" Ааа, на пример да се оди со, ааа... сеа јас, моја идеја е вака, гласно размислувам, да се остави заградата, значи да си постои, тие внатре нека одберат нешто што би стоело, да не биде сè и сешто, ама ете, од нешто што го имаме слушнато до сега, а ние пред, напред ваму, најнапред ние да додадеме нешто што ќе биде со политичка конотација. Фактички, тогаш ќе има две нешта. Едно што го додаваме ние и што не ни пречи и што е напред, што ќе биде дел од официјалното. "
" Знам, знам, ама може да биде, да речам, да се продаде и кај нив, а да не нè оштети премногу нас, односно да не ја оштети таа компонента на ненарушено име Република Македонија едно до друго. Значи, целта ми е, ние, да речеме, пред зборот Република, ние да додадеме некоја политичка референца – независна, суверена, некоја, а тие да одберат нешто што би стоело плус во заграда. Би било името малку посложено од тоа што јавноста очекува, ама, во секој случај, она чистото име што ке се изговара, чита, употребува, пишува, за нас нема да биде штетно. Ќе има политичка референца – Независна Република Македонија, или некаква, а за нив па, приказната ќе може да биде дека сериозно е променето името, иако географската, на која што тие инсистираат, стои во заграда, сепак додадени се две придавки и со тоа покажуваме јасно дека сме успеале во нешто што сизифовски труд вложуваме, а не успеваме 20 години. "