Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Меси делува на разгалено детиште, му го избркале другарчето и сега драми ќе правиме. Ми делува на човек на кого ако не е по негово одма почнува со плачки. Мора тимот и тренерот според него, мора другарчињата да му се на број. Ако некој не му се допаѓа знаеме како завршува, хинт Гризман.

Што мисли дека ќе отиде во Сити и дека сите ќе му се клањаат? Ќе се здружи со Агуеро, Отаменди и Родри заради шпанскиот, а другите нема да го рецнат. Посебно Волкер и Стерлинг, со кого на крај нема ни да си подаваат како што беше случајот со Гризман.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Може некој да објасни како би изгледал евентуален трансфер на Меси? Колку што знам има некоја астрономска клаузула и ако не се лажам уште една година од договорот, плус зема огромна плата.

Клаузулата е јасно дека никој нема да ја плати, како би одел трансферот? Ме мрзи да читам наназад ако некој има објаснувано.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.810
Поени од реакции
17.379
Меси делува на разгалено детиште, му го избркале другарчето и сега драми ќе правиме. Ми делува на човек на кого ако не е по негово одма почнува со плачки. Мора тимот и тренерот според него, мора другарчињата да му се на број. Ако некој не му се допаѓа знаеме како завршува, хинт Гризман.

Што мисли дека ќе отиде во Сити и дека сите ќе му се клањаат? Ќе се здружи со Агуеро, Отаменди и Родри заради шпанскиот, а другите нема да го рецнат. Посебно Волкер и Стерлинг, со кого на крај нема ни да си подаваат како што беше случајот со Гризман.
Па не само тоа и отворено е против Бартомеу. Али секако дека една од причините е и другарчето. :)
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.100
Поени од реакции
25.147
Може некој да објасни како би изгледал евентуален трансфер на Меси? Колку што знам има некоја астрономска клаузула и ако не се лажам уште една година од договорот, плус зема огромна плата.

Клаузулата е јасно дека никој нема да ја плати, како би одел трансферот? Ме мрзи да читам наназад ако некој има објаснувано.
Никој појма нема, се се базира на шпекулации.
Некој вика дека имал клаузула во договорот која важела до крајот на јуни дека може да го раскине договорот без оштета.
Барса настојуваат дека рокот за таа клаузула е поминат, додека Меси е убеден дека рокот може да се продолжи до август поради ситуацијата со ковидот.
Од друга страна, никој точно не знае дали таа клаузула важи само за тимови надвор од Европа или за сите тимови.
Не дека ова е нешто пречка, ќе го купи некоја тим филијала на Сити, па од таму ќе направат трансфер во Сити, нормално доколку ова е возможно.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Screenshot from 2020-08-26 10-38-52.png

Ако ова е цената Меси да им остане, заслужуваат да го стават доживотен претседател на Барселона. Тренер и така е веќе, ќе биде првиот играч, тренер и претседател во историјата.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Прашајте го Филе да не се отследиле на Инстаграм тие Анто и Софи, ако се отследиле ништо.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.782
Поени од реакции
39.887
Леле што е ова, шпанска сапуница? Лео, Луис, Анто и Софи најдобрите другарки. Што му е на овој Филе? Како некоја селска трачарка. Уште па со муабетот "што жена ќе науми и направи 100 мажи не можат ни да замислат дека ќе им се случи". :sick:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.969
Поени од реакции
45.252
Moja pretpostavka e u siti deka ke odi, poradi pep, najsigurna opcija mu e ova u ovoj del od karierata, negov sistem, negov trener, preku nokj ke se adaptira na celiot sistem, jedino problem u cela ovaa rabota gledam so FFP so koe arapive buvkalno mu se izmocaa na istoto i dokazaa nesto sto veke site i go znaevme ( plus na ova gi dodavame i footballleaks ) deka do gusha se korumpirani vo fudbalskite svetski organizacii i ic kur ne gi boli za istoto, a pritoa trpat i golemi i mali klubovi.

Ova e mozda dobro za PL, predobro za Siti, dokolku se desi sigurno, no u nikoj slucaj dobro za site ostanati klubovi vo taa liga bidejki evidentno ima nekoj koj pravi mokjna ekipa pritoa zaobikoluvajki gi site regulativi za istoto. Vsusnost poslednata presuda koja prakticno bese uvazuvanje na zalbata na siti toa i go potvrdi, samo sto mnogu kasno im teknalo na uefa da gi teretat za nezakonsko rabotenje ( sekako deka i ova bese slucajno ), pa zatoa i bese recnata prvicnata presuda. Ova e veke ebenje u zdrav mozok, bukvalno za site klubovi imaa monitoring i navremeni sankcii, samo za siti nemaa, a vsusnost golemata slika e deka sve ova svesno bese napraveno, da pokaze kao demek uefa nema pardon i za niv, ali ete ne e do niv, ima i povisoki sudovi vrz koi nemaat kontrola, i mene do den denesen mi e cudno zasto angliskive klubovi se ponasaat ko nisto da ne bilo.

Liga so nenormalna tradicija, klubovi isto, so nenormalna tradicija, i dojdoa arapive mater im ebaa, doaganje na mesi vo siti znaci i ostanuvanje na gvardiola tamu barem 2 do 3 godini plus, sto pod difolt znaci deka tesko deka nekoj bi gi soprel siti ( osven liverpul ) naredniot period, bidejki mesi znaci i naglo shirenje na brendot, mnogu poveke pari, a i magnet za drugi jaki igraci.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.952
Меси делува на разгалено детиште, му го избркале другарчето и сега драми ќе правиме. Ми делува на човек на кого ако не е по негово одма почнува со плачки. Мора тимот и тренерот според него, мора другарчињата да му се на број. Ако некој не му се допаѓа знаеме како завршува, хинт Гризман.

Што мисли дека ќе отиде во Сити и дека сите ќе му се клањаат? Ќе се здружи со Агуеро, Отаменди и Родри заради шпанскиот, а другите нема да го рецнат. Посебно Волкер и Стерлинг, со кого на крај нема ни да си подаваат како што беше случајот со Гризман.
Најдобар играч во историјата, карактер нула, лидерство нула, капитен нула.
Како бе можиш да наброиш повеќе позитивни од негативни работи ?
Размисли малку, си заминува играчот кој ви има донесено еден куп трофеи,лично тој има решавано натпревари со еден потег, да не беше Меси ќе завршевте надвор од топ 4 оваа сезона, на грб го носи цел тим во Ла Лига.
Најдобриот играч на сите времиња ди заминува ГРАТИС, значи ни едно евро нема да заработи Барселона со негово заминување, а богами им требаат и те како евричи за пазарење.
Единствено нешто позитивно е што ќе се ослободи клубот од високите плати на Суарез и Меси и ќе го растурат тој клан.
Позитивна атмосфера не верувам дека ќе има во клубот, вие како навивачи треба да знаете кој е Меси за Барса, гарант играчите се шокирани од ваквата одлука на Меси, и уште од сега владее лоша атмосфера таму.
Кога ќе бидне заминувањето, ако бидне, ќе пишам еден реферат зошто мислам дека ова е добра ситуација за Барса. :D
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Според Балаг и негови дојави Интер е најсериозен кандидат, пред се поради ситуацијата со даноците во Италија. Сити и ПСЖ не биле заинтересирани.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom