Колку пати треба да напишам дека темата НЕМА ДА СЕ БРИШИ, ќе се заклучува и ќе оди во архива како и секоја друга тема. Називот "избришана" за јавност, односно невидлива, не значи дека редакцијата нема пристап до неа. Јас имам пристап до секоја тема што била отворена во изминативе 15 години.
Напоменав дека оваа тема ЌЕ ОСТАНЕ ВИДЛИВА за сите вас уште 1 МЕСЕЦ после затворањево. Слободно ќе можете да ја отварате секоја нејзина страна, да копи-пастирате секоја нејзина содржина и да ја пласирате во новата тема.
Се работи за технички апдејт, каде 5000 страни се премногу и за нас, и за обичните членови да пребаруваат.
Прочитај убаво што ти пишувам, пред да шириш дезинформации за некакво бришење на форуми (не знам ни што точно ти значи тоа).
Ајде сега, без паника, видете што конкретно ви треба, и да имаме убава и течна транзиција кон новата тема.
Благодарам.