palekrstic
Модератор
- Член од
- 14 ноември 2016
- Мислења
- 2.041
- Поени од реакции
- 5.540
Почитувани форумџии,другари и другарки,
Ете и моето патешествие помина.
На 11 ти Август бев да си го подигнам државјанството и да се сликам за пасош и лк.
На 9 ти имав закажано ПЦР тест во Систина,на 10 ти го земав тестот на англиски и Македонски со печат,фискални и картонче со баркодови.На граница беше се ок ,и брзо поминавме.Докторката ни задржа еден примерок било кој,ако сакате МК ако сакате англискиот.Термин за подигнување имав во 9 и 55.На вратата има лица од обезбедување кои ја бараат резервацијата и пасошот,и ве проверуваат на скенер ,за оружје.
Треба да носите со вас доказ за уплата на такса за државјанство во износ од 51 лев,можете во било која банка,мене посредникот ми уплати во easy pay ,тие си соработуваат,и треба да носите една слика не две,на која отпозади ќе си го напишете името и презимето.Плус носете си едно ливче со напишана адреса на Бугарски ,зошто на шалтер ќе ви даде службеничката со ливче за пополнување,на кое треба да напишете ваше име и презиме,дата на подигнување,адреса на која ќе се пријавите и потпис.
Откако влегов на шалтер бр.4 службеничката не беше таму,и ја чекав 15 мин.Кога се симна носеше повеќе досиеа меѓу кои беше и моето.
Ми ја зема сликата ,ја прикачи електронски на едно официјално известие до сите државни институции во кое пишува дека Пале Крстиќ го подигнала државјанството на 11.08.2020.Потоа тоа известие излегува во систем во општина и во систем на МВР.
Потоа ми го отпечати државјанството и го предадов на посредникот. Тој направи копија и плус направи копија од пасош со плус копија од страната каде што е направен влез во БГ.Изводот мој преведен и заверен и венчаницата му требаа за во општина копии,а за во МВР оригинал само изводот.
Потоа тој се упати сам во општина за да среди за адреса и ЕГН да ги земам во истиот ден.Така и беше ,најчесто се завршува и порано работа,но кај мене беше баксуз што системот каснел и матичниот број ми излезе во 15 часот.Од општина даваат уверение за адреса и матичен број,а колку платил таму искрено незнам.Такса е 30 лева,но пак ќе речам тие си соработуваат и затоа и го ангажирав посредникот.
Потоа со копија од државјанството, извод преведен во оригинал и заверен(само за увид го бараат после го враќаат),копијата од пасош и уверението за адреса и ЕГН се упативме во МВР.
Како што реков ,треба известието да стигне и во системот на мвр за да може да ви се испринта вашето барање за пасош и лк ,и на барањето отпозади стои вашата слика што сте ја дале во Министерството за правда.Значи се е поврзано.Јас немав среќа па немаше систем во МВР и мораше да преспијам за да се сликам утредента.
Така и направив.Иако чекав 3 саати во ред поради големите гужви,се се заврши во најдобар ред.Јас одбрав брза постапка за 3 дена пасош и лк.За тоа платив 116 лева,може и со картица на ваше име.
Тоа е накратко моето искуство за подигнување на пасош.
Посредникот за таа услуга комплет зема од 220 до 250 евра.
Воедно,во овој пост сакам да се откажам од модераторското место од причина што навистина немам повеќе време,а чуствувам одговорност кон сите членови на форумот.
Додека бев отсутна видов дека можете супер и без мене,така што како мој совет е да ги следите секојдневно новините и информациите што се споделуваат на форумот,користете ги и моите постови,упатства и совети,бидете упорни и не губете надеж,доколку се е во ред со вашите документи, се е поднесено во оригинал и навреме,тогаш се ќе биде во ред.
Јас морам да си ги довршам работните обврски и здравје да се подготвувам со моето семејство за заминување во странство.
Ми беше многу мило што можев да го споделам со сите ,моето искуство и знаење и на тој начин да помогнам на некој друг.
@Нuкола еве ќе те замолам официјално да ме одјавиш од модераторското место.
Јас ќе останам и понатаму член на форумот, повремено ќе се најавувам,но за мене ќе биде полесно ако не сносам одговорност .
Ете @Bibo може да си продолжи со списоците,доколку сака.
Како и да е верувам дека ќе се снајдете супер.
СО СРЕЌА НА СИТЕ И ВИ ПОСАКУВАМ СИТЕ ДА СИ ДОЧЕКАТЕ ПАСОШ ВО РАКА!!!!
Ве поздравува Пале Крстиќ

Последно уредено: