Прегледај го приврзокот 262310
Неколку од вкупно 150-те кавадарчани кои биле распнати во центарот на градот во период од 30 часа, за потоа да бидат одведени во месноста Полјаната и да бидат стрелани.
Ретка слика од крволочните ѕверства на српските животни и нивните домашни посрбени предавници во име на српството и слободата. Покрај распнувања имало и палења на живи деца, силувања... Иако не се работи за најмасовниот прогон на македонскиот народ, сепак според методите на физичка елиминација се работи за убедливо најстрашните во нашата историја.
Како што веќе напоменав Востанието било предизвикано од репресивните мерки што ги спроведувала новата окупаторска власт во Македонија по победата над Турците. Меѓу другото, таа започнала насилна асимилација врз населението. Спроведувајќи ги наредбите од Белград, српскиот командант на Кавадарци, потполковникот Урошевиќ, ги свикал градските првенци и им се заканил со зборовите:
„Вие сте стари Срби. Сега, кога ние сме веќе тука, ќе си бидете повторно Срби… Ако не ја исполните наредбата, веднаш ќе ве испотепаме сите“.
Вкупно во Тиквешијата биле убиени повеќе од 1.200 души, од кои во Кавадарци 363, во Неготино 263 и во Ваташа 89. Во Кавадарци биле изгорени над 60 куќи, а во Неготино една третина од вкупниот број куќи во градот. Најмногу настрадале селата Мрзен Ораовец, Фариш, Глишиќ, Ваташа, Марена, Куријата, Паликура, Рибарци, Манастирец и Шивец каде што имало и најмногу изгорени куќи. Според Васил Сеизов, вкупно во Тиквешијата биле изгорени повеќе од илјада куќи, околу 500 души, мажи, жени, деца и старци биле убиени, заклани и живи изгорени, околу 750 куќи во Неготино биле опожарени, а вкупно во Неготинска општина биле убиени околу 500 души, од кои само во градот Неготино 280 души.
Лесна им земја на починатите жртви, а до 100-то колено да страдаат потомците на тие што ги извршиле ови ѕверства. Несомнено, мора да се отвори многу поголема дебата околу овие крволочни ѕверства и никогаш не смеат да се заборават, за да не се повторат.
Прегледај го приврзокот 262311
Егзекутирани невини жени и неколкугодишни деца