Универзална сала во Скопје, ќе се руши ли?

Член од
30 мај 2019
Мислења
2.120
Поени од реакции
3.888
Никогаш не сум бил нешто да се руши, поготово што Универзална е еден градски симбол и донација како последица од земјотресот. Кога сум бил внатре стално ме фаќала језа од таванот и тие округлите плафони или што се не знам (ми било језа дека ќе ми паднат на глава секој момент). Убаво би било да се реновира, ама и таму е нач'чкано со згради и не знам колку може такво нешто да се изведе да изгледа пристојно и културно. Па карши Универзална кај Мајаковски како се граделе нови згради страшно е, можеш да видиш кој кога дрка, која се соблекла и во колку саат, кој грав сварил и што купиле од Тинекс.
Најмногу ме иритира градоначалникот неспособен и дебил, што се шлепаше на гласови за Универзална, за автентичноста на Скопје, за Скопје радост ти ќе бидеш, и на крај курац. Можеби среќа Златко Марин што не е градоначлник на Скопје.. :icon_lol::pov:

А, замислете комунистите на времето да испроектирале метро/воз/трамвај како во сите нормални европски престолнини. Што ќе дискутиравте сега? Ќе немаше за што муабет да се направи...
Она што било замислено за општина Аеродром, било плански изградено и уредено. Некој може да го дрви дали стилот на зградите бил грд. безвезе или што и да е, ама факт е дека со тие згради имало доволно паркинг, зелена површина, па паркчиња, градинка, училиште, места за дуќани и слично. Од крајот негде на 90-тите видовме Мекдоналдс на таа големата полјана (па тој Мекдоналдс после крахна, беше пустелија никаква, па Тренд го презеде). Почна со Мекдоналдс, па ТЦ Бисер (и ај ете треба некој трговски модерен ок) кој сега барем горниот дел зјае полупразен), па зградата кај Сансет кај што живеаа попови кои носеа по 2 - 3, како да се изразам културно... ескорти.. па после тоа зградата до неа и ред други згради во околината. Па близу воениот хотел еден куп нови згради, и уште има (близу школото Блаже Конески рој нови згради) и најнова е таа грдосија кај Мајчин Дом на сам булевар. Поентава е, порано имало смисла и плански се градело колку толку и ако имало потреба можело ширењето да иде надвор од градот, а не да гледаш некој дури си го брише газот. Денес нема никаква поента (имаш ТЦ Капитол карши ТЦ Бисер), згради нови куп, узурпирање на простор и зелени површини за профит. Јас мислев дека Аеродром го дожиевеа дното со оној залижаниот Коневски, ама очигледно со Марин проби ново дно.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.483
Поени од реакции
18.105
Не ми е јасно како една лименка може да има сентиментална вредност и да буди чувство на носталгија. Аман те, панта реи, нека рушат, ионака е нешто најгрдо во градов.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Не ми е јасно како една лименка може да има сентиментална вредност и да буди чувство на носталгија. Аман те, панта реи, нека рушат, ионака е нешто најгрдо во градов.
Луѓето се бунеа за Чичко Стоилко и Оној Кондураџијата. Остај ги они би живееле и во 1945та.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.896
Поени од реакции
42.593
Луѓето се бунеа за Чичко Стоилко и Оној Кондураџијата. Остај ги они би живееле и во 1945та.
па се бунеа, уништија едно 4-5 бизниси нечиви со тоа за ништо, сеа што има на тоа место? рушевина
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
па се бунеа, уништија едно 4-5 бизниси нечиви со тоа за ништо, сеа што има на тоа место? рушевина
Ќе има нешто поубаво секогаш 99% од новоградбите се пофункционални и поубави од старото.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.289
Поени од реакции
22.987
Не ми е јасно како една лименка може да има сентиментална вредност и да буди чувство на носталгија. Аман те, панта реи, нека рушат, ионака е нешто најгрдо во градов.
Пошта е погрда.
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
Прегледај го приврзокот 261064 Прегледај го приврзокот 261065 Прегледај го приврзокот 261068

... па што не ја рушеа катедралата Notre-Dame кога скоро изгоре? „пинци варени“ може да се реставрира и реновира без да се руши, а предходно да се исчисти од сето тоа изгорено и онака добија од цел свет пари уште десет такви да изградат многу поубави од старава? нели? немаш чувство на припадност?

Прегледај го приврзокот 261067

... што мислиш, колку пари треба градот да потроши од својот буџет да ја руши Универзалната сала, плус да плати за идејно решение за парк со неколку дрва и некоја бетонска плоча како отворена сцена? и колку ќе потроши сето тоа да го реализира наспроти да ја реновира Универзалната?
да ставиме на вага, колку би се потрошило за рушење и колку за реновирање, но и што ќе се добие како резултат на вложеното? ако намерите се искрени и нема трето скриено во џеб?
... ако треба милиони да се руши, зашто тие милиони не би се користеле да се реновира тоа што треба да се реновира во Универзална сала? или не ни треба култура и уметност во затворен простор, онака да си го покажеме сељачизмот на отворен простор и тоа онака со највисоки децибели да се дрма све во околина, посебно во ноќните часови кога на станарите им треба мир и спокојство во сопствен стан, па да посакаат самите станари да реши паркот во интерес изградба на стамбени згради како мир во куќа и со реализирана цел на дотичниов градоначник!?
П.С.
што се руши од овие ветувачи и повторно се изгради? некој пример? освен што рушат, другите што изградиле само за инат поради партиски инаети,а народот губи!
Notredame е друга приказна. Тоа е катдрала.
И кај нас црквата на матка, или каде изгори ја реконструираа.

Ајде кажи ми ти како би изгледала универзална ако само ја реновираат, ќе го сменат ли кровот што пушта вода? Ќе ги сменат ли седиштата, или влезот?
Пак ќе се потрошат многу пари, ќе испадне реконструкцијата скапа, и ќе се исперат многу пари.
Автопатот Охрид - Кичево на почетокот кажаа една цена, после неколку години таа цена рипна драстично.

За тие пари што ќе се замараат да рушат одредени делови па да ги реновираат, или кровот да го менуваат пак ќе му дојде скапо, па заради тоа најдобро е да се сруши веќепостоечката сала, оти цабе и да ја реконструираат повеќето проблеми пак ќе си останат.
Ако се сруши веќепостоечката сала, ќе се изгради нова по сличен дизајн а не дизајн со јајциња, палати и оперки сали.

Се дур се задржи веќепостоечкиот дизајн, и се додаде уште малку седишта ќе биде доволно.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.557
Notredame е друга приказна. Тоа е катдрала.
И кај нас црквата на матка, или каде изгори ја реконструираа.Ајде кажи ми ти како би изгледала универзална ако само ја реновираат, ќе го сменат ли кровот што пушта вода? Ќе ги сменат ли седиштата, или влезот? Пак ќе се потрошат многу пари, ќе испадне реконструкцијата скапа, и ќе се исперат многу пари. Автопатот Охрид - Кичево на почетокот кажаа една цена, после неколку години таа цена рипна драстично.За тие пари што ќе се замараат да рушат одредени делови па да ги реновираат, или кровот да го менуваат пак ќе му дојде скапо, па заради тоа најдобро е да се сруши веќепостоечката сала, оти цабе и да ја реконструираат повеќето проблеми пак ќе си останат.
Ако се сруши веќепостоечката сала, ќе се изгради нова по сличен дизајн а не дизајн со јајциња, палати и оперки сали.Се дур се задржи веќепостоечкиот дизајн, и се додаде уште малку седишта ќе биде доволно.
...таму каде не ти одговара е „друга приказна“, примерот со реновирањето на изгорената Нотр Дам ти го дадов на твојот заклучок што е старо и не се исплаќа да се реновира туку треба да се руши и ново да се изгради,

инаку, не ми одговори колку би коштало рушењето и идејно решение и проектот за тој заменски „зелен парк“ со бетонска бина и колку пари тогаш „ќе се исперат“ за да добиеш пасиште меѓу згради со вечерна акустика со највисоки децибели, наспроти да се реновира токму тој покрив и столици во Универзална сала?

...кога велиме дека некој објект има своја историја или „душа“ белег на градот, не треба да се руши, туку треба да се дигне на нозе, а не се „активира“ поради алчност кон пари да се продаде -локацијата, ти си млад и некако не ти се гледа тие работи (намерно или ненамерно),

велиш ќе изградат нова Универзална сала? па нека го изградат прво новиот објект, па нека го рушат стариот!

kermes-1.jpg kermez.jpg

слично со објектот, кафеаната „Ислахана“ - „Кермес“ денес во руинирана состојба ... ќе се обнови...ќе се гради...ќе ќе ќе ... идно неопределено никогаш свршено време!
„..тоа било култно место за Скопје, семејни прошетки, за прва љубов, за први свирки, за први гурмански јадења и скара пред „Кермес“ биле приредувани и концерти од страна на Градскиот оркестар...“

kermes-skopje.jpg index.jpg

жалосно е сега како едно минато згасна поради Х причини, не се реновира, не се изградува ...и така и ќе остане „ѓубре“ и во блиска иднина!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
Ќе се гради,
миљон згради кај Треска ради кои допрва ќе го јадеме.
И спроти Холидеј Ин
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.557


...дали е случајност, дали е намерно предизвикано, поради осигурувањето за да се покријат можеби потрошените средства за друга намена наместо за реконструкција на Универзална сала, останува да видиме, дали заклучокот повторно ќе биде дека „кабелот е крив“!
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.419


...дали е случајност, дали е намерно предизвикано, поради осигурувањето за да се покријат можеби потрошените средства за друга намена наместо за реконструкција на Универзална сала, останува да видиме, дали заклучокот повторно ќе биде дека „кабелот е крив“!
Сега некој ќе си добие земјиште за зградички.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.557
Сега некој ќе си добие земјиште за зградички.
...што знам, мене ми е поверно дека се потрошени наменетите пари за реновирање за нешто друго, па сега како на филм наеднаш се запалува цела конструкција, а како што не се испаничени со потенцирање „дека е осигурана“ , слични сценарија со поштата, со архивот, „оганот све ќе покрие“!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.557
ne-gori-samo-univerzalna-gori-simbol-na-skopje-i-spomeni-od-festivali-emotivni-objavi-po-pozha...jpg
ne-gori-samo-univerzalna-gori-simbol-na-skopje-i-spomeni-od-festivali-emotivni-objavi-po-pozha...jpg

...ако не може да се руши, можеби полесно да изгори?

...како може да 3,4 работници да заваруваат без никаков надзор (имало расфрлување на искри при заварување), а самиот изведувач јавно укажал дека тој ден немало работни активности во Универзална сала, чија одговорност е?

да се потсетиме, дали имало одговорни и кривци на „ГОРИ“ :

pozar.jpg

гори поштата,

галија.png

гори галијата на река Вардар до хотел Холидеј Ин,

maxresdefault.jpg

гори Треска,

mostistgejt-375995.png

гори мостот кај молот Ист Гејт,

GKtYKrCWUAApE5K.jpg

гори Универзална сала,

image-190921.jpg

гори Скопје, вардариште!

....до кога вака ќе гори без никаква одговорност?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom