Работодавци, чесни и измамници

  • Креатор на темата Креатор на темата Mile Vuna
  • Време на започнување Време на започнување
Зависи за каков тип на работа станува збор, можеби во тој ИТ сектор е поразлично, барем така мидлам а за 90% од работите се знае како се напредува и станува шеф и нормално чест на исклучоци.

А не знам како што друго да го сфатам одењето на работа освен концепт да се преживее.

у било која работа да работиш треба да се стремиш да бидеш најдобар и најефективен да се издвоиш од офците, а не само да работиш колку да се дешава нешто.
 
Друже те гледам многупати пишуваш на оваа тема што значи дека ти смета. Зошто не пробаш надвор од Македонија, на толку работа тука ако ништо друго барем ќе заштедиш пари а веќе си навикнат на прекувремено и на тоа дека немаш услови за преку бунење да се смени нешто, туку само ќе напредуваш ако си таков, поготово ако си она баш работник.
Мило ми е што си приметил дека често пишувам за ова, пошто оваа тема е една од оние што ме фрустрира на дневна база.

За пробување надвор од Македонија, тоа одувек и ми бил планот, нажалост поради одредени причини не можам да им се приклучам и да заминам во државата во која поголем дел од фамилијата ми живее и работи.

А, ако заминам у друга држава каде што немам роднини тогаш потребен ми е поголем капитал кој што моментално не можам да си дозволам да го соберам (работам за минималец, а имам сметки за плаќање).

Wow, ти си веројатно многу лош другар што дава убер-лоши совети. Како тоа е неисплатливо да се работи? Значи да бидат моржови што мама и тато ќе ги ранат до смрт? И утре при прва пара ќе сакаат да бидат газди, и ќе го прават истото тоа што они требале да го работат ама избегнале за некој да не ги малтретирал, и после ќе се изживуваат врз вработените затоа што не осетиле на своја кожа како е да имаш лош газда.

Проблемот со младите во Македонија е што мислат дека се експерти на секое поле, во ИТ индустрија после 1 година сакаат сениори да бидат и секеое распрдено прдле мало настапува од старт со тоа, „не бе батка, не ти работам ја за 18.000".

Е од вакви ментални размислувања избегав од Македонија, а ако мислиш дека во Европа е полесно и те како си се заебал. Ако не го потиш газот има ајкули у буквална смисла што ќе те изедат и за брзо ќе си останеш без работа.

Не би рекол дека сум лош другар, баш напротив, нити сум убедувал некого да не работи нити било што, туку само сум го изнел моето мислење зашто не е добро како млад (зборуваме за некој 18-20 години или додека не го заврши факсот) да работаш.

Фрката е у тоа што ти не ме разбра многу добро, затоа и нагласив на почетокот на постот дека ја сум млад, дефинитивно помлад од мнозинството форумаши овде.

Не зборувам ја за личности кои имаат 30 години и се гребат за цигара и да пашнат гане и не сакаат да работаат, туку зборувам за млади и свежи луѓе кои излегле од средно школо пред година-две. Сеедно ќе стекнат работна навика после факултет.

Мислим дека не ја сфати суштината на постот, али нема везе.

Не е убаво да станеш полтрон, но ако веќе некој има услови да не мора да работи до некој 20, 21 тогаш би му советувал да го направи тоа. Среќа што ете сум тука и барем нешто штедам иако е исто срање, првото вистинско вработување ми беше 7 дена по матурската, значи ако сум останел еве како членов доле буквално исто ми се фаќа дали ќе сум работел од 18 или 20, 21.

убаво објасни што сакав да кажам.
 
у било која работа да работиш треба да се стремиш да бидеш најдобар и најефективен да се издвоиш од офците, а не само да работиш колку да се дешава нешто.
Еве ја ќе го земам примерот од мојата работа, ресторани за брза храна.
До пред некое време додека имав шеф Турчин имав можности да пробам да станам шеф на смена, односно ќе ми помогнеше тој во сето тоа. Да не се фалам далеку сум од некој работник пред се поради размислувањето, но во оваа работа се надминувам себеси кога сакам. Прво не размислувам така, со тоа што ќе станам шеф треба да почнам да ја чуствувам фирмата за своја и тоа за само неколку стотина евра плус. Ама ае ок тие пари ќе ми го платат станот и јадењето и ќе поминам преку тоа. Проблемот настанува кога ти едноставно мора да станеш тоа што најмногу мразам а тоа е шпион, кодош, душкало, итн. При пробниот период прво шо те прашува шефот кога се број на крајот на денот е дали некој од работниците го земал бакшишот, дали некој јадел тоа што е недозволено, дали некој бил премногу у веце денеска и се откажав за ден и пол. Ова се случува барем според мене на најголемиот дел од работините места во приватниот сектор освен како што кажав во тој ИТ сектор, барем се надевам дека е така.

И ајде сега кажи ми ти какво е тоа напреднување и борба за повисока позиција?
 
Еве ја ќе го земам примерот од мојата работа, ресторани за брза храна.
До пред некое време додека имав шеф Турчин имав можности да пробам да станам шеф на смена, односно ќе ми помогнеше тој во сето тоа. Да не се фалам далеку сум од некој работник пред се поради размислувањето, но во оваа работа се надминувам себеси кога сакам. Прво не размислувам така, со тоа што ќе станам шеф треба да почнам да ја чуствувам фирмата за своја и тоа за само неколку стотина евра плус. Ама ае ок тие пари ќе ми го платат станот и јадењето и ќе поминам преку тоа. Проблемот настанува кога ти едноставно мора да станеш тоа што најмногу мразам а тоа е шпион, кодош, душкало, итн. При пробниот период прво шо те прашува шефот кога се број на крајот на денот е дали некој од работниците го земал бакшишот, дали некој јадел тоа што е недозволено, дали некој бил премногу у веце денеска. Ова се случува барем според мене на најголемиот дел од работините места во приватниот сектор освен како што кажав во тој ИТ сектор, барем се надевам дека е така.

И ајде сега кажи ми ти какво е тоа напреднување и борба за повисока позиција?

ќе бидеш све што треба ако сакаш, ќе се адаптираш на секоја ситуација. Немој да мислиш ти дека у ИТ е поинаку, секаде каде што има надреден има и игри.
 
ќе бидеш све што треба ако сакаш, ќе се адаптираш на секоја ситуација. Немој да мислиш ти дека у ИТ е поинаку, секаде каде што има надреден има и игри.
За моите 20 морав да се адаптирам премногу и да голтнам многу кнедли, да се откажам од многу, пред се човечки убедувања баш по ова прашање, тоа е последната работа која ме прави сеуште поразличен од добар дел од останатите денешни работници, кои се исти без разлика од која земја и да доаѓаат, така да нека биде тука границата.
 
Ти сега си почнал со животот, има уште многу фурни леб да јадеш.
 
Не би рекол дека сум лош другар, баш напротив, нити сум убедувал некого да не работи нити било што, туку само сум го изнел моето мислење зашто не е добро како млад (зборуваме за некој 18-20 години или додека не го заврши факсот) да работаш.

Фрката е у тоа што ти не ме разбра многу добро, затоа и нагласив на почетокот на постот дека ја сум млад, дефинитивно помлад од мнозинството форумаши овде.

Не зборувам ја за личности кои имаат 30 години и се гребат за цигара и да пашнат гане и не сакаат да работаат, туку зборувам за млади и свежи луѓе кои излегле од средно школо пред година-две. Сеедно ќе стекнат работна навика после факултет.

Мислим дека не ја сфати суштината на постот, али нема везе.
Многу добро ти го сфатив постот. Еве пошто си многу млад, ќе претпоставам дека уште си во средно, евентуално факултет. Според тебе која плата е океј за некој што уште е во средно? И која плата е океј за некој со завршен факултет?

Тргни ги платите во Европа и Америка. Нашата среќа била да се родиме во Македонија и да го живееме тој стандард. Мислиш ли ти дека вредиш 500 евра, а немаш средно/факултет уште завршено?

За моите 20 морав да се адаптирам премногу и да голтнам многу кнедли, да се откажам од многу, пред се човечки убедувања баш по ова прашање, тоа е последната работа која ме прави сеуште поразличен од добар дел од останатите денешни работници, кои се исти без разлика од која земја и да доаѓаат, така да нека биде тука границата.
И допрва ќе се откажуваш, и ќе голташ кнедли. Секаде е исто, еве со тебе зборам 2цата работиме во странство и различни бранши и држави, секаде ќе гризаат. Ќе се бориш и ќе го потиш газот се додека не успееш да станеш свој газда и да не ти прави никој игри. Едноставно е, или ќе успееш и ќе жртвуваш многу работи, или ќе те изедат и ќе работиш за минималец каде што секој ќе си игра со тебе.
 
Многу добро ти го сфатив постот. Еве пошто си многу млад, ќе претпоставам дека уште си во средно, евентуално факултет. Според тебе која плата е океј за некој што уште е во средно? И која плата е океј за некој со завршен факултет?

Тргни ги платите во Европа и Америка. Нашата среќа била да се родиме во Македонија и да го живееме тој стандард. Мислиш ли ти дека вредиш 500 евра, а немаш средно/факултет уште завршено?

И допрва ќе се откажуваш, и ќе голташ кнедли. Секаде е исто, еве со тебе зборам 2цата работиме во странство и различни бранши и држави, секаде ќе гризаат. Ќе се бориш и ќе го потиш газот се додека не успееш да станеш свој газда и да не ти прави никој игри. Едноставно е, или ќе успееш и ќе жртвуваш многу работи, или ќе те изедат и ќе работиш за минималец каде што секој ќе си игра со тебе.
Јас размислувам да останам на своето се додека не се почуствувам способен од секој аспект да бидам како што кажа сам свој газда. Единствено нешто добро е што надвор од Македонија се штеди па можеш да размислуваш на таков чекор, затоа и викам ако веќе неко јрешил да седи доле барем тие 2 до 3 години нека ги проживее во забава и патување, барем во мкд.
Автоматски споено мислење:

Ти сега си почнал со животот, има уште многу фурни леб да јадеш.
Хахаха немој со овој маалски став на постар батко кон копиљ и со вие излитени фрази со фурни и лебови. Знам добро како е а и како ќе биде и без тие лебови и фурни, се е до одлуките, џабе и секој ден да јадеш од тој лебот ако не научиш дека прво залакот се џвака па голта.
Автоматски споено мислење:

Инаку @joli1 не ти ја знам ситуацијата ама не вреди да се мачиш во Македонија да работиш толку многу за некој ептен ситен ќар, додека други имаат далеку полежарни работи а земаат слични плати на твојата. Сите шо се вработија одма после средно ми се чудеа зошто одбрав тешка работа а исти пари зимавме, се убив пола година од работа баш како во твојот случај и тоа за ништо повеќе.
 
Последно уредено:
Многу добро ти го сфатив постот. Еве пошто си многу млад, ќе претпоставам дека уште си во средно, евентуално факултет. Според тебе која плата е океј за некој што уште е во средно? И која плата е океј за некој со завршен факултет?

Тргни ги платите во Европа и Америка. Нашата среќа била да се родиме во Македонија и да го живееме тој стандард. Мислиш ли ти дека вредиш 500 евра, а немаш средно/факултет уште завршено?
Средното го завршив пред некоја година, а на факултет не одам бидејќи во мојот град предавањата се стриктно на албански и не можам да си дозволам да студирам во Скопје, па затоа само работам.

Платата би требала да зависи од одговорностите, задачите, тежината на работата како и вештините кои се потребни за да се врши таа работа. Не гледам каква корелација би требало да има меѓу тоа каде учи/учел и колку плата треба да земе.

Ако некој средношколец работа во кафиќ како келнер, тогаш тој треба да зема иста плата како келнерот што има 30тина години и работа со него, нели? Можеби некој денар повеќе за постариот ако има повеќе искуство.

Не гледам каква врска има моабетот сега со факултетот, дали за да вредам јас 500 евра треба факултет да завршам? Постојат луѓе кои што прават повеќе од 500 евра месечно кај приватник, а не ни завршиле факултет. Ако можам да ја работам таа работа и да ги вршам сите задачи, ако ги имам сите вештини потребни за вршење на таа работа и ако сум одговорен и точен на време зашто не би можел јас да ја земам таа плата?

Мислиш ли дека факултетот (зборам за нашите факултети) се гаранција за способност за вршење одредена работа?

Проблемот за кој што јас зборувам не е дали средношколците или тие што сега почнале на факултет требаат да земаат 500 евра (а треба доколку поседуваат способност за работање одредена работа, ги поседуваат сите потребни вештини и знаат да го работат тоа што треба) туку тоа што овде работаш работа за која што треба да бидеш платен 500 евра, а платен си 250 евра и плус работаш прекувремено.
 
Дел од вас збори како сите сопственици на бизнис да го добиле тој бизнис со крадење од Југославија, па сега се изживуваат над вработените, при што менаџираат незаслужен капитал! Има такви, ама поголемиот дел сами си го имаат печалено бизнисот. Поготово помалите бизниси.
Проблемот е друг, еве јас 15 години менаџирам бизнисче, што туѓ што свој, не сакам да отворам тела за неодговорни вработени. За немање квалификации да не збориме, луѓе нашиов образовен систем продуцира магистри кои немаат познавање ниту на 10% од својата работа. Јас ги жалам, не сакаат да прифатат минималец, пошто нели магистар ли е што ли е! Од друга страна јас не можам да ги платам повеќе пошто ни тој минималец не можат да си го заработат. Не барам ќар, штета да не сум само! Да не сум, ама сигурно имам држено такви работници по година скоро. Додека не застанете од другата страна, ќе си мислите дека мед и млеко тече кај газдите! Во Мк ретко има раат да бркаш работа, воопшто бизнис климата е ај ми си оди, него ајт!
 
Главниот проблем кај нас е образованието така да до некаде ги разбирам и работодавците зошто не сакаат да си бркнат подлабоко во џебот..

Образованиево ни е катастрофа, програмите за учење тотално надвор од сите случувања, пракса минимална или никаква и што очекуваш од ваков кадар ? Завршува механичар средно појма нема од основни работи, завршува компјутерски техничар еден пц не знае да форматира а за други напредни вештини воопшто и да не правиме муабет, завршува економски факултет сметководство само теорија нема појма од реална работа. За разлика од развиениве држави каде што он веќе уште од средно каде што се определил има број на часеви каде што оди на работа и е плаќан за тоа, додека заврши средно/факс веќе е спремен кадар
Ама не се криви децата за тоа. Прво секоја пракса кај нас е бесплатна, додека на запад е платена, зошто децата да одат редовно на пракса и од каде мотивација ако не им е тоа платено. Ама кај нас уште со методите од стариот систем, ае за ваше добро е тоа, така ќе научите, шо ви требаат пари, додека на некои пракси од типот на медицинските и за кувари/келнери децата повеќе работат и од вработените.
Автоматски споено мислење:

Дел од вас збори како сите сопственици на бизнис да го добиле тој бизнис со крадење од Југославија, па сега се изживуваат над вработените, при што менаџираат незаслужен капитал! Има такви, ама поголемиот дел сами си го имаат печалено бизнисот. Поготово помалите бизниси.
Проблемот е друг, еве јас 15 години менаџирам бизнисче, што туѓ што свој, не сакам да отворам тела за неодговорни вработени. За немање квалификации да не збориме, луѓе нашиов образовен систем продуцира магистри кои немаат познавање ниту на 10% од својата работа. Јас ги жалам, не сакаат да прифатат минималец, пошто нели магистар ли е што ли е! Од друга страна јас не можам да ги платам повеќе пошто ни тој минималец не можат да си го заработат. Не барам ќар, штета да не сум само! Да не сум, ама сигурно имам држено такви работници по година скоро. Додека не застанете од другата страна, ќе си мислите дека мед и млеко тече кај газдите! Во Мк ретко има раат да бркаш работа, воопшто бизнис климата е ај ми си оди, него ајт!
Ништо лично друже, поштовањето го имаш од други теми ама кај нас секој со мал бизнис, од типот на ресторанчиња, погончиња, кафичи, сендвичари, продавници се збогатува преку трудот на работникот, не викам дека не е легално но дали е хумано не знам баш. Додека они имаат веќе стекнато две па и три коли, зависно од тоа колку им се големи децата, додека веќе имаат два стана, додека не пропуштаат продолжен викенд за Грчка, нивните работници едвај преживуваат и врзуваат крај со крај. Така да не може ни да ги споредиме двете страни во никој случај. Пак ќе кажам со доза на респект има и многу добри газди, јас имав среќа да работам кај такви но нема споредба вашето со нашето.
 
Последно уредено:
За нас младите сметам дека е многу неисплатливо да работиме, моменталните газди се оние кои што живееле во Југославија и истото им било на нив правено па сега они го прават истото на нас помладите.
Ти мислиш дека она што денес им го прават на работниците во Македонија, порано истото им го правеле на работниците во Југославија?
Стварно до толку поима немаш тогаш како било у таа држава, или некој те пуни со глупости и лаги за тоа време?
 
Ама не се криви децата за тоа. Прво секоја пракса кај нас е бесплатна, додека на запад е платена, зошто децата да одат редовно на пракса и од каде мотивација ако не им е тоа платено. Ама кај нас уште со методите од стариот систем, ае за ваше добро е тоа, така ќе научите, шо ви требаат пари, додека на некои пракси од типот на медицинските и за кувари/келнери децата повеќе работат и од вработените.

Не се криви децата криви се родителите, што наместо да ги праќаат по пракси ги замараат да поминеле одлични па со сите 5ки и сл глупости

Воопшто не е битно дали плаќаат работодавачите или не, они те учат во ситуацијавата дури и да платиш ти не си зијан во никој случај. Ете стај се во позиција на родител, сигурен сум дека дури и ќе платиш на некој работодавач за да го научи твоето дете на некоја вештина со која ќе може да заработува во иднина

Ништо лично друже, поштовањето го имаш од други теми ама кај нас секој со мал бизнис, од типот на ресторанчиња, погончиња, кафичи, сендвичари, продавници се збогатува преку трудот на работникот, не викам дека не е легално но дали е хумано не знам баш. Додека они имаат веќе стекнато две па и три коли, зависно од тоа колку им се големи децата, додека веќе имаат два стана, додека не пропуштаат продолжен викенд за Грчка, нивните работници едвај преживуваат и врзуваат крај со крај. Така да не може ни да ги споредиме двете страни во никој случај. Пак ќе кажам со доза на респект има и многу добри газди, јас имав среќа да работам кај такви но нема споредба вашето со нашето.

Од страна се изгледа полесно, пробај отвори кафич/ресторан па да видиш дали е така лесно до големи пари. Еден куп пробаа, вложија илјадници евра па по брза постапка и затворија
 
Ти мислиш дека она што денес им го прават на работниците во Македонија, порано истото им го правеле на работниците во Југославија?
Стварно до толку поима немаш тогаш како било у таа држава, или некој те пуни со глупости и лаги за тоа време?

Не знам зашто толку нападно го осетив постов. Искулирај, не ми беше намера никого да навредам ниту да ширам дезинформации, туку тоа што го напишав е тоа што го имам чуено од моабети на постари кои како средношколци работале кај одредени газди во одредени мали дуќани и каде врз нив газдата се има иживљавано. Не зборам за оние кои што работале во Тетекс, Југохром или останатите државни фирми.
 
Ова мислам дека било пред 45. Кога имало повеќе занаетчии и родителите ги праќале своите деца на занает кај одреден мајстор во зависност со шо се занимава. За тоа си во право, тоа време и ќотек добивале.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom