Така е. Сфаќаш ли сега колку ние сме биле за никаде, штом ни за продолжена рака неикој не не земал? И сфаќаш ли колку ситуацијата и денес е иста?
Аха, сфаќам само дека не сме сервилен народ. Прв и единствен услов да те земе тебе како бесно куче една империја е да си сервилен... Колку и да ти се чини поинаку, тоа е опортунистички чекор.. . Западот, во Сан Стефано, не видел опасност од создавање на Вулгарија, туку од ширење на Русија...
Знам дека за тебе е полесна сервилноста, тие со коишто го делиш ставот до вчера дркаа на СССР и СФРЈ(не сум против концептот на СФРЈ), за преку ноќ да метаморфираат во најголеми апологети на евроатлснтизмот.... Но за среќа народот, глуп, ваков таков и покрај страшната пропаганда што се врши на него, ја препознава правата страна на Историјата. Можеби по цена на самоуништување, но едноставно ја тера таа патека...
Сме имале во историјата една кратка можност да добиеме "независна" држава, слична како НДХ, но едноставно немало апсолутно никаква подршка, што дури и идејата траела само неколку дена.
Колку и да се срамиш и да плукаш врз својот народ, претпоставувам поаѓаш од себеси и твојот мајндсет... ти не си репер за овој народ, ти си едната од многуте изгубени души на овој народ... Таквите ги има во секој народ. ... тие се најслабата карика на еден народ. И кога еден народ има тешки моменти, таквите излегуваат на површина.... Но тие кај нас за среќа се малцинство.... Народот можеби е збунет, преокупиран со помодарство и егзистенцијални проблеми, уплашен.... но не е како тебе....