Здраво дечки нов сум на темата, поздрав до сите
Ја започнав процедурата за бугарски пасош САМ преку бугарскиот конзулат во Битола во 2016 година Октомври месец, преку прадедо роден пред 1918 година, па потекло од Прилеп од кај Пајче (починат е бог да го прости).
Март 2017 месец направив интервју и се беше супер, заминав за Германија со виза, во тие 5-6 месеци постојано ме барале телефонски (иако незнам зошто не и преку емаил, бидејќи оставаме и емаил), затоа што користев германски број, нормално не добија одговор на повиците, а повиците беа поради задолжителна промена на последнио лист од декларацијата. Случајно еден од родители пратив да види до каде е процедурата, им кажаа дека за жал најверојатно ќе треба на ново да се прави интервјуто, затоа што 6 месеци изминале и интервјуто станува неважечко. Веднаш се вратив да видам што можам да направам, ме закажаа за интервју Април 2018 година, среќа во целата несреќа е што беа љубезни па направија напори да ми ги вратат парите од уплатата за поништеното интервју.
Август 2019 ми се смена во:
По преписката Ви предстои да б'де изв'ршен финален експертен преглед преди да б'де разгледана от С'вета по гражданство.
Околу 15 Јануари оваа година 2020 ми се смена во -
Молбата ви е разгледана от С'вета по гражданство с положително становиште. Предстои издаването на указ на Вицепрезидента на Република Б'лгарија.
Она што сакам да прашам е, дали некој од прилика знае за колку време би излегол и уште колку од прилика има до моментот кога би го зел пасошот во рака и се тоа да е по брза постапка еве пример.