Мурињо заслижува да го добие статусот на легенда за овој тим на Челзи .
Точно, точно, точно!!!!!!!
Хозе Мурињо можеше и требаше да прерасне во најголемата тренерска легенда на сите времиња! (па и над Сер Алекс, кој е еден од ретките тренери кој стварно многу го почитувам)
Тоа го спречи тоталното фудбалско незнаење на Роман Абрамович.
Ги донесе Шевченко и Балак по негова желба. Не и по желба на Мурињо.И уште полошо, инсистираше тие двајца по секоја цена да играат. На тоа Хозе се противеше. Требаше да ја растури познатата „diаmond“ формација, со две крила и класичен напаѓач, со која растураше низ Англија и Европа.
И така се заврши ко шо заврши.
А шо ќе беше Мурињо да работеше по негов терк, без мешање на Роман...
Само ќе го цитирам Хозе, во периодот на несогласувања:
„Кога секој би си ја гледал својата работа, се ќе биде во ред.“ и
„Ако јас го преземам бизнисот на Роман, Роман ќе доживее банкрот. Ако Роман се меша во мојата менаџерска работа, ќе пропадне тимот“
Доволно е....
Сега за Аврам...
Кога дојде, не можев да се помирам. Некој евреин, кој не водел друг клуб освен Макаби Тиква, да го води Челзи?!?!
Ама, реков и нешто друго. Ако овај непознат скромен човек успее да го донесе Челзи во Москва, треба да му се даде шанса и за понатаму!
И уште стојам зад тоа.:chelsea 2: