Не дека не ги заболе за Премиер Али цела кампања ја тераше на карта Премиер Албанец грото гласови го доби на таа карта, и мислам дека ќе игра до крај за таа опција бидејќи ако прифати да биде во Влада без да имаат тие Премиер исто како да се посипал со пепел, јас мислам дека тие се спремни попарво да идат во опозиција од колку да не добијат Премиер. А сите добро знаеме дека Али е најитриот политичар во последниве 18 години .
Лесно е да бидеш итар кога во твоја полза работи речиси целокупната западна дипломатско разузнавачка структура, од добивање на инфо до разработка на сите можни сценарија, згора на тоа стави го фактот што „нашиве“ им се во џеб на западот на еден или друг начин, и ќе сфатиш кој е Али Ахмети.
Не само ДУИ туку сите албански партии во Македонија генерално.
Тука додади го влијанието на тоа колку и како ровари бугарското и грчкото разузнавање и како играат во зависност од линијата на интерес.
Е сеа кажи ми каде ќе беа ДУИ, АА, БЕСА без сево ова погоре набројаното, затоа шо се создава погрешна слика за тоа кој ја игра играта, не ги потценувам, ама се далеку преценети.
Појдовна точка е инсталација на корумпирани политичари во врвот на сега веќе условно речено македонските партии,кои со доаѓање на власт се преточуваат во државно раководство, се друго понатаму е лесно. Не може да бидеш патриот и без усул да му го крадеш лебот од устата на својот народ.
Од независноста до денес, ние македонците како народ не покажавме никакава државотворност, од моментот кога пола држава ја оставија на улица па сеа тие ликови да ниглумат успешни бизнисмени, до фиромизацијата, промената на знаме, 2001 е комитрагедија, локалната самоуправа како вовед во де јуре кантонизација итн се до ден денес. Револт има, ама никој никогаш не го артикулирал а тоа не е случајност.
Лесно е да направат и светец и ѓавол од тебе ако сакаат, сеедно е што си.