Оваа твоја проекција твоја има една фиксна компонента, ти си сигурен дека Али ќе го прати Заев во политичка пензија. Но еден факт занемаруваш, сељакот без харизма и речник, колку и да имаше странска и секаква друга логистика, го пензионира најпрво Бранко, па после Груевски и не само него, туку еден цел апарат околу него уигран и армиски трениран за водење држава (бар така ни делуваше на сите), а го направи Мијалков припитомено маче кое мјаука по потреба.
Колку и да е Али стар и искусен играч, нема гаранција дека ќе успее затоа што Заев има некоја ситно пазарџиска, шверцерска лукавост.
Неговата пазарџиска лукавост се гледа по тоа што година и пол си правеше муабет по телефон со неколку тинејџери, како на пазар, мислејќи дека разговара со Порошенко и Грета Тунберг.
Заев можеби не е онаков наивен лик со раката на срце, како што се претставува во јавност, далеку порасипан е, ама далеку од тоа дека тој пензионирал некого. Бранко кога се пензионираше, Заев уште од нива не беше излезен.
Едноставно човеков имаше одврзани раце да прави сè што сака, одгромна логистика и поддршка од надвор, никаква контрола од никого, додека на неговите противници им беа врзани рацете. Неговата непресметливост и хазардерство не се никаква лукавост.
Од позиција на власт, со цел државен апарат под негова контрола, со невиден поткуп на гласачи, масовна партизација, притисоци, закани, уцени, во предизборна коалиција со албанска партија која на претходни избори освои 58,000 гласови, со влез во НАТО, успеа едвај да победи против петти ешалон уценети и килави вмровци кои со прст не мрднаа за ништо.
Смешно е да се глорифицира ваков кловн. И баба ми да имаше илјадници снимки за уценување, СЈО под нејзина контрола и одврзани раце да прави сè што сака, и таа можеби ќе пензионираше некого.