Хамес и Бејл не играат. Вини и Родриго играат и тоа успешно. Не реков дека сите ќе успеат али се има опции, многу повеќе отколку Барселона што има да речеме. Не знам за тоа кој ќе успее или ќе биде продадаен али да имаш предност за имиња ко Халанд, Мбапе итн не е мала работа.
Добро, како играат бразилскиве жонглери успешно?
Ај да бидеме сега малку реални и критички настроени.
Прво, успешноста на Реал сезонава најмногу се заснова на аргументот дека освоивме Лига. Освоивме Лига да, ама ја освоивме во сезоната кога Атлетико и Барса се тешка катастрофа, заедно уз останатите екипи во лигата. Реал оваа сезона ја освои лигата воглавно ради таа причина, мизерна конкуренција и ради 5-6 играчи кои изиграа на ниво цела сезона (зборам за играчи кои изиграле бар 2/3 од утакмиците). Куртоа, Рамос, Крос, Касемиро и Бензема беа главните причини зошто Реал освои лига сезонава од играчки аспект.
Остатокот од тимот беше или со повремени блесоци или тежок флоп.
Еден од нив, дечкото што има трофеи повеќе од години, не кошташе директно отпаѓање од Сити со двете аматерски грешки кога првпат требаше да излезе од сенката на Рамос, да не заборавиме.
Точно е дека Реал има одлични млади играчи кои можат да прераснат у носители на играта и во еден Реал Мадрид, ама па Реал некако последниве сезони се оттарасува од тие со поголем талент, за да доведе сумливи играчи од Бразил. Родриго, Винчини и Реинер? Па веќе сум и убеден дека едвај еден од овие ќе има добра кариера, а другите двајца ќе бидат максимум Робињо.
Од играчите што се моментално во тимот (од овие младиве), единствено Менди и Валверде се продукти на кои можеш да се потпреш и да ги сметаш како играчи кои цела сезона би ја изгурале на ниво.
Реал водеше феноменална трансфер политика од 2011 до кај 2016-17, ама последните сезони не баш.
Замена за Роналдо, не доведовме. Уствари доведовме де, еден играч од Белгија, ама не му се посреќи со повредите. Не дека и да не беше повреден ќе имаше позначаен учинок од ова...
Го пуштија прелесно Ковачиќ, играч кој веше беше уигран во системот и тимот, за да остане Модриќ, кој веќе класата не може да си ја покаже на секој меч ради годините.
Тоа е уствари најголемата грешка на Реал, што не се ослободи навреме од играчите кои го пумпаат буџетот а не вредат толку. Хамес, Бејл па и Модриќ јбг, колку и да е омилен на сите.
Како тргнало, ни сезонава нема да се оттарасиме од таквите играчи, туку ќе се продаде Иско ни крив ни дужен, а Хамес ќе фаќа место кое би му припаднало на Одегард.
И вториот дел од твојот претходен пост:
Прво (пак за Реал), треба да се помириме дека Реал не е супермагнет за суперѕвезди како до пред неколку години. Колку и да се пластични, Сити и ПСЖ им наштетија многу на Реал и Барса во тоа магнетизирање на играчите. За Мбапе да дојде во Реал сега, ќе ти треба екстра финансиска понуда која пример до пред некоја година не би ти требала, затоа што тогаш без размислување би го одбрал Реал. Истото важи и за Халанд, Санчо итн...
Тоа не значи деке Реал треба да се откаже од обид за доведување на такви играчи, напротив, но сега ќе биде многу потешко да се направи тоа, затоа што Перез е веќе застарен у тие игри.
И за да не испадне ова сеа пост само за Реал у ваква тема, пак ќе пишам за Барса.
Не се секирајте за нив. Ќе си направат сега ремонт и ќе си освојуваат пак Ла Лига, доколку Реал остане со истава индиферентонст ко да сме освоиле убедливо триплете. Само што подобро ќе им биде да расчистат у исто време со повеќе играчи. нешто што Реал пропушти да го направи кога го даде Роналдо а остави други да се шлепаат.