Фан Клуб: Челзи

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
544
Апокалипто какви 3:1? : )

Фанови на Челзи, тоа е фудбалот, можете да жалите за пропуштената шанса, имавте и 1:0 водство.

Оваа година тешко до титула...можеше веќе да имате една ама тоа е.
Изгледа сепак сум пророк.

Ај еден голем поздрав до вас.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Го земате, мора да се признае, иако не ни почнал мечот.
За Тотенхем навивам, ама реално немаат шанси со вас.

Ама Тотенхем со овие играчи мислам дека може многу подобро да игра.
Што ве нема да пишете? : ) )

Ууу, каков меч само, 1:1 на крајот. Сега ќе се играат продолженија. Челзи поведе со голот на Дрогба, ама Тотенхем второто полувреме го одигра одлично и од пенал израмни Бербатов. После имаше неверојатна шанса Зокора, што промаши ни самиот не е свесен. Имаше уште некоја шанса за Тотенхем.

Ај поздрав, ќе има исцрпувачки фудбал и во продолженијата.

Едит: 2:1 за Тотенхем, каква грешка на Чех, Вудгејт случаен стрелец!

Можда стварно сум пророк?
Апокалипто какви 3:1? : )

Фанови на Челзи, тоа е фудбалот, можете да жалите за пропуштената шанса, имавте и 1:0 водство.

Оваа година тешко до титула...можеше веќе да имате една ама тоа е.
Изгледа сепак сум пророк.

Ај еден голем поздрав до вас.

Прво да ти го објаснам зборот пророк: Човек којшто има моќ однапред да предвиди некој настан кој постои голема веројатност да се случи и поинаку. Значи за да се нарекуваш пророк прво треба нешто да кажиш, и то така да се случит, а не обратно како во овој случај.

Второ, ќе ти дообјаснам ако ова првово не ти е јасно.


Сега да си го искоментирам натпреварот: Тотенхем почна смело и агресивно уште од почетокот, зато што немаше шо да изгубит. Без разлика на тоа што Челзи е очигледно поквалитетен тим, во вакви натпревари, значи финале, нема фаворити, затоа што влогот е огромен. Пеналот коректно досуден, судиите и играчите на висина на спектаклот.
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Мој коментар за мечот: Почнав да гледам откако Челзи го даде голот, и единствено што може да се каже дека некој не доминираше, се играше отворено...како право финале, уживање. Секоја чест за двете екипи.

оф топ: Ех Фантоме, кога не ме слушаш. : ))
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
544
Овој над мене така ме нарече.

Мој коментар на мечот: Изгуби Челзи заради Грант.
Кога не треба толку, победува, кога треба да се победи, губи Челзи.

Мислам дека Челзи имаше потенцијал да победи, ама изгуби.
Јасно е дека Мурињо е човекот, а не Грант.

И фала Фантом на дефиницијата, ќе ми послужи во живот.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Ред Девил, не мораш во секоја манџа запршка да ставаш на секое, гледај си животот. Челзи изгуби заради шо Тотенхем изигра поубо, не заради Грант. Мурињо беше и помина, ние да сме здрави и живи.
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
А како тоа оценувате работа на стратег во толку мал период, па до пред 1месец уште се збореше за заминувањето на Мурињо, и во тој период конечно играчите се помирија со фактот Грант и дека треба да се продолжи напред.

Јас искрено не видов лоши резултати на Грант, напротив стигна до првото финале за него...сеуште одржува чекор за тронот во премиер лига, навидум лесен реванш со Олимпиакос дома, ФА купот исто. Сосема солидни резултати.
 
F

fantomX

Гостин
По некој ден еве сум и ја...
Прво за финалето, коректна победа на Тотенхем. Не окривувам никого.
Несмасна реакција на Бриџ при пенало, ама инаку одличен беше и мислам дека во секој случај со него беше поарно отколку да играше Ешли Кол оти овај е во очајна форма и полошо ќе беше.
За Чех, man of the match!:) Сериозно, грешката беше почетничка, катастрофална ама со одбраните во регуларнио дел, Чех го спаси Челзи од пораз по 90 минути.
За Грант, се надевам дека другпат нема да му текни да испробува во едно финале. Баш тогаш најде да ги пробува Дрогба и Анелка заедно.
Судијата требаше да ја остај докрај акцијата на Калу на крајо, ама ко не можевме 120 минути, па во 122та да се вадиме... Не е то то...
Ама ко шо реков, никој не е крив.
Тотенхем тепа по две катастрофални грешки на нашите играчи, ама то не ја намалува вредноста на победата. Со залагањто и желбата заслужија.
Повеќе среќа во следното финале за Челзи, се надевам во Москва:):chelsea 2::chelsea 3::chelsea 2:

Сега, за следнио дуел...
Сабота, на гости со Вест Хем.
Можи да биди и лошо, а можи и да ги растуриме ко лани. Уше едно типично лондонско дерби.:chelsea 2:
 
F

fantomX

Гостин
Втора минута од мечо, поништен чист гол на Анелка заради офсајт. Е браво бе...

ЕДИТ: Пенал во 15 минута, оправдано заради фаул над Калу на 15 метри од голот.
И гол на Лампард! 0-1 за Челзи!!!

Џо Кол!!!!!!!! 0-2!!!
Прекрасен гол! Од 16 метри по земја, во аголот.

0-3!!!!!!!!!!!!
БАЛАК!!!!!!!!!!!!!! Каков ефектен волеј!
Ги торпедиравме за 20 минути, ова не вреди појќе да се гледа:)
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
Лелелеле ги отворивте у пм. 0-4 и без Лампард. А кога ќе ми текне дека еден другар ја пиша 1 у кладилница :)
 
F

fantomX

Гостин
И со играч помалку од средината на првио дел, пак водиме 0-4 и им ја држиме топката. На 25 минути до крајо велам, Челзи 200% ги зема трите бода.
 

CaMeC

Рамос - 4
Член од
18 јуни 2007
Мислења
2.266
Поени од реакции
10
Gi zgazivte westhem Cestita pobeda..a zoso dobi lampard crven
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Еве ме и мене на темава. Каков натпревар! Конечно се испукавме саглам, само Лампард попушти нервно, тоа не чинеше...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom