Честит Илинден пред се, евреите пееле догодина во Ерусалим кога влегувале во гасните комори, па после Холокаустот изградиле своја држава, така и со нас, како нивните, така и нашите
Каповци нема вечно да траат,
Муабетот е продавање на историјата, има буквална и преносна смисла,
Буквална смисла во продавање на историјата би било, еве еден пример не дека е вистина
, кога институциите на системот во Република Македонија организираат да речеме археолошки ископувања во Хераклеја Линкестис, и грчкото разузнавање во меѓувреме воспостави операција во која преку посредници ги купува повредните артефакти кои ќе произлезат од истото тоа истражување, а се вадени надвор од локалитетот од скоро кој ќе стигне, правено чисто на опортунистичка база
Продавање на историјата во преносен смисол, е кога формално правно се откажуваш од одредени постапки кои можат да бидат преземени поради стекнати права врз основа на припадноста на одредена група која може да биде нација, племе итн... еве примерот со Бугарија, во овој случај тоа значи ретуширање или витоперење на историски факти, затоа шо дејанијата на фашистичка Бугарија за време на ВСВ не може да се избришат. Другиот дел е формално правно погребување на македонското малцинство таму, кое со децении се бори да биде признаено, вклучително и со добиени пресуди од судот во Стразбур...
Истото шо е направено за време на СФРЈ со историјата во делот на Вардарска Бановина за време на Кралството Југославија, сега се оди да се направи со Бугарија како фашистички окупатор во ВСВ на територијата на денешна МКД, при што се намалува негативниот ефект врз перцепцијата на односите помеѓу народите, за да се испеглаат односите на србите и македонците тогаш во рамките на СФРЈ, и бугарите и македонците сега, одредени периоди се ретушираат, не се бришат.
Нас не окупирале како дел од Кралство Југославија во ВСВ фашистичките војски, воглавно бугарски, за кратко по окупацијата србите од окупатори да ни станат сојузници, иако вршеле полна асимилација, насилства итн, сето тоа многу малку е експонирано за време на СФРЈ па до денешен ден.
Во целокупната Западна историска литература, се користат термини како Nazi Germany/Нацистичка Германија, и post war/ East/West Germany etc за да се направи дистинкција, шо би значело дека Фашистичка Бугарија и Социјалистичка Република Бугарија се два различни ентитети во историски контекст, ако не форсираат фашистички политики денес, не глеам зошто би биле навредени од употреба на одредени, политички и историски коректни термини.
Истото што беше случај со Вардарска Бановина и Кралство Југославија за време на СФРЈ тогаш, сега се прави со Бугарија, единствено прашање е кој е поголемиот контекст во кој сево ова е само сегмент. Мир во Светот сигурно не е
Патем речено, Граѓанската војна во Грција и егзодусот на тамошното словенско население тогаш, како и словенското население кое денес живее во Северна Грција, беше исто така формално правно погребано со договорот од Нивици.
Бонус е охридскиот рамковен договор во Устав, чисто да се дотолчи националниот карактер на Македонија, и сето тоа од лик, кој јавно се колнеше пред цела јавност, конкретно за промената на Устав и име, дека нема да ги прави, и тоа кобајаги на саркастичен начин. Да не ја изоставам и двојазичноста, како беше, кој тоа ќе воведе двојазичност во Пехчево, го донеле Заев да го смени името,и се е тоа во главата на Груевски итн
Да видиме кој ќе биде првиот штапски стаорец шо ке напише: а где је печат