Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?


  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Знаеш што прави апатија и незадоволство ?
- Тоа што лидерот на ДПМНЕ не кажува јасна порака дали да се бојкотира референдумот или не, чека до 1-2 саат на пладне за да каже дали гласал или не
- Имаат огромно членство а не организираа никакви протести против работите што ги кажуваа како штетни, и дозволија на разни организации како бојкотирам и сл да им ја превземат/водат битката на улица
- Тоа што во јавност кажуваат дека се против договорите со Грција и Бугарија, а од друга страна на Бојко му кажуваат дека немало да прават проблем за договорот
- Што во јавност ги критикува и обележува како предавниците 8 пратеници што избегаа, а во тајност одржува контакти и бара подршка од нив
- Што ниту еднаш јасно и гласно не кажа дека овие од 27 Април што заглавија за „тероризам“ ќе бидат ослободени кога ќе дојде на власт

Убаво ти кажа Инглориус погоре Мицковски требаше да се држи само да држи до сопственото гласачко тело (450к од 2016) и да ги убеди да излезат на гласање, а не да изиграва некаков си модерен политичар спремен за ЕУ и цело време да калкулира, да форсира ликови надвор од партијата и сл
Значи ВМРО и Мицковски се криви што Заев не продаде со се партали?

Браво бе, само мозок сте!!!
Кога ќе каже некој дека само камшик за овој народ тогаш е дефинитивно во право, нек си ебе матер.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.368
Поени од реакции
30.779
Може да видиме некој уичебник напишан од грчка и бугарска комисија, и да видиме што има таму напишано? Имаш некој таков при рака?
Ne, bidejki momentalno odi vo tek sostavuvanjeto. Koga ke se ispechatat, sigurna sum deka i na mediumite ke ima da vidime.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Ne, bidejki momentalno odi vo tek sostavuvanjeto. Koga ke se ispechatat, sigurna sum deka i na mediumite ke ima da vidime.
Значи всушност немаш такви учебници при рака, ама знаеш што и како ќе биде напишано во нив? Не само што си комитка, туку си и видовита.
 

Munze

Dr. Oetker
Член од
21 јули 2020
Мислења
203
Поени од реакции
195
Заев агитирал да останат гласачите дома? Аман бе со што ве хранат во штабот за вакви глупости да тресете?
Нејсе сега ми е јасно како се стигна за 4 години од 460К на 315К.
[/QUOTE
А како стигна ЗаеФ 2016 до 437 К а? Од каде толку гласови? Дуи? Калето ? Носење од косово леглото на какви сакаш малверзации и уште триста чуда....Па сега само 300К без БЕСАТА?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.879
Поени од реакции
36.927
Абе тоа ви е целиот проблем. Мислите дека некој треба да ме натера. Или да натера некого. На ВМРО-ДПМНЕ не му треба Заев да ги тера другите да гласаат за нив. ВМРО-ДПМНЕ имаше база од 450.000 луѓе кои сакаа да гласаат за партијата.

Ама вие решивте да ги игнорирате нив, и се затрчавте да им дудлате на разни шарени и полушарени кои последен пат гласале за ВМРО-ДПМНЕ во 2008ма. Со такви, толку. :D
Е сеа 450 илјади кои сакаат да гласаат, да не претеруваме. Знам како беше кај мене во населба и општина кога и шуто и рогато со списоци од врата на врата се вадеше на гласање и се носеше до гласачки места со службени коли, па таму за старци им помагаа вмровски деца за заокружување и мој другар ми се фалеше како на десетина старци што и да кажувале им заокружувал за Вмро и уште еден куп други финти. А пази живеам во скопска градска населба. Којзнае што се случувало по приградски и помали места.

Се знаеше дека кога ќе ги изгубат инструментите на власта ќе паднат за 100 илјади гласа. Ги изгубија оперативните ресурси, тие паразитите што ги исповработија веќе не се чувствуваа присилени да мора да излезат и гласаат и се виде резултатот на наредните локални. Тој систем што го имаа создадено за на денот на гласање беше на оперативно ниво на комунистичките диктатури низ Европа, и не верувам дека некој друг во скоро време ќе може и приближно да го ископира.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Значи всушност немаш такви учебници при рака, ама знаеш што и како ќе биде напишано во нив? Не само што си комитка, туку си и видовита.
како што ти беше видовит за бомбата за Смилковци?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Некогаш тие наративи се испоставуваат комични, како во случајот со мигрантите, и на тие што ги голтнале им останува кнедла во грлото за која одбиваат да признаат дека постои. Некогаш остануваат да висат во воздухот како оваа со продажба на историјата, а никој не знае да објасни што всушност значи продажба на историјата и како и кога тоа се случило.
Само за мигрантите ти остана да се фатиш, пошто бомбите за Смилковци, промена на името и двојазичноста, че си чежите и сличните не испаднаа баш комични...
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Тој систем што го имаа создадено за на денот на гласање беше на оперативно ниво на комунистичките диктатури низ Европа, и не верувам дека некој друг во скоро време ќе може и приближно да го ископира.
Тој систем беше де факто укинивање на демократските избори, ама ако напише човек дека се работело за авторитарен систем, следува одговор дека овие ја продадоа историјата. Инаку, укинување на демократскиот систем значи укинување на правото да бидеш човек. А пред да имаш национална историја, национална гордост и такви слични чуда, треба да бидеш поединец признат како таков.

Некој треба да го чита и Платон, Хегел и Фукујама, ама читањето е мачна работа.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.323
Поени од реакции
26.261
Е сеа 450 илјади кои сакаат да гласаат, да не претеруваме. Знам како беше кај мене во населба и општина кога и шуто и рогато со списоци од врата на врата се вадеше на гласање и се носеше до гласачки места со службени коли, па таму за старци им помагаа вмровски деца за заокружување и мој другар ми се фалеше како на десетина старци што и да кажувале им заокружувал за Вмро и уште еден куп други финти. А пази живеам во скопска градска населба. Којзнае што се случувало по приградски и помали места.

Се знаеше дека кога ќе ги изгубат инструментите на власта ќе паднат за 100 илјади гласа. Ги изгубија оперативните ресурси, тие паразитите што ги исповработија веќе не се чувствуваа присилени да мора да излезат и гласаат и се виде резултатот на наредните локални. Тој систем што го имаа создадено за на денот на гласање беше на оперативно ниво на комунистичките диктатури низ Европа, и не верувам дека некој друг во скоро време ќе може и приближно да го ископира.
За локалните и што се случуваше на нив, може цела книга да се напише. Тоа беше се сем природен пад, ама за тоа треба прво да прозбори Груевски.

Пад се очекуваше секако. Од 460к на 400к. Другите 100.000 се поклон на одлучноста на Мицкоски. Мене уште ме интересира што го натера да прифати избори на 15ти јули, после толку силење за септември? Одлична порака испрати со тоа.
 
M

Macedon1um

Гостин
Значи ВМРО и Мицковски се криви што Заев не продаде со се партали?

Браво бе, само мозок сте!!!
Кога ќе каже некој дека само камшик за овој народ тогаш е дефинитивно во право, нек си ебе матер.
Твој проблем е што мислиш дека помеѓу два зла, народот секогаш ќе испадне и ќе гласа за помалото зло. Ете народот има опција и да не гласа оти му е скурчено

Според мене раководството на Дпмне е соучесник на Заев во сите штетни политики спроведени, бидејки имаа доволно моќ да се обидат да спречат а не го сторија тоа..
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.743
Поени од реакции
27.741
Се правиш луд се мислев и го немаш прочитано договорот....сега се мислам дека и не си го прочитал стварно.
Еве: https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/konechna_spogodba_za_reshavanje_na_razlikite_opishani_vo_rezoluciite_817_1993_i_845_1993_na_sovetot_za_bezbednost_na_oon.pdf
Еве како почнува:
РЕШАВАЊЕ НА РАЗЛИКАТА ОКОЛУ ИМЕTO, НЕЗАОКРУЖЕНИТЕ ПРАШАЊА ВО ВРСКА СО
ИСТОТО И ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ДОБРОСОСЕДСКИТЕ ОДНОСИ
Член 1
1. Оваа Спогодба е конечна и со нејзиното влегување во сила престанува да важи
Привремената спогодба меѓу Страните, потпишана во Њујорк, на 13 септември
1995 г.

2. Страните го прифаќаат како обврзувачки исходот од преговорите, коишто се
одвиваа под покровителство на Обединетите нации, а кои Страните беа
обврзани да ги водат во согласност со Резолуцијата 817 (1993) и Резолуцијата
945 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, како и во согласност
со Привремената спогодба од 1995 г.
3. Согласно тие преговори, заемно е прифатено и договорено следново:
а) Официјалното име на Втората страна ќе биде „Република Северна
Македонија“, што ќе претставува уставно име на Втората страна и ќе се
употребува erga omnes, како што е предвидено во оваа Спогодба.
Скратеното име на Втората страна ќе биде „Северна Македонија“.
б) Државјанството на Втората страна ќе биде македонско/граѓанин на
Република Северна Македонија, како што ќе биде заведено во сите патни
документи.
и т.д.

Сумата ја кажа овој дебелиов министер за надворешни откако го сменија.
Брааааааааааат, ова вака на папир океј, јасно ми е. Те прашав за конкретни примери од пракса :)
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Тој систем беше де факто укинивање на демократските избори, ама ако напише човек дека се работело за авторитарен систем, следува одговор дека овие ја продадоа историјата. Инаку, укинување на демократскиот систем значи укинување на правото да бидеш човек. А пред да имаш национална историја, национална гордост и такви слични чуда, треба да бидеш поединец признат како таков.

Некој треба да го чита и Платон, Хегел и Фукујама, ама читањето е мачна работа.
Затоа сега уживаме во демократијата... Поготово онаа најнепосредната, кога народот на референдум одлучува...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom