја на социјалните мрежи за Тиаго Силва небаре 2012 година сме и го купиле најдобриот дефанзивец.
Колку го изрекламираа чиниш за Меси станува збор :D
Океј е Тиаго и ќе им се најде колку толку ќе ја консолидира одбраната затоа што за сите дефанзивци Тиаго е Тиаго ама во прајмот кога беше, и за разлика од повеќето навивачи јас мислам дека првотимец ќе биди.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom