- Член од
- 18 мај 2008
- Мислења
- 7.561
- Поени од реакции
- 17.594
Тапоглав, имаш слика од распнати луѓе како Христос и убиени жени и деца и ти уште со цел памет спориш дека немало докази за тоа. Ти ептен си бил летнат со паметот.Друже ја тражу само извори на кои ги засновате тија факти за педофилију, печење деца и распнување на цивили...
И да усрано е, затоа што е организирано од страна на бугарија за бугарски цели и интереси, сакаш докази затоа не ми одговори не ми е проблем да ти најдам...
Прво прашање, како тоа после ослободувањето само во тиквешијата сеправи востание, зошто не и во Скопје,КУманово, Тетово, во други делови од Македонија... Друго прашање ти си крал, твоја војска ослободува од турци територија која била 500 години под нив, воспоставвуаш своја власт и инвестираш во инфраструктура и индустријализацијата на таа територија каде што населението било скоро па неписмено, во јужниот дел дознаваш дека ти се побунуваат луѓе помогнати од бугари со оружје, логистика и луѓе,... што би правел?
Автоматски споено мислење:
и ти и каљехон не ми одговоривте што се случило со србите кои несомнено биле тука пред да дојдат турци?
Процесот на асимилација започнува со протерување и апсење на сите дотогашни учители и свештеници, а како замена се доведени учители и попови од Србија. Во црквите и училиштата е воведен српскиот јазик. Теророт на власта се засилува, а со тоа и револтот на населението од ден во ден расте сè повеќе, не само кај првенците, туку и кај обичните жители. На востанието му претходат неколку настани коишто особено го зголемуваат револтот. Имено, едно момче, по има Александар Видов, е убиено само поради тоа што изјавува дека не се чувствува како Србин. Една млада невеста од Ваташа, веднаш по нејзината свадба е силувана од страна на српскиот поручник Милан Крековиќ. Била убиена и цела турска фамилија од педесетина члена, меѓу кои и деца.
Исто била убиена и фамилија на најпознатиот тиквешки војвода. Тие се горе долу причините, т.е. теророт, убиствата, силувањата и посрбувањата. Ништо поразлични и од другите востанија претходно.
Исто имаш и охридско-дебарско востание. Дали и тоа според твојава теорија за близина до бугарска граница е бугарско или не?