Македонска берза

Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380
За квалитетот може да знае едино кој е инсајдер од банката или некој од НБРМ. За мене беше шокантно што Еуростандард лани направила минус веројатно поголем од висината на капиталот, такашто буквално за една година може да исчури целата адекватност што ја има една банка и да отиде у стечај :shok2:

Тие 50+% кредити кај Крмзов не се појавиле одеднаш, имајќи предвид дека изложеноста може да биде максимум 20%. Некој од НБРМ дефинитивно долго време трпал работи под тепих за да дојде до ваква состојба, а особено што ревидираниот не излегол до стечајот и самиот Трифун рече дека инсајдери сомнително ваделе пари пред објавата.
Абе Трифун кажа дека и Претседателот на УО што му бил 10 години, наводно го насамарил, иако тој за неговата работа одговара пред НО, каде членови се Трифун и синот. Исто така, неколку дена подоцна истиот тој директор напиша дека за тие дадени кредити со високи износи тој немал овластување да ги потпиши и дека тие кредити се потпишани од НО.

Па уште сега, по свадба тапани, по 1,5 - 2 години овој од кога заминал ќе го тужел.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886

Не спорам дека он и полуретардираниот син се највиновни за пропаста, ама сепак е прилично конкретно кога обвинува дека од Народна банка ваделе пари пред стечајот пошо тоа не е толку подложно на толкување - или ваделе или не.
 
Јас па ќе кажам дека нема човек од финансиска индустрија (банки, фондови, осигурителни компании, НБРМ, и други регулаторни тела ... чистачки во банки и слично) што не знаеше дека во Еуростандард има проблеми уште година дена пред тоа. Е сега реално се знаеше дека имаат проблеми со капитал, ама не се знаеше колку е тоа лошо. (но доволно време ако немаш екстремна толеранција кон ризик да ги повлечиш средствата од таму). - сакам да кажам дека не мора да си Министер за финансии за да го знаеш тоа, и обвинувањата за инсајдерство кон Нина се чисти глупости.

Е сега глупоста кај Нина за која ја чинеше и министерско место е што за релативно малку повисока каматна стапка ставила депозит во Еуростандард. А мене ми е смешно што левичарите на Димче што ги обвинуваат капиталистите, станале алчни и ги штеделе партиските пари во Банка на олигарх, која дава само малку повисока камата во однос на другите, а таа малку повисока камата си носи со себе и соодветен ризик.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Да има нормално обвинителство у државата, за месец дена ќе испоапси барем десет инсајдери од Народна банка. Само треба да се анализираат трансакциите кој купувал кога доаѓало до раст на банковни акции пред објавување на добри резултати и дивиденди. Притоа, овие луѓе направиле профити во износ од милиони евра, па би паднала и добра конфискација на имот.
Нормално обвинителство би почнало од гувернерката. Пошто тајмингот на објавата е очигледно одложуван да биде после избори. Да беше пред избори ова ќе беше едно 2-30К гласови помалку. Еве објаснување зошто се чекало толку за да банката биде дибидус и да не остане ништо за обештетување.

Инаку НБРМ независна била :rolleyes:
 
Член од
15 мај 2018
Мислења
29
Поени од реакции
48
Какво инсајдерство, какви црни камења...
Грим напиша дека УНИ имала најнизок коефициент на адекватност од сите банки. И толку. (Податок искажан во негативна конотација кој не укажава на ништо пошо не кажува колкав е, нити со што се споредува).
Јас реплицирав дека си има два варијабли во таа пресметка алудирајќи дека ако се зголеми кредитирањето, ќе се намали коефициентот на адекватност на капитал. (што релативно е позитивно). И да, тој се објавува и со датум 30.06.2020 изнесува 15.86% што е скоро дупло поголем од дозволениот 8%. (Е веќе тоа е информација што е може да ти помогне при носењето на одлука за инвестирање). И тие коефициенти ги гледам на веб страните на банките... За квалитетот на кредитирањето кој може да ти каже... и да работиш во некоја од банките нема да знаеш за квалитетот на кредитирањето кај другите банки.
Друже јас се фатив за твојот коментар: "Кој има желба, ќе прочита и ќе научи како се пресметува коефициентот на адеквадност (кои варијабли влегуваат во равенката)."
На крај испадна дека сите чекаме некој друг да ни го пресмета :) не те обвинив за инсајдерство туку потенцирав само инсајдери можат пред сите да ги знаат тие податоци и како и кога се менуваат, за уни на пример најбитна ставка за нас на форумов е колку и бара нбрм минимум адекватност за да можат да исплаќаат дивиденда, не? Го знае ли некој тој податок? Јавно достапен ли е?
8% минимумот е за во книги или пред кључ на врата, ама за уни како што и самиот потенцираше е ставена во групата системски битни банки и следствено други правила за адекватност имаат кај уни, односно пропишан им е неопходен потребен капитал над нормалното и затоа избација таква обврзница како што избација. Притоа према пресметките на нивниот сајт за адекватноста кај битни параметри како промена на цени е ставен процент 0% - што значи прашањето е како ќе се валоризира адекватноста при јаки шокови? Ние незнаеме, тек последни ќе дознаеме ако се смилуваат да не удоволат со инфо на нивниот сајт :)
 
Лани им го поставив тоа прашање на Собрание на акционери и колку што се сеќавам ми рекоа дека 13.5% е адекватноста на капитал што НБРМ го бара од нив. На последното собрание се гласаше писмено, па немав можност да дознам дали нешто се променило во тој дел.

Мора да се напомене дека овие % износи на адекватност на капитал кај нас се концервативни и се повисоки во однос на европските банки.
 
Јас имам слушнато дека им бараат 16-17% за да можат да исплаќаат дивиденда, ама рекла казала, нема никаде официјално и јавно, еве ако е точно тебе што ти одговориле значи догодина би можело и дивиденда да се очекува пошто сега се над 15%?
 
Ќе мора да те разочарам и тебе, но ова стои во нивниот годишен извештај, во делот план за 2020 година:

Во услови на зголемување на капиталните позиции на банката преку реинвестирање на добивката како и планиран пораст на активата пондерирана според ризиците, се очекува стапката на адекватност на капитал на крајот од 2020 година да изнесува 14.78%.
 
Член од
2 мај 2020
Мислења
106
Поени од реакции
164

Доколку е точно дека НБРМ бара од УНИ адекватноста на капиталот да изнесува 13,5%, а се очекува адекватноста на капиталот на крајот од 2020 година да изнесува 14.78%, тогаш морам да го израдувам @TENDO дека доколку банката оствари солидна добивка во 2020 година, постои можност во 2021 година да се исплати пристојна дивиденда. Разбира се, доколку постои желба и спремност мнозинството акционери да гласаат за таква една предлог одлука.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.152
Поени од реакции
8.946
Јас мислам дека УНИ нема да дели дивиденда наредните 3 години.

Можеби некој има постирано, еве ги официјалните стапки на адекватност https://bankarstvo.mk/официјални-податоци-колкаво-е-нивото/
Доколку е точно дека НБРМ бара од УНИ адекватноста на капиталот да изнесува 13,5%, а се очекува адекватноста на капиталот на крајот од 2020 година да изнесува 14.78%, тогаш морам да го израдувам @TENDO дека доколку банката оствари солидна добивка во 2020 година, постои можност во 2021 година да се исплати пристојна дивиденда. Разбира се, доколку постои желба и спремност мнозинството акционери да гласаат за таква една предлог одлука.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541

адекватност на капталот не постои во РМ веке подолго. Не вервувајте мн по извештаии ревидирани неревидирани.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Нормално обвинителство би почнало од гувернерката. Пошто тајмингот на објавата е очигледно одложуван да биде после избори. Да беше пред избори ова ќе беше едно 2-30К гласови помалку. Еве објаснување зошто се чекало толку за да банката биде дибидус и да не остане ништо за обештетување.

Инаку НБРМ независна била :rolleyes:
Колку што банките се најдобриот дел од македонската економија, толку државните и парадржавните финансиски „институции“ како Берза, Регистар, Депозитар, НБРМ, пензиски и инвестициски фондови, КХВ и сл. се брука! Само треба да се погледне рудиментарниот развој на берзата, дивеењето на газдите, катастрофалните приноси, инсајдерското тргување, неказнивоста за противзаконско постапување, роднинско-партиското паразитирање... и ќе се види дека канцерот навлегол целосно во системот и само тотално чистење одозгора надолу и отпуштање на половина од паразитите е решението!

Дури мислам и дека со тоа одолговлекување по избори навистина му направиле штета на Трифун пошто му сместиле две докапитализации од 15,5 миљони евра наместо порано да ѝ ја одземат лиценцата на банката. Се надевам дека нема да испадне пи.да и ќе тужи све по ред за отштета пошо колку што го исцедил директорот, уште толку го искористиле од „институциите“.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
343
Поени од реакции
333
Друже јас се фатив за твојот коментар: "Кој има желба, ќе прочита и ќе научи како се пресметува коефициентот на адеквадност (кои варијабли влегуваат во равенката)."
На крај испадна дека сите чекаме некој друг да ни го пресмета :) не те обвинив за инсајдерство туку потенцирав само инсајдери можат пред сите да ги знаат тие податоци и како и кога се менуваат, за уни на пример најбитна ставка за нас на форумов е колку и бара нбрм минимум адекватност за да можат да исплаќаат дивиденда, не? Го знае ли некој тој податок? Јавно достапен ли е?
8% минимумот е за во книги или пред кључ на врата, ама за уни како што и самиот потенцираше е ставена во групата системски битни банки и следствено други правила за адекватност имаат кај уни, односно пропишан им е неопходен потребен капитал над нормалното и затоа избација таква обврзница како што избација. Притоа према пресметките на нивниот сајт за адекватноста кај битни параметри како промена на цени е ставен процент 0% - што значи прашањето е како ќе се валоризира адекватноста при јаки шокови? Ние незнаеме, тек последни ќе дознаеме ако се смилуваат да не удоволат со инфо на нивниот сајт :)
Според муабетот дека и хигиеничарите во Еусб знаеле дека ќе рокне банката, а Нина невино си ги повлекла парите без да знае што се случува, останува да заклучам дека јас не сум од оваа планета...
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Spored muabetot na novinarite makedonska posta nemala ziro smetka i doprva ke se raspravalo kako ponatamu a imam info od drugar deka dobil mail da ja korosti novo otvorenata ziro smetka kaj komercijalna banka uste prosliot petok :)
Dali e mozno novinarite da ne ja znaat cela nedela ovaa informacija????
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Тој Фондот за осигурување на депозити имал накај 290 милиони евра средства, скоро сите у државни обврзници, што е малтене како двата фонда од вториот столб. Сега ќе исплатат над 70 милиони, само е интересно да се знае како е предвидено да се намируваат од стечајната маса: дали фондот ќе биде прв, па штедачите над 30.000 евра, или прво штедачите, па Фондот, па ако остане нешто за акционерите.

Како и да е, се надевам дека Костовци ќе увидат колку државата, „институциите“ и инсајдерите одиграле огромна улога во нивната пропаст, па ќе распалат и медиумски и кривично по нив.

П.С. Еве уште една работа што крајно ме нервира, а е доказ дека у НБРМ имаат информации за резултатите на банките многу пред обичните граѓани. Тие исфрлаат статистика за работењето на банкарскиот сектор, а пола банки уште немаат објавено неревидирани полугодишни на берза!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom