Универзална сала во Скопје, ќе се руши ли?

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
This. Се начукаа сите во Центар и сакаат мирно да им биде Во доста понепрометни градови од Скопје не ти живеат во Центар и да им плаќаш, тука ем сакаат да се дебармаалци ем тишина навечер.
Сите тие имаат по некоја куќа или колиба у Радишани,Волково,Стопански Двор и секој слободен ден го користистат да избегаат од Центар.Зашто со сила живеат у хаос ни самите не знаат,ваљда мислат дека со тоа се на некоја скала погоре во општеството :facepalm: Еден стан да продаде некој од 80м2 у Центар,Капиштец или Буњаковец ке има доволно средства за плац од 800м2 и куќа од 150-200м2 во Волково од каде за 10 минути стигаш у Центар.Не знам како издржуваат цела зграда да им мириса на гулаш :pos:Што имам па еден другар живее у зелено-белите згради у Аеродром и тоа на 8ми,клима не може да го олади у лето,вршник станот ама вика немало појако од Аеродром
Во сите поголеми градови е така или би требало да биде така. Центарот е предвиден за деловни објекти и администрација. Но она со што се соочуваме се вика малограѓанштина, ако си духовно/интелектуално подалеку од средиштето барем физички да си во центарот (Центар, Водно, Аеродром, Карпош) и да бидеш виден/а. Потоа има и нешто што е од практичен/економски карактер: кога си во центар повеќето работи ти се на дофат или се поблиску, посебно ако си во ситуација да живееш на едната страна од градов, а да работиш на другата. Не сите што живеат во овие средини се богати. Имотните си создаваат свои оази на други места, ги заболе колку е далеку Центар, кој за некои е утешна награда, како да постигнале нешто повеќе во животот од другите.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
ако идат по твојава логика тогаш на Ленинова ниеден локал не треба да има, ул Македонија исто, Интермецо терор им врши на жителите...
јбг сакаат да живеат у центар а да им биде тивко и хармонично ко на периферија
Проблемот е што кафанџиите не ги почитуваат законските одредби за гласност. А летна сцена (секаква сцена) се подразбира дека ќе е гласна, со разглас, „појачала“, ефекти.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Во сите поголеми градови е така или би требало да биде така. Центарот е предвиден за деловни објекти и администрација. Но она со што се соочуваме се вика малограѓанштина, ако си духовно/интелектуално подалеку од средиштето барем физички да си во центарот (Центар, Водно, Аеродром, Карпош) и да бидеш виден/а. Потоа има и нешто што е од практичен/економски карактер: кога си во центар повеќето работи ти се на дофат или се поблиску, посебно ако си во ситуација да живееш на едната страна од градов, а да работиш на другата. Не сите што живеат во овие средини се богати. Имотните си создаваат свои оази на други места, ги заболе колку е далеку Центар, кој за некои е утешна награда, како да постигнале нешто повеќе во животот од другите.
Сопругата наследи лозје 800 м2 у околина Стопански Двор-Волково,се помучивме едно година дена и го претворивме у градежно земјиште,со малку поише мука со неполни 20.000€ копмлет излезе куќа од 70м2 со поглед на Скопје.Од пред месец дена ставивме бандери и се прикљчивме на струја,не ми се доаѓа у Скопје право да ти кажам.Ке сликам зимава да видите у каков смог се гуши градот а таму е стакло.Ни остана уште едно 200 метри патот да го средиме кога врне има доста кал.Да ни го дадат најубавиот стан у центар не би ја дале куќата.Забегав од темава извинете сите
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
... ако си станар во тие околни згради можеби имаш право за „воопшто не е лоша мисла“ и да си имаш илузија „ за мал парк и летна ОТВОРЕНА сцена“ како интересно катче, па кога ќе се вратиш така од работа или во неделни попладневни часови да се слуша свирка онака металика на отворено од платформата од паркот, да не можеш да се одмориш од секакви перформаси на отворено и вриштење нели од публиката, не знам :nesumjas:
... јас воопшто не знам како можат „архитектите“ да дадат воопшто идејно решение за парк со отворена сцена за разни перформанси меѓу стамбени згради, ќе се загрози спокојството и мирот на цела населба!
Верувам дека на сите прва асоцијација на мала летна сцена ни е музика на металика...
Зошто да не биде мала театарска сцена на отворено? Верувам дека никој не планирал да организира таму фолк фест или техно сцена. Убаво осмислено зеленило не може да биде лоша идеја... Универзална сала е години на назад предмет на пресметки и политички поени.
Факт е дека реновирањето е неисплатливо. @Наќо Скопски, знам дека проектантите на „јајце“ се солидна фирма ама колку што се сеќавам заради статиката и специфичниот проект мораше да биде зголемен габаритот и дури ГИМ ако не се лажам зема добри 200.000еур за основен проект кој неславно заврши.
Станарите околу Универзална имаа и онака проблем со паркирање, доволно е да ви текне на џез фестивалите кога колите уште што не беа качени по терасите (нели никој не плаќа за катна гаража...)
Дислокација на таков објект не е погрешно решение.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Верувам дека на сите прва асоцијација на мала летна сцена е музика на металика...
Зошто да не биде мала театарска сцена на отворено? Верувам дека никој не планирал да организира таму фолк фест или техно сцена. Убаво осмислено зеленило не може да биде лоша идеја... Универзална сала е години на назад предмет на пресметки и политички поени.
Факт е дека реновирањето е неисплатливо. @Наќо Скопски, знам дека проектантите на „јајце“ се солидна фирма ама колку што се сеќавам заради статиката и специфичниот проект мораше да биде зголемен габаритот и дури ГИМ ако не се лажам зема добри 200.000еур за основен проект кој неславно заврши.
Станарите околу Универзална имаа и онака проблем со паркирање, доволно е да ви текне на џез фестивалите кога колите уште што не беа качени по терасите (нели никој не плаќа за катна гаража...)
Дислокација на таков објект не е погрешно решение.
Како и да е,ако евентуално ја срушат ке направат беља еве ке видите.Оние што градеа од Грчец врзани со Стевче Јакимовски низ Буњаковец 5 милиони се спремни да понудат за таа локација и кога тогаш ке ја земат.Е после ке видите што ке се деси.Ке почнат као катна гаража фалела а ке излезе цел трговски со хотел и казино како што испадна со таа катна гаража моментално што е позади Универзална
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.486
Поени од реакции
4.324

Koга требаа да планираат паркинзи, изградија едно 10тина деловни објекти близу плоштад, деловна микрософт зграда близу рамстор, нова тинекс/незнам што зграда ДИРЕКТНО позади универзална сала, и што уште не во таа област. За паркинг требаше да мислат однапрет...
Предоцна е за нови катни гаражи и такви глупости..
Едноставно многу стамбени објекти има никнато во таа област, за да може да се справи капацитето. Амо што ке тие е дуп кога имаш партиска книшка и или братучед ти е функционер во партија?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Сите тие имаат по некоја куќа или колиба у Радишани,Волково,Стопански Двор и секој слободен ден го користистат да избегаат од Центар.Зашто со сила живеат у хаос ни самите не знаат,ваљда мислат дека со тоа се на некоја скала погоре во општеството :facepalm: Еден стан да продаде некој од 80м2 у Центар,Капиштец или Буњаковец ке има доволно средства за плац од 800м2 и куќа од 150-200м2 во Волково од каде за 10 минути стигаш у Центар.Не знам како издржуваат цела зграда да им мириса на гулаш :pos:Што имам па еден другар живее у зелено-белите згради у Аеродром и тоа на 8ми,клима не може да го олади у лето,вршник станот ама вика немало појако од Аеродром
Со што е оваа математика?
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Како и да е,ако евентуално ја срушат ке направат беља еве ке видите.Оние што градеа од Грчец врзани со Стевче Јакимовски низ Буњаковец 5 милиони се спремни да понудат за таа локација и кога тогаш ке ја земат.Е после ке видите што ке се деси.Ке почнат као катна гаража фалела а ке излезе цел трговски со хотел и казино како што испадна со таа катна гаража моментално што е позади Универзална
Ова е имот на РМ...Можат да бидат коректни и да ја отстапат како мала сцена на ФДУ. Колку што знам таму нема приватен имот да може да поднесе барање за дооформување на парцела. Знам дека кај нас нема ред и поредок нарочито кога градежништво е во прашање ама сепак е специфична локацијата.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
1200€ м2 у Центар.80х1200€.Плац 800м2х30€ со другите пари куќа и ке ти останат :)
Не цената на становите, со какво превозно средство ти стигаш за 10 минути од Волково до Центар и во кој период на денот?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Со авион во 3 по полноќ.

Sent from my Mi MIX 2S using Tapatalk
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Не цената на становите, со какво превозно средство ти стигаш за 10 минути од Волково до Центар и во кој период на денот?
Со автомобил.Од Волково до кружниот кај црквата у Ѓорче сум за 5 минути и уште за 5 сум веќе кај Симпо.Па нека се и 15 вкупно.И сега од Ѓорче до Центар стигам за само 2-3 минути помалку.Не те разбирам што ти е поентата? Од Ѓорче до Центар и од Стопански Двор до Центар е мала разликата
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.904
Поени од реакции
42.604
Ако идеш со кола се стига за 15 минути до 20 во зависност од сообраќај. со бус е друга приказна, 30 минути минимум, за враќање е 40+ додека искочи од центар.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Со автомобил.Од Волково до кружниот кај црквата у Ѓорче сум за 5 минути и уште за 5 сум веќе кај Симпо.Па нека се и 15 вкупно.И сега од Ѓорче до Центар стигам за само 2-3 минути помалку.Не те разбирам што ти е поентата? Од Ѓорче до Центар и од Стопански Двор до Центар е мала разликата
Како и да е, побрзо стасуваш него јас од Тафталиџе до Аеродром...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom