Sosema koretno razmisluvanje, osven ova
Не те познавам за да знам што правиш приватно, но во секој случај имаш познавања во овој дел. Дали имаш своја фирма или си вработен за мене лично е небитно бидејќи го нафрлив тоа така колку да потенцирам дека ги имаш познавањата во доволна мера за да дискутираш на темата од позиција на корисничко искуство/пракса/знаење.
Мене, искрено кажано, ми пречи што на темата нема споредба на клими од ИСТ производител, а тек потоа од различни (да не се повторувам).
Така, ќе се избегнат расправии помеѓу членови и секој во својот сегмент (производител) ќе го претстави најдоброто. Тука зборувам не само за вас луѓето кои сте претставници на некоја фирма или работите во неа, туку и за крајните корисници.
Зошто да нема постови од типот...
јас живеам во стан, толку квадрати, тој спрат, таквс изолација.... Имам таква и тсква клима на таа квадратура овие рез ми ги вади....
Повеќе членови така и на крај имаш увид кој вид на клима каде "поминува".
Од фирмите исто....
3,5 до таа квадратура со таква изолација дава овие и овие резултати. Тој модел е најдобар.
И така со 5,5 и со други видови/капацитет на клими
Сума сумарум, подобра комуникација и повеќе можност за издржана дискусија наместо препукување чиј коњ е подобар. Пошто накрај ќе испадни секој го фали своето и дискусија во ќорсокак.
И др нешто...
Ќе постира некој што клима бара отприлика и одма реакција аааа друже не тоа, зимај поголема/појака... не ти е изолиран просторот или незз слични коментари.
Секој сака да му е изолирано и да има океј дограма и идеални услови, но не често ги има баш такви.
Во принцип, повеќе инфо што ќе те тера да размислиш и прочепкаш сам и што повеќе инфо од крајни корисници vs луѓе од фелата...
Бар според мене тоа фали...