Сините се насочуваат кон Спалети
Англиските медиуми откриваат дека екипата на Челзи своето внимание ќе го насочи кон тренерот на Рома, Лучијано Спалети откако Марк Хјуз и Карло Анчелоти отпаднаа од трката.Хјуз наскоро треба да биде презентиран за нов тренер на Сити а Анчелоти самиот се повлече од трката велејки дека не е заинтересиран за преселба на Островото.
Потпретседателот на Милан, Адриано Галиани откри дека Сините се заинтересирани за Анчелоти и уште еден Италијански стручњак но не сакаше да спомнува имиња.
Се претпоставуваше дека Роберто Манчини или пак Марчело Липи е “неименуваниот“ италијаснки стручњак, но англиските медиуми обајвија дека сепак Лучиани Спалети е човекот кој Абрамович го посакува.
Спалети ја доби наградата за Најдобар тренер во Серија А за 2006 и беше првиот тренер кои му нанесе пораз на Реал Мадрид во двата натпревари од Лигата на Шампионите.
Сините од Лондон доколку навистина го посакуваат нема да имаат проблем при договарањето на оштетата со Рома, бидејќи Римскаа Волчица се мачи со финансиите поради долговите на Italpetroli, компанијата која го поседува клубот.
Од денеска почнувам да пишувам КИРИЛИЦА!!!
Ако е ова вистина јас би бил прилично радосен,многу ми се допаѓа стилот кој го негува Лучијано Спалети.Рома две години по ред ја доведе да се бори за Сериа а,и имаше добри настапи во ЛШ!!!