Напротив, сите усташки организации во глобала имале почитување према Македонците ради периодот во СХС. На пример, од што памтам, ХРТ секоја година го пренесуваше директно поменот за Блајбург, меѓу говорниците постојано имаше и од усташките организации, никогаш не промашиле во говорот да спомнат и поздрав и подршка за пријателскиот македонски народ од тие говорници. Бед Блу Бојс имаат врска со усташтво колку што Комити или Чкембари имаат со Организацијата - нула. Тоа што дечишта (неретко и возрасни
) се палат и тука и таму на тие иконографии не ги прави нив наследници на тие организации.
Најчесто, такви негативни чувства кон нас кај Хрватите сум приметил дека се појавуваат кај оние што се со ПТСД од војната со Србија, за кое имам и потполно разбирање, бидејќи Македонците во тој период во огромно мнозинсто гледаат со симпатии према Слобо и политиката на Србите према Хрватите и Муслиманите. На почетокот на 90-ите, како и во целиот период на СФРЈ, ние сме може де јуре Македонци но де факто мали Срби. Ова ќе ти го каже секој малку пореален од тој период. Сум имал слично искуство ко ова што го опиша во Сплит, пијан ветеран од војната се дереше зошто не не избркале од кафичот, дека ние сме Срби, православни гомна... што се не се изнареди човекот, али не тргна и физички да се пресметува со нас, може зошто беше сам. Исто така на пример и инцидентот во Задар на ракометното СП, мислам дека на крај испадна дека некој воен ветеран бил тој што со безбол палка претепа наш навивач. Најчесто таквите ги правеле проблемите според мене, али мислам дека скроз ти е погрешна проценката дека тоа се усташи, освен ако секој хрватски националист не го нарекуваш усташ, што е според мене погрешно.