Геноцид, погром и етничко чистење

Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Нема логика да се отвори дебата за ова уште 50 години.
Некој во меѓувреме ќе треба да гледа фарми,пинкове звездице, парови.
Со кое лице после дебатата ЈК и Аца Лукас ќе ги викнеме на концерт за 2 август ?!
Ама увреѓени и изненаѓени биле што сме го признале Косово, а тие толку пријателски во грчко-римски стил распнувале на крстови, си се договараа со грците за заеднички настап на нивните трупи во 90-тите, го испокрадоа цело оружје од нашите касарни, за кое нашиот народ 'рмбал 45 години и почнаа да поставуваат знаци FYROM пред граничните премини. А да, и тоа што амбасадата на САД беше запалена како протест против бомбардирањето на Косово и од речиси секое македонско село беа испратени донации за поплавите пред 10 години е небитно.
И таман е баш на 2-ри август да се викаат српски ѕвезди, како резултат на заблагодарување на тоа што не смееме да го посетиме манастирот Прохор Пчински, симбол на вториот Илинден и нашата државност.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
prasaj ja majka ti.
сестро златна немој овакви муабети, ако имаш да понудиш нешто на кои ги засноваш твоите тврдења у реду, али ако тие ниво со ниски муабети што не кажеш за да се спуштам на тоа ниво да ме разбереш.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Ko za pocetok, nivnoto predsrpsko ime, prezime, a potoa sliki vo tradicionalna mk nosija.
Автоматски споено мислење:


Kako be ? Neli si od Veles?
Ami za masakrot na 15 januar si slushnal?
Знам за масакарот од страна на Озна, ама никогаш не сум слушнал збор за тоа во основно, туку сум прочитал на интернет.
Автоматски споено мислење:

Михаил Каламатиев - прво ВМОРО, па после српски четник.

Глигор Соколовиќ -ВМОРО и Врховен Комитет, дури учествува во Илинден. После неуспехот на востанието успева да се пробие до Врање каде што станува српски агент.

Темелко Бајрактарчевиќ - исто како и Глигор, само помалку познат.

Јован Бабунски - станува србин после поминување на цел образовен систем спонзориран од друштвото „Св. Сава“. Пред тоа егзархијски ученик нема ни с од српско кај нив.

Стојан Мишев, ВМОРО, па Македоно-одринско ополчение, па околиски началник на бугарската власт во Македонија, па член на МФО. Се зближува до аграријанците на Стамболиски и после Неврокопската акција на ВМРО успева да се извлече и се става во служба на српската власт во Македонија. Еден од водачите на Здружението за борба против бугарските бандити.

Мицко Крстиќ - станува србин во затвор. Прв четнички војвода во Македонија со вкупно 7 души чета. Подоцна нараснува до 30 регурутирани од србоманите во Поречие.

Кај повеќето истакнати српски четници родум од Македонија имаме јасен момент на престврт. Голем дел од нив се регенанти од ВМОРО, дел се обични пљачкаши и бандити што наоѓаат во Србија стабилен извор на приходи и оружје и сл.

Се на се бројот на српските чети до Младотурската револуција изнесува околу 20, повеќето водени од српски официри од Србија. Кадарот им е попунуван или од Србија или од србоманите од 2-3 посрпски региони во Вардарска Македонија (пример Порече).
Автоматски споено мислење:


Мислам дека ни македонците не би сакале баш многу да чујат зошто и како тие работи се случиле.
Како мислиш не би сакале?
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Како мислиш не би сакале?
Иако учествува во градење на македонска нација, Панко Брашнаров е еден од тие што не се согласува со бришењето на се што е бугарско од стрна на новата власт. Шатев до Брашнаров
като трибуна да се ругае всичко б'лгарско, макар и да е исторически факт, че илинденците са се чувствали и са дејствали всјакога и навсјак'де като хора с б'лгарско с'знание
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.114
Поени од реакции
27.664
Ај и за тебе како и за претходните членови, некој доказ да понудиш рецимо како се изјаснувале пред „посрбувањето“, зошто се посрбиле и повеле во бој толку народ... или и ти како претходните така ти кажале баба ми и дедоми...
Ај вака мудријашу...
Косово и Вардарска Македонија во исто време Србите ги ``ослободиле`` за време на Првата Балканска Војна.
Зошто ниеден православен не е убиен во Косово а во Македонија дури се организирани 2 востанија ?!
Според тебе доколку во Македонија живеело српско население , зошто имало потреба таа територија да се колонизира ?!
Војводина имала многу мал број на српско население па била колонизирана. Косово имало многу мал број на српско население па било колонизирано.
Босна немала мал број напротив, мнозинство биле србите па не била колонизирана.


Зошто цела статија на српски има за србизацијата каде што се споменуваат и македонците како посебен народ а не како локален назив на српското население ? клик
Автоматски споено мислење:

Да, деца во фурна биле горени и тоа живи биле фрлани. Исто и луѓе биле палени живи. Ѕверствата се огромни, затоа напоменав дека иако не е најмасовен прогон сепак методите се најѕверски.
Не знам дали си чул и за фрлани попови во бунари бидејќи не сакале на српски да проповедаат.
Охридско и струшко се регионите каде што секој од постарите (1920-1930 роден може да ја потврди оваа информација). Затоа до 90-тите се врти ``хуморот`` дека охриѓаните се бугараши.
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Иако учествува во градење на македонска нација, Панко Брашнаров е еден од тие што не се согласува со бришењето на се што е бугарско од стрна на новата власт. Шатев до Брашнаров
Без разлика што било и што се крие, Панко бил човек од народот, храбар борец, кој за разлика од некој не сакал да прави викендици по велешките села туку патишта за народот.
Луѓето треба да ја знаат вистината.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Без разлика што било и што се крие, Панко бил човек од народот, храбар борец, кој за разлика од некој не сакал да прави викендици по велешките села туку патишта за народот.
Луѓето треба да ја знаат вистината.
Панко бил човек од народот, aрно ама денес ако е по теркот на Панко бугарската страна во спорот испаѓа во целост во право. Затоа и нема никогаш тука тој и тие со слична судибна од тој период да дојдат во преден план.
 
Член од
17 јануари 2015
Мислења
421
Поени од реакции
194
„Војната се враќа“ (1934 г.) от Анри Пози

Францускиот писател и поранешен најдобар пријател на српскиот народ ги опишува во својата книга ужасните работи за кои тој бил сведок во Македонија.

Го видов следново:
Во Битола, на стотина метри од местото, на една од најфреквентните улици во градот, ужасни извици, се слушаше вистинска врева од отворените прозорци на основно училиште. Двајца учители со удари со линијар, би претепале шест момчиња кои се врзани за своите редови. "Валкан бугарски! Македонска свиња! Јас ќе те научам српски!
[3]

Ја напуштив Македонија потиснат, возбуден. Згрозен од она што го видов таму, слушнав, сфатив, проверив лично јас - благодарение на можностите за истражување, со кои располагав и покрај големите напори на белградските агенти да ме спречат по секоја цена да откријам вистината. И велам, јас, Французин, кој длабоко ја сака Србија и кој го докажа тоа доволно веќе дваесет години - изјавувам со чувство дека мојата пресуда изразува многу помалку отколку што е во реалноста, луѓето што ја претставуваат Македонија денес сегашните господари на Југославија, кои се службеници, судии, свештеници или полицајци, ја замаглуваат својата страна. Пред да отидам на местото, пред да видам со свои очи, одбив да ја прифатам, и покрај нивната точност, реалноста на обвиненијата упатени од македонските организации во Бугарија против српската администрација во Македонија. Сега го признавам тоа: тие не содржат погрешни зборови. Сите случаи на суровост, насилство, деспотизам, неморал што можев да ги проверам, им признавам вистински - без никаков исклучок. Материјално и морално поробените се угнетувани, ограбувани, измачувани и надвор од секоја идеја. Нема можност за нив да бараат правда, нема помош, нема заштита за никого, без оглед на неговиот социјален статус, полот, неговата возраст. Во Македонија тие конфискуваат, затвораат, измачуваат, убиваат легално, систематски, смирено, сурово.[4]

 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Иако учествува во градење на македонска нација, Панко Брашнаров е еден од тие што не се согласува со бришењето на се што е бугарско од стрна на новата власт. Шатев до Брашнаров
На линија на усташството и по македонското прашање си гледам.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Ај вака мудријашу...
Косово и Вардарска Македонија во исто време Србите ги ``ослободиле`` за време на Првата Балканска Војна.
Зошто ниеден православен не е убиен во Косово а во Македонија дури се организирани 2 востанија ?!
Според тебе доколку во Македонија живеело српско население , зошто имало потреба таа територија да се колонизира ?!
Војводина имала многу мал број на српско население па била колонизирана. Косово имало многу мал број на српско население па било колонизирано.
Босна немала мал број напротив, мнозинство биле србите па не била колонизирана.


Зошто цела статија на српски има за србизацијата каде што се споменуваат и македонците како посебен народ а не како локален назив на српското население ? клик
Автоматски споено мислење:


Не знам дали си чул и за фрлани попови во бунари бидејќи не сакале на српски да проповедаат.
Охридско и струшко се регионите каде што секој од постарите (1920-1930 роден може да ја потврди оваа информација). Затоа до 90-тите се врти ``хуморот`` дека охриѓаните се бугараши.
Кој кажа дека немало колонизаторска политика, но никаде не спомнувате дека одредено население со турците си собрало парталите и фатило цариград, па некој требал тие површини да ги обработува, а што ти е нива ако нема кој да ја работи, инаку по ваша логика и космет не е српски таму живееле други луѓе ама србите не го ослободиле туку го узурпирале, него што правиме со србите на овие простори пред турско, ајде нели во 19 и 20 век ги посрбувале, но што пред 15 век?, што со тие луѓе испариле и се претвориле во македонци после турско?
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Кој кажа дека немало колонизаторска политика, но никаде не спомнувате дека одредено население со турците си собрало парталите и фатило цариград, па некој требал тие површини да ги обработува, а што ти е нива ако нема кој да ја работи, инаку по ваша логика и космет не е српски таму живееле други луѓе ама србите не го ослободиле туку го узурпирале, него што правиме со србите на овие простори пред турско, ајде нели во 19 и 20 век ги посрбувале, но што пред 15 век?, што со тие луѓе испариле и се претвориле во македонци после турско?
Кои се тие срби?
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Кои се тие срби?
Дорбо познат рецимо краљевиќ марко од мрњавчевиќи,помалко познати неговиот чика и татко вукашин и угљеша мрњавчевиќ, краљ милутин кој има милион цркви изградено на овие простори, цар душан кој е крунисан во скопје како цар на срби, грци и бугари...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom