Уписи на факултет[генерална дискусија]

  • Креатор на темата Kacar
  • Време на започнување

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Имам едно барем за мене сериозно прашање.
Дали на 27 години е паметно да запишам вонредо факултет?

Имам работа во Охрид, не сум задоволен и никако не би сакал тоа да го работам цел живот или да се шалтам од фирма во фирма за малце повеќе од минималец, имав запишано факултет после средно школо но поради немање доволно финансии и избрана погрешна струка (Туризам) лесно се одлучив да го отпишам, на некој начин и бев приморан.

Е сега, не се мислам дека сум преинтелегентен но знам дека без поголеми тешкотии би завршил факултет како Економија или Царина, тие ми се двете опции.

Но дипломата не ми треба само за мерење курови со неа, ми треба за да ми осигура подобра работа или барем поголема плата за да можам полесно да поминам од тој аспект во животот.

Економски во Скопје ми е некако неизводливо затоа што работам а едини слободни што можам да користам се за време на викенд и незнам како би изгледало ако морам често да одам таму, преголем ризик ми е и да паднам некој предмет па да морам да презапишувам или често да одам таму.

Царина и логистика во Охрид ми е некако мех, затоа што не гледам како би ми помогнал да изградам подобра кариера.

Ако имате некој добронамерен совет би сакал да го добијам и алтернативни совети се во игра, ако има добар курс за што било, добра програма за преквалификација, не се плашам од работа не се плашам од учење и немам страм ако пробам нешто и не успеам.
 
Ф

Флеш

Гостин
Имам едно барем за мене сериозно прашање.
Дали на 27 години е паметно да запишам вонредо факултет?
Прашај го ова теле кој се запиша вонреден и студира и работи на стари години .....

@Vori помогни му на дечково :anco:
 

Matthias

A Statute Snob
Член од
2 март 2020
Мислења
380
Поени од реакции
2.305
@Makaron nikogash ne e kasno za fakultet, jas zapishuvam Phd od August ne deka mi treba no sakam da go imam, sum zapocnal neshto i treba da go zavrsham. Vo tvojot sluchaj trebalo da prodolzhish so toa shto si go zapocnhal, sega rabotish pa prodolzi od tamu kade si zastanal. I vonredno da e bitno da go zavrshis, imash i Struga fakulteti, ne bi ti preporachal Praven poshto treba dosta godini za vonredno taka da izberi neshto shto ti sakash da go rabotish a da bide i finansiski izdrzhliv.
 
A

aleksmkd123

Гостин
Некој да сподели искуство со факултетот за безбедност? планирам смер криминалистика..дали треба одличен успех за да ме примат или?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.918
Поени од реакции
42.625
размисли прво што би работел со тој факултет и што се нуди моментално на пазарот на работа за таа струка.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Имам едно барем за мене сериозно прашање.
Дали на 27 години е паметно да запишам вонредо факултет?

Имам работа во Охрид, не сум задоволен и никако не би сакал тоа да го работам цел живот или да се шалтам од фирма во фирма за малце повеќе од минималец, имав запишано факултет после средно школо но поради немање доволно финансии и избрана погрешна струка (Туризам) лесно се одлучив да го отпишам, на некој начин и бев приморан.

Е сега, не се мислам дека сум преинтелегентен но знам дека без поголеми тешкотии би завршил факултет како Економија или Царина, тие ми се двете опции.

Но дипломата не ми треба само за мерење курови со неа, ми треба за да ми осигура подобра работа или барем поголема плата за да можам полесно да поминам од тој аспект во животот.

Економски во Скопје ми е некако неизводливо затоа што работам а едини слободни што можам да користам се за време на викенд и незнам како би изгледало ако морам често да одам таму, преголем ризик ми е и да паднам некој предмет па да морам да презапишувам или често да одам таму.

Царина и логистика во Охрид ми е некако мех, затоа што не гледам како би ми помогнал да изградам подобра кариера.

Ако имате некој добронамерен совет би сакал да го добијам и алтернативни совети се во игра, ако има добар курс за што било, добра програма за преквалификација, не се плашам од работа не се плашам од учење и немам страм ако пробам нешто и не успеам.
Убаво е да имаш факултет за лична сатисфакција и некоја си титула во животот, меѓутоа денешното време повеќе се базира врз "дај да видам што можеш да направиш", а не "дај да видам што документ имаш".
За почеток, најважно е да се пронаоѓаш себе си во нештото во кое што инвестираш солиден дел од своето време. Што ако имаш сертификат од некој факинг курс за шанкер, а твоите 3 коктели се 17 пати полоши од оние на Стојко без никаков папир, но со премногу љубов и посветеност во она што го работи.

Бидејќи си член на форумов, претпоставувам често стоиш пред компјутер, можеби најдобро да изгуглаш нешто во смисла "most wanted jobs in 2020 online", па така да видиш во што би можел да се пронајдеш и да фатиш некоја насока. Јас сум работел глупости на Upwork пред неколку години, Data Entry, ботски работи и поради брзиот рок во кој ги завршував, цифрата беше и те како солидно, но е многу тешко да фатиш поради преголемата конкуренција и Индијците. Сепак, без упорност и "бадијала" потрошено време на почетокот, не може да се протнеш во никоја бранша.
Евентуално да пробаш програмирање, имаш милион курсеви на интернет, што бесплатни, што со плаќање.. но добар дел и од нив се наоѓаат пиратски, али за ова треба страшно многу волја, а согласно тоа и определено време.
 
A

aleksmkd123

Гостин
конкурсот на УКЛО излезе https://www.uklo.edu.mk/filemanager/konkursi/2020-21/KONKURS I ciklus, 2020-2021, final final.pdf

Ме интересира сега значи треба да се регистрираме на iknow системот и да пополниме електронска пријава и да ја носиме на запишувањето на 27 август така? а гледам е спомнато дека ќе има претходно оценување на психо-физичките способности на педагошкиот факултет битола пријавените кандидати за студирање. Оценувањето на кандидатите е елиминаторно, што значи ова? ова е само за тој факултет или важи и за безбедност?
 
Член од
14 октомври 2017
Мислења
239
Поени од реакции
109
Уким на 31.08 и 01.09 прв рок.
Прочитав дека треба да се регистрираме на Iknown ама нигде не најдов опција регистрација. Пишува дека треба да се прикачат документи во file на емаил и да сепратат. Знае ли некој како оде ова по искусен
 
A

aleksmkd123

Гостин
Некој да не знае кога факултетите под укло ќе ѓи објават тие 2 битни предмети кои што се наместо државна матура?
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.301
Поени од реакции
23.022
Меанвајл на македонскиот Харвард, медицински при УКИМ.

EfXn0KBXkAE4DYe.png
 
A

aleksmkd123

Гостин
Уште нема информации за уписот на факултетите под укло? дали ќе е електронски или со физичко присуство?
 
Член од
16 август 2020
Мислења
2
Поени од реакции
0
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.301
Поени од реакции
23.022
А знае ли некој што би се случило доколку не го испратам овој документ т.е. дали би ме примале? Бидејќи имам аплицирано во Словенија и сеуште чекам резултати
Не знам како иде процедурата за упис годинава но колку што знам мора тој документ да го поднесеш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom