Тоталитарниот режим на Ердоган, политичката иднина на Турција

Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Не насадија туку се менува структурата на население, поточно размислувањето кај истото и сето тоа се случува поради Турција. Она ни е пријател како ѓаволот од македонски народни приказни, прави се за да ја донесе жртвата до смрт, така и они, прават се да не донесат до нивна колонија.
Не те разбрав, ама ич. Турција е секогаш на наша страна во меѓународните односи, перфектно соработуваме на дипломатски и разузнавачки план, немаме отворени спорови, ги мразат од душа нашите најголеми душмани и што е најбитно за разлика од САД, РФ, ЕУ и Кина кои само праќаат зборови и добронамерни совети турците тука инвестираат и вработуваат луѓе.
Тој антагонизам дека демек биле муслимани и душмани е наметнат нашите 3 соседа, а ние и покрај прогонот кој беше неколкукратно поголем од христијаните сеуште навиваме за нив, пошто нели браќа православци. Нема христијани/муслимани во политика, туку само интереси. Наш стратешки интерес како на економски, така и на меѓународен план е оваа држава со огромен потенцијал да ја имаме како партнер.
Автоматски споено мислење:

Спонзорираат изградба на џамии, прибираат на учење луѓе како овој што повикуваше на џихад и сл
И што има врска тоа со Турција? Тие вахабисти се дело на ОАЕ, С.Арабија и ѓултенистите(муслимански сорос припоен на британско-американска цицка).
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.794
Поени од реакции
21.204
Турција е најголем непријател и на вистинскиот Македонец.
И вистинскиот Македонец не избира страна помеѓу два негови непријатели.
Ajde de. Ok togas cim znaes onaka kako vistinski makedonec koj e negov neprijatel togas daj prosvetli ne koj e negov prijatel. Vo slucaj da se spuka toj ili tie pa da znaeme za koj da navivame.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.969
Поени од реакции
17.798
Не те разбрав, ама ич. Турција е секогаш на наша страна во меѓународните односи, перфектно соработуваме на дипломатски и разузнавачки план, немаме отворени спорови, ги мразат од душа нашите најголеми душмани и што е најбитно за разлика од САД, РФ, ЕУ и Кина кои само праќаат зборови и добронамерни совети турците тука инвестираат и вработуваат луѓе.
Тој антагонизам дека демек биле муслимани и душмани е наметнат нашите 3 соседа, а ние и покрај прогонот кој беше неколкукратно поголем од христијаните сеуште навиваме за нив, пошто нели браќа православци. Нема христијани/муслимани во политика, туку само интереси. Наш стратешки интерес како на економски, така и на меѓународен план е оваа држава со огромен потенцијал да ја имаме како партнер.
Автоматски споено мислење:


И што има врска тоа со Турција? Тие вахабисти се дело на ОАЕ, С.Арабија и ѓултенистите(муслимански сорос припоен на британско-американска цицка).
Ама јас не фаќам страна, далеку од тоа дека православните држави се наши браќа, ете имаш и тука теми за нивното братсво, сите 3 држави се наши непријатели, биле во минатото и за жал ќе останат и во иднина.

Но Турција никогаш нема да можам да ја сметам за пријател, не затоа што се муслимани, нема да ми смета тоа што се муслимани ако биле по принципот на државите на блискиот исток кои порано иако биле доминатно муслимански живееле заедно со христијаните и биле еднакви. Секоја работа која ја отвара Турција овде е само со една цел а тоа е таа исламизација на народот овде, да исламизација на Македонците кои се православни и додавење турски предзнак на тукашните муслимани. Верувај дека како што е тргната работата тоа може и да се случи, зависно од тоа колку ќе е силата на Турција во иднина. Ние сме моментално баш како во тој период, го изгубивме идентитетот и сега може без проблем да идат као што иделе тогаш оние мисионери да не не претвараат во што сакаат. Има многу луѓе со овие ставови, поготово луѓе од работничката класа кои би смениле вера, поточно националност за некоја промена, за пари, за функција, зошто као шо кажав ние после овие 3 години сме вратени едно 200 години назад, кога голем дел од народот нема чуство за припадност, нема држава, само што тогаш имале мака од Турците и живееле живот од затворен тип, додека денеска многумина од луѓето ете како што викаш гледаат во нив на пријател и браќа, идат овде Турци студенти и ебат Македонки, ок тоа не е ништо спорно, многумина Македонки го прават тоа и за пари, како што секоја Турчинка што студира овде исто се занимава и со проституција, тоа е веќе опшествен проблем, но знаеш ли колку бракови се случуиле досега помеѓу Турци и Македонки од кога ги донесе Грујо овде, односно кога почнаа да изиграваат вазали на Ердоган?

Пак ќе кажам се зависи од нејзината сила на меѓународен план, но тоа дека и тоа како се опасност за нас, и тоа како овде се прават планови и игри и работите се тераат за претварање на муслиманска земја, тоа е по мене работа која треба да и се даде предност и пред сите останати проблеми кои ги имаме. Да не биде да се разбудиме едно утро па па треба да бегаме за Бугарија како нашите предци.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Можеш да објасниш во кој сегмент е Турција непријател на Р.Македонија во овие 30 години независност?
Како и што ти кажаа, исламизацијата е најголем проблем на Македонија и доаѓа директно од Турција и Ердоган. А башка тоа што порано сме биле под Отоманска окупација и гинеле Македонски патриоти.
Автоматски споено мислење:

Ajde de. Ok togas cim znaes onaka kako vistinski makedonec koj e negov neprijatel togas daj prosvetli ne koj e negov prijatel. Vo slucaj da se spuka toj ili tie pa da znaeme za koj da navivame.
Ако сакаш за денес да ти одговорам кој ни е најголем пријател, тоа е Србија, Кина, Словенија.
Додека денес најголеми напријатели ни се Албанците, Американците, Турците, Грците, Бугарите.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.705
Поени од реакции
4.373
Можеш да објасниш во кој сегмент е Турција непријател на Р.Македонија во овие 30 години независност?
Не можеш вака црно-бело да гледаш на работите и тоа да го пласираш како ....
Турција како и сите си има свои интереси, тие во периодот се такви да од страна на обичниот народ во Македонија се перципираат како пријателски, но тоа е заради едноставното гледање на работите и меморијата на златната рипка, погледни го обраќањето на Султанот од пред некоја година кога говори за Македонија Монастири и Скупи како нивна колонија и .... можеби потоа ќе го промениш аспектот на гледање на работите (ако тоа не помогне истражи го односот на Турција и Ердо во однос на Арнаутите нивното финансирање и обука како и подршка на нивната политика за геноцид и етноцид врз Македонците ((или сметаш дека нивното излегување во огромен број на рефеерендум за промена на име Македонија и претворање во /////// е заради големата љубов и почит кон Македонците)), на крајот би рекол дека се е тоа исто само пакувањето е различно).
Правилото дека во политиката постојат само интереси сеуште е на снага, не постои пријателство и такви работи во односите помеѓу држави и државни политики, постојат само интереси, тешко за разбирање од аспект на обичен човек ама така е.
-----------

Нема тема за можниот воен судир помеѓу Турција и Грекистан, не би било лошо некој да ја отвори, има многу интересни моменти, има таква гужва во шеснаесетникот што можноста да заврши со огномет ја става високо на агендата, Франција со Макрон според мене има една од најкомичните улоги, би било интересно некој да и опне корпа.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Има многу луѓе со овие ставови, поготово луѓе од работничката класа кои би смениле вера,
но знаеш ли колку бракови се случуиле досега помеѓу Турци и Македонки од кога ги донесе Грујо овде, односно кога почнаа да изиграваат вазали на Ердоган?
Не цепкам постови, но ови две реченици мора да ти ги посочам. Зар стварно веруваш дека некој би се потурчувал? Таа фобија која ја чувствувате од Турција треба да ја насочите кон Грција или Бугарија, пошто ако некој работи се полна пареја за да не' збрише тоа се овие две држави.

Не можеш вака црно-бело да гледаш на работите и тоа да го пласираш како ....
Турција како и сите си има свои интереси, тие во периодот се такви да од страна на обичниот народ во Македонија се перципираат како пријателски, но тоа е заради едноставното гледање на работите и меморијата на златната рипка, погледни го обраќањето на Султанот од пред некоја година кога говори за Македонија Монастири и Скупи како нивна колонија и .... можеби потоа ќе го промениш аспектот на гледање на работите (ако тоа не помогне истражи го односот на Турција и Ердо во однос на Арнаутите нивното финансирање и обука како и подршка на нивната политика за геноцид и етноцид врз Македонците ((или сметаш дека нивното излегување во огромен број на рефеерендум за промена на име Македонија и претворање во /////// е заради големата љубов и почит кон Македонците)), на крајот би рекол дека се е тоа исто само пакувањето е различно).
Правилото дека во политиката постојат само интереси сеуште е на снага, не постои пријателство и такви работи во односите помеѓу држави и државни политики, постојат само интереси, тешко за разбирање од аспект на обичен човек ама така е.
-----------

Нема тема за можниот воен судир помеѓу Турција и Грекистан, не би било лошо некој да ја отвори, има многу интересни моменти, има таква гужва во шеснаесетникот што можноста да заврши со огномет ја става високо на агендата, Франција со Макрон според мене има една од најкомичните улоги, би било интересно некој да и опне корпа.
Грешиш многу дека Ердоган ги држи арнаутите, баш напротив преку генерали со потекло од Албанија и Косово ѓултенистите(читај ЦИА, МИ6, фран.служби и БНД) се обидоа да го смакнат Ердогдан. Исклучиво парите за вахабизам се масло на западните служби, како и на ОАЕ, Катар, С.Арабија.
Друга работа, јасно е дека секој си тера агенда, но ако одиме по логиката на исклучување на сојузници, со кој би соработувале? Русите се/беа за санстефанска Бугарија, французите се секогаш на грчка страна и главен наш кочничар како при независност, така и сега, ГЕР е за Бугарија и албанците, САД исто така. Комшиите наши да не прајме муабет колку зулум ни направиле секој еден од нив. Поентата е секој на секого може да му најде фаули, но да бидеме реални дека Турција е единствена регионална сила која ЗА СВОИ ЦЕЛИ(главен непријател им се на грците) не' поддружва со години наназад, вложува во нашата економија во сразмерност со своите можности, оддава битни за нас информации преку тајни служби, не го поткопува нашиот идентитет итн.
Нормално дека турците ова го прават заради нивни стратешки цели и интереси, но во геополитиката битно е да најдеш интереси со појака земја и да го туркаш тоа сојузништво.
Затоа мене ми е пренагласена хистеријата кон Турција од страна на некои, од кои повеќето иронично се декларираат како либерали, левичари и напредни, а не гледајќи дека всушност таа земја е наш стратешки партнер. Нормално дека треба да се стави тоа на знаење, но ептен ептен се претерува и се префрла кривица на Турција, кога тоа го прават нејзини непријатели.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Како и што ти кажаа, исламизацијата е најголем проблем на Македонија и доаѓа директно од Турција и Ердоган. А башка тоа што порано сме биле под Отоманска окупација и гинеле Македонски патриоти.
Автоматски споено мислење:



Ако сакаш за денес да ти одговорам кој ни е најголем пријател, тоа е Србија, Кина, Словенија.
Додека денес најголеми напријатели ни се Албанците, Американците, Турците, Грците, Бугарите.
Во заблуда си.Најголеми пријатели на Македонија се Хрватите,Словенците се сложувам,и Вишеградската група.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.705
Поени од реакции
4.373
Грешиш многу дека Ердоган ги држи арнаутите, баш напротив преку генерали со потекло од Албанија и Косово ѓултенистите(читај ЦИА, МИ6, фран.служби и БНД) се обидоа да го смакнат Ердогдан. Исклучиво парите за вахабизам се масло на западните служби, како и на ОАЕ, Катар, С.Арабија.
Друга работа, јасно е дека секој си тера агенда, но ако одиме по логиката на исклучување на сојузници, со кој би соработувале? Русите се/беа за санстефанска Бугарија, французите се секогаш на грчка страна и главен наш кочничар како при независност, така и сега, ГЕР е за Бугарија и албанците, САД исто така. Комшиите наши да не прајме муабет колку зулум ни направиле секој еден од нив. Поентата е секој на секого може да му најде фаули, но да бидеме реални дека Турција е единствена регионална сила која ЗА СВОИ ЦЕЛИ(главен непријател им се на грците) не' поддружва со години наназад, вложува во нашата економија во сразмерност со своите можности, оддава битни за нас информации преку тајни служби, не го поткопува нашиот идентитет итн.
Нормално дека турците ова го прават заради нивни стратешки цели и интереси, но во геополитиката битно е да најдеш интереси со појака земја и да го туркаш тоа сојузништво.
Затоа мене ми е пренагласена хистеријата кон Турција од страна на некои, од кои повеќето иронично се декларираат како либерали, левичари и напредни, а не гледајќи дека всушност таа земја е наш стратешки партнер. Нормално дека треба да се стави тоа на знаење, но ептен ептен се претерува и се префрла кривица на Турција, кога тоа го прават нејзини непријатели.
Не грешам ама ако не сакаш да истражуваш нека биде. Султанот е едно Турција е друго, Арнаутите имаат длабоки и коренити врски со Турците меѓу другото има и една теза дека токму тие ги донеле денешните Геги на овие простори, но тоа е историја врз која се градат митови а тие исти митови денес се употребуваат за пропаганда и.... И без оглед на пропагандата ФАКТ е дека Турција отворено стои зад Арнаутите -значи прокетот голема Албанија- и проектот зелена трансферзала, овие две работи се директна закана за Македонците и македонската држава што се гледа од сите кои гледаат, односно и двата проекта ја претпоставуваат Македонија санџак во влажните отомански соништа на...
Не би за соседите, за да не се шири понатаму а тоа што си го напишал е горе долу точно со мали дополнувања и измени.

Изнесувањето на овие работи во ниту еден случај не претпоставува прекин на врски и соработка со Турција, туку само предупредување дека Турција ги гледа своите интереси и дека е време и Македонија да си ги гледа своите интереси, а не да се тресат зелени кој ни е пријател а кој ни е непријател, како да тоа не се гледа, но нема вечни сојузи и “пријателства“ како што нема ниту вечни интереси во дадени сојузи, тие низ времето се менуваат и еволуираат.

Кога би се прашувал и би имал влијание дури би го обновил членството во Неврзаните, а тоа би го искористил како притисок врз хиениве но и во меѓународните организации за промоција на Македонија. Би соработувал со сите кои не ми се мешаат во внатрешните работи кои не ми менуваат име и сакаат соработка врз принципи, ова нешто не може само со нашите соседи и со западниот свет со сите други е можно.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.969
Поени од реакции
17.798
Во заблуда си.Најголеми пријатели на Македонија се Хрватите,Словенците се сложувам,и Вишеградската група.
Па Хрватите и не толку, поготово оној усташки дел кои не смета за шиптaри. А за другиве се согласувам, со нив треба да градиме пријателство и да создававме некои блиски релации.
Автоматски споено мислење:

Не цепкам постови, но ови две реченици мора да ти ги посочам. Зар стварно веруваш дека некој би се потурчувал? Таа фобија која ја чувствувате од Турција треба да ја насочите кон Грција или Бугарија, пошто ако некој работи се полна пареја за да не' збрише тоа се овие две држави.


Грешиш многу дека Ердоган ги држи арнаутите, баш напротив преку генерали со потекло од Албанија и Косово ѓултенистите(читај ЦИА, МИ6, фран.служби и БНД) се обидоа да го смакнат Ердогдан. Исклучиво парите за вахабизам се масло на западните служби, како и на ОАЕ, Катар, С.Арабија.
Друга работа, јасно е дека секој си тера агенда, но ако одиме по логиката на исклучување на сојузници, со кој би соработувале? Русите се/беа за санстефанска Бугарија, французите се секогаш на грчка страна и главен наш кочничар како при независност, така и сега, ГЕР е за Бугарија и албанците, САД исто така. Комшиите наши да не прајме муабет колку зулум ни направиле секој еден од нив. Поентата е секој на секого може да му најде фаули, но да бидеме реални дека Турција е единствена регионална сила која ЗА СВОИ ЦЕЛИ(главен непријател им се на грците) не' поддружва со години наназад, вложува во нашата економија во сразмерност со своите можности, оддава битни за нас информации преку тајни служби, не го поткопува нашиот идентитет итн.
Нормално дека турците ова го прават заради нивни стратешки цели и интереси, но во геополитиката битно е да најдеш интереси со појака земја и да го туркаш тоа сојузништво.
Затоа мене ми е пренагласена хистеријата кон Турција од страна на некои, од кои повеќето иронично се декларираат како либерали, левичари и напредни, а не гледајќи дека всушност таа земја е наш стратешки партнер. Нормално дека треба да се стави тоа на знаење, но ептен ептен се претерува и се префрла кривица на Турција, кога тоа го прават нејзини непријатели.
Сето тоа што го кажуваш е точно, не викам не, но моментално Грците и Бугарите ја немаат таа сила, внатре се растурени, Бугарија пред се од циганите, А Грција е полна со Арапи и Африканци и се далеку од такво нешто, додека Турците се моќни и работат на тој случај, како што кажав при некое можно добивање некоја помоќна позиција и прераснување во појак играч, оваа територија, знаеш веќе кои други, да станат еден вид на протекторат или вазална територија. Државата од ден на ден ни се исламизира, Турција ова го смета за свое, прашај рандом Турчин од било каде во Европа, без разлика дали е за ердо или за кемалова Турција, ќе ти каже дека ние пред 100 годининсме биле муслимани, дека оваа територија е турска, дека ќе се врателе пак назад.

Подеднаква е опасноста од сите, но пореална е од Турција, овие околу нас се банани држави кои се гушат полека исто како и ние.
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.794
Поени од реакции
21.204
Подеднаква е опасноста од сите, но пореална е од Турција, овие околу нас се банани држави кои се гушат полека исто како и ние.
Sakas da kazis deka ako se spukaat Turcija i Grcija, za grcite ke navivas ?
Автоматски споено мислење:

Ако сакаш за денес да ти одговорам кој ни е најголем пријател, тоа е Србија, Кина, Словенија.
Додека денес најголеми напријатели ни се Албанците, Американците, Турците, Грците, Бугарите.
E dobro de, taka ti si mislis , tvoe pravo e toa. No sto ako nasite najgolemi neprijatei spored tebe Grcija i Turcija zapocnat vooruzen konflikt. Za koj ke navivas, za koja pobeda ke se raduvas i taka ?
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.969
Поени од реакции
17.798
Зошто вакви глупости :)
Затоа што е така.
Автоматски споено мислење:

Sakas da kazis deka ako se spukaat Turcija i Grcija, za grcite ke navivas ?
Автоматски споено мислење:


E dobro de, taka ti si mislis , tvoe pravo e toa. No sto ako nasite najgolemi neprijatei spored tebe Grcija i Turcija zapocnat vooruzen konflikt. Za koj ke navivas, za koja pobeda ke se raduvas i taka ?
Прво, нема да се спукаат.
Второ, не е ов утакмица па да навивам за некого.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Сето тоа што го кажуваш е точно, не викам не, но моментално Грците и Бугарите ја немаат таа сила, внатре се растурени, Бугарија пред се од циганите, А Грција е полна со Арапи и Африканци и се далеку од такво нешто, додека Турците се моќни и работат на тој случај, како што кажав при некое можно добивање некоја помоќна позиција и прераснување во појак играч, оваа територија, знаеш веќе кои други, да станат еден вид на протекторат или вазална територија. Државата од ден на ден ни се исламизира, Турција ова го смета за свое, прашај рандом Турчин од било каде во Европа, без разлика дали е за ердо или за кемалова Турција, ќе ти каже дека ние пред 100 годининсме биле муслимани, дека оваа територија е турска, дека ќе се врателе пак назад.

Подеднаква е опасноста од сите, но пореална е од Турција, овие околу нас се банани држави кои се гушат полека исто како и ние.

За болдираното, да точно, таква им е перцепцијата на сите Турци без разлика дали се про-Ердоган или анти-Ердоган настроени, тоа им е во главата насадено, да прават проблеми и да водат конфликти.

Дури во денешна Турција државата таму води евиденција и имаат детален список колку од денешното население во Турција води потекло од балканските држави.
И си водат редовно евиденција колку Турци од секоја поединечна балканска држава имаат потекло, и ова не за џабе се води статистика во Турција, имаат планови за во иднина штом водат таква статистика.

Поранешни окупаторски и колонијални сили како Британија, Франција, Германија, Португалија не водат вакви статистики колкав дел од денешно население на Британија или Франција живееле како колонијалисти низ Африка и Индија, ама ете во Турција се води ваква статистика.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.398
Поени од реакции
7.848
Може некој да го наведе портофолиото на ТИКА во Македонија тука?
Еден преглед на нивните активности
 

Kajgana Shop

На врв Bottom