Дел од вас збори како сите сопственици на бизнис да го добиле тој бизнис со крадење од Југославија, па сега се изживуваат над вработените, при што менаџираат незаслужен капитал! Има такви, ама поголемиот дел сами си го имаат печалено бизнисот. Поготово помалите бизниси.
Проблемот е друг, еве јас 15 години менаџирам бизнисче, што туѓ што свој, не сакам да отворам тела за неодговорни вработени. За немање квалификации да не збориме, луѓе нашиов образовен систем продуцира магистри кои немаат познавање ниту на 10% од својата работа. Јас ги жалам, не сакаат да прифатат минималец, пошто нели магистар ли е што ли е! Од друга страна јас не можам да ги платам повеќе пошто ни тој минималец не можат да си го заработат. Не барам ќар, штета да не сум само! Да не сум, ама сигурно имам држено такви работници по година скоро. Додека не застанете од другата страна, ќе си мислите дека мед и млеко тече кај газдите! Во Мк ретко има раат да бркаш работа, воопшто бизнис климата е ај ми си оди, него ајт!