Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување

head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.405
Поени од реакции
590
Дечки здраво,

првпат пишувам во групава, бидејќи сум немал досега папагалче, но од пред некој ден почнав да чувам тигрица, машко, и се вика Рики

Рики не е младо пиле, го најдов кај мене во влез пред врата, и така почна нашата дружба.

Деновиве се привикнуваме еден на друг, сеуште е плашлив, но си јаде просо, си пие вода, и обожава јаболки.

Меѓутоа денес ме секира, некако пасивен е, претежно е со главата свртена наназад како на сликата. Па ме интересира, нормално ли е вака да се однесува, со оглед дека минатите денови беше по весел, си пееше, си се дружеше со огледалото...

Поздрав





Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
 

Styx

nocturnal
Член од
8 ноември 2008
Мислења
47
Поени од реакции
91
Здраво, имам папагалче тигрица старо околу 5 години, и досега немало никаков проблем со него, живо е, игриво, но утрово забележав дека стои на дното од кафезот, пробува да се движи, но делува сосема дезориентирано, се занишува. Исто така, пробува да ги рашири крилјата но не може. Имал некој сличен проблем со нив? Што би била причината и како да му помогнам?
 
Член од
2 октомври 2018
Мислења
2
Поени од реакции
1
Сакам да купам рачно хранет Розенколис дали знаете која им е цената по одгледувачниците?
 
Член од
16 август 2015
Мислења
237
Поени од реакции
288
Нимфите се супер и достапни,но они само знаат да имитираат свирење ....Александарот е исто но ниво повисоко,они се папагали штетници,лом ќе ти напраат дома :)
aleksandar mal zelen mi e omilen papagal ama i skapichki se :)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.274
Поени од реакции
15.396
Дечки здраво,

првпат пишувам во групава, бидејќи сум немал досега папагалче, но од пред некој ден почнав да чувам тигрица, машко, и се вика Рики

Рики не е младо пиле, го најдов кај мене во влез пред врата, и така почна нашата дружба.

Деновиве се привикнуваме еден на друг, сеуште е плашлив, но си јаде просо, си пие вода, и обожава јаболки.

Меѓутоа денес ме секира, некако пасивен е, претежно е со главата свртена наназад како на сликата. Па ме интересира, нормално ли е вака да се однесува, со оглед дека минатите денови беше по весел, си пееше, си се дружеше со огледалото...

Поздрав





Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
Здраво, имам папагалче тигрица старо околу 5 години, и досега немало никаков проблем со него, живо е, игриво, но утрово забележав дека стои на дното од кафезот, пробува да се движи, но делува сосема дезориентирано, се занишува. Исто така, пробува да ги рашири крилјата но не може. Имал некој сличен проблем со нив? Што би била причината и како да му помогнам?
Sto napravivte so papagalite. ....duri sega pročitav, iako ne bi znael kako da pomognam
 

head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.405
Поени од реакции
590
Sto napravivte so papagalite. ....duri sega pročitav, iako ne bi znael kako da pomognam
Рики е ОК, се аклиматизира уште кафезот му е отворен цело време дур е внатре, ама нема некоја голема желба да излегува. Јаде зрна просо со витамини,сипина коска, јаболки по малку. Му купив базен, ама се чуди шо треба да прави со него и со водата во негоисто е и со другите играчки, освен со огледалото кое го обожава.
А штом го однесам на тераса, е тогаш се претвара во друг папагал, не можеш да го смириш, само се движи низ кафезот, секунда не седи мирен.


Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
 

head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.405
Поени од реакции
590
@head ti preporacuvam na papagalceto da mu zemes malku pogolem kafez so kjoshevi. Citav deka pticite imaat nekakov priroden instinkt da se zasolnuvaat vo kjoshevi deka tamu se cuvstvuvaat bezbedni.
пошто ми дојде папагалов ненајавен дома, кафезот набрзинка го купив без да размислам за ќошовите Башка по фенг шуи не чини ќошови да има
Така да, ќе си поседи у кафезов Рики.


Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.274
Поени од реакции
15.396
Зависи и од темпераментот....јас чувам Козица во исто така округли кафез, и немам проблем. проблем е што сака повеќе време да седи андвор од кафез, а внатре влегува само да јади и да дреми. Многу често предремува по неколку пати во денот, и кога ќе се разбуди одма бара за надвор 20170416_121031.jpg
 
Член од
19 август 2020
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво на сите :)
Пред неколку дена зедов младо папагалче, мал Александар, рачно хранет.
Првите два-три дена добро поминавме со хранење и интеракција, со тоа што не застануваше на мене додека јадеше. Вчера проба да ме касне дури му подавав сончоглед преку кафезот а сабајлево сам ми застана на раката јадеше малку и ме искаса.
Дали некој имал слично искуство и некаков совет?
Читав и гледав некои видеа меѓутоа не најдов ништо за конкретнава ситуација, претежно информациите се за постари папагали или со начини кои не ми се допаѓаат (како на пример прскање со вода)
Не би сакала да згрешам во пристапот па би ми значело ако имате совет.
Поздрав од мене и од Текила
 
Последно уредено:
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.672
Поени од реакции
4.153
Јас како што знам, 3 недели треба папагалот да седи во кафез да се навикне на околината и луѓето
 

Mundell

тој со бројките
Член од
24 септември 2014
Мислења
622
Поени од реакции
1.059
Здраво на сите :)
Пред неколку дена зедов младо папагалче, мал Александар, рачно хранет.
Првите два-три дена добро поминавме со хранење и интеракција, со тоа што не застануваше на мене додека јадеше. Вчера проба да ме касне дури му подавав сончоглед преку кафезот а сабајлево сам ми застана на раката јадеше малку и ме искаса.
Дали некој имал слично искуство и некаков совет?
Читав и гледав некои видеа меѓутоа не најдов ништо за конкретнава ситуација, претежно информациите се за постари папагали или со начини кои не ми се допаѓаат (како на пример прскање со вода)
Не би сакала да згрешам во пристапот па би ми значело ако имате совет.
Поздрав од мене и од Текила
Птиците сé темперамент, бетер од жените, дај и малку време да се опушти после е твоја9
 

S.L

Желба по титула :D
Член од
1 јули 2013
Мислења
1.896
Поени од реакции
1.341
Дечки, само една информација да споделам со вас... може веќе знаете, може не, не знам, ама ете да не направите грешка како што направив јас.
Пред некој ден за прв пат во живтот купив авокадо за да пробам какво е итд, арно ама папагалчето што го имав секогаш кога јадам седнува со мене и тоа да јаде, пазам што му давам за да не му направам некој проблем, но тогаш како за бељата или не е беља, сепак, моја непажња го оставив да проба... беше едно залче и се тргна... ми беше сомнително реално, ама искрено немав појма... почна дента да се понаша малце збунето... го приметив, ама мислев е заморен и легна да си спие... за сабајлето ситуацијата да се влоши, толку што веќе не можеше на нозе да седи... немав појма што му е пробав на секаков начин да го вратам... ситуацијата само се влошуваше, агонијата продолжуваше... 2 часа пред да испушти душа почна многу тешко да диши, престана да отвора клучнето... едноставно го снема, само седеше будно со очињата така некој саат и само престана да му работи срцето. Ве молам доколку не сте знаеле да внимавате... АВОКАДО никако да не им се дава... кога веќе ќе го прими за еден ден настанува смрт... Поразителен е фактот што 14 години сум го пазел како дете и ми умре од секунда моја неупатеност... сварно сум сјебан и нејќам некој од вас да направи таква слична грешка.
До сабајлево не ни знаев дека е тоа работата... ми беше многу сомнително како така наеднаш да умре, а беше сосема здраво. Сабаље се штрекнав во 6 часот отворив телефонот и одма гуглав за авокадото, ми идеше да си пукам во колено. :(
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom