Универзална сала во Скопје, ќе се руши ли?

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.612
Поени од реакции
37.569
kombo-univerzalna-sala-shilegov.jpg idejniresenijazaizglednauniverzalnasala4.jpg

... после сајмиштето, на ред е Универзална сала? дали тоа паркот што ќе изникне наместо на Универзална сала после 50 години постоење како белег на Скопје, странска донација после катастрофалниот земјотрес, е само привремено „мачкање“ очи на народот и прашање на време кога на тоа место ќе изникне приватен стамбен објект продаден за добри пари? или тоа ќе биде само потрошени пари за нејзино рушење и идејно решение за парк, како што е парчето тревник на плоштад што чинело пола милион, а ова кој знае колку милиони? ...дали тоа таткото на Скопје, Шилегов повторно само ќе руши, наместо да изгради барем она од негова уста ветено?


жалосно, многу жалосно за градоначалникот Шилегов за тоа како ги изневерува своите сограѓани и го уништува минатото на главниот град на МКД!


...да се потсетиме како е ветувањето за реновирање на Универзална сала кажано предизборно, се мисли да се срамни и да се покрие со тревник?


Универзалната сала - југословенскиот избор за песна на Евровизија (1984 год.),


детски фестивал „Златно славејче“ (1996 год)


...за најмладите!


... за помладите!


...за постарите!

... рекоа :,,..Од антрополошки аспект, би рекле дека Универзална сала е драматичен „подарок“ кој го надживеал својот оригинал и нејзиниот историјат е достоен за споменување и паметeње...,,

Univerzalna_Skopje_lista_na_drzavi.jpg

... вашето мислење околу рушењето на Универзална сала?
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
wowowowowow божем Медисон Сквер Гарден ќе го рушат па паднаа у несвес пола и поише интернет инфлуенсери и стари романтични скопјани со потекло од внатрешноста кои последен пат биле во универзална сала на Златно славејче 2003та година.

Јакото дело ако ја бутаат, кич лименка без цел и употреба.
 
M

Macedon1um

Гостин
сигурно се спрема некој да го лапне земјиштето да прави некое зградиште

Коце Трајановски
6 ч. ·
Петре зошто ја рушиш Универзална?
Ти оставив готов проект. Бев кај вашиот министер Алаѓозовски му го однесов проектот и го замолив да започне градбата но проектот не продолжи. Се прашував зошто луѓево не ја градат Универзална ???
За јавноста да се запознае подобро ќе и ги посочам следниве факти :
Универзална сала се наоѓа во градската четврт 3 11 а во истата четврт е и поранешата фабрика "Треска". Пред извесно време јавноста ја брануваше деталниот урбанистички план за "Треска" во кој се предвидуваат 50 згради. За да се оствари процентот на зеленило во оваа градска четврт можеби се жртвува Универзална сала на чие место треба да има парк а со тоа на просторот на Треска се добива поголем кофициент на изграденост.
Почитувани Скопјани ако е така се прашувам ова ли е тоа "Скопје - чекор по чекор" ???
Наздравје

wowowowowow божем Медисон Сквер Гарден ќе го рушат па паднаа у несвес пола и поише интернет инфлуенсери и стари романтични скопјани со потекло од внатрешноста кои последен пат биле во универзална сала на Златно славејче 2003та година.

Јакото дело ако ја бутаат, кич лименка без цел и употреба.
Па што тогаш паѓаа во несвест и го гушкаа ГТЦ ? Истите тие луѓе што сега се на власт и сакаат да ја рушат универзална сала, го срушија саемот итн
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.801
Поени од реакции
12.289
Рѓосана лименка озрачена од Чернобил која или мора да се реновира или да се изгради нова.
За нова сала претходниот градоначалник збореше за проекти уште 2008, 2009 година.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Коце Трајановски
6 ч. ·
Петре зошто ја рушиш Универзална?
Ти оставив готов проект. Бев кај вашиот министер Алаѓозовски му го однесов проектот и го замолив да започне градбата но проектот не продолжи. Се прашував зошто луѓево не ја градат Универзална ???
За јавноста да се запознае подобро ќе и ги посочам следниве факти :
Универзална сала се наоѓа во градската четврт 3 11 а во истата четврт е и поранешата фабрика "Треска". Пред извесно време јавноста ја брануваше деталниот урбанистички план за "Треска" во кој се предвидуваат 50 згради. За да се оствари процентот на зеленило во оваа градска четврт можеби се жртвува Универзална сала на чие место треба да има парк а со тоа на просторот на Треска се добива поголем кофициент на изграденост.
Почитувани Скопјани ако е така се прашувам ова ли е тоа "Скопје - чекор по чекор" ???
Наздравје



Па што тогаш паѓаа во несвест и го гушкаа ГТЦ ? Истите тие луѓе што сега се на власт и сакаат да ја рушат универзална сала, го срушија саемот итн
Универзална беше за рушење, пред се беше веќе неисплатлива за да се реконструира.
Саем е тешка кражба, според мене тоа беше идеална локација за „Студентско село“ или „Студентски кампус“ каде можеше да ги префрлат сите факултети и студентски домови на купче со што на студентите ќе им дадеа подобри услови, ќе им ги тргнеа слободните карти (само од тие пари годишно што ги дава државата на ЈСП ќе кренеа цела зграда), а постојните да ги прилагодат за државните институции и други намени. Втора добра опција беше да се прошири уште мал дел кон Керамидница и тука да се изгради нов Клинички Центар, преку бул. Александар Македонски ги поврзуваа 70% од Македонија + е блиску Обиколницата, преку Железара и новиот булевар што треба да се изгради бул. Хрватска ќе има одличен излез кон Бутел - Босна и Херцеговина или Христијан Тодоровски Карпош и пак обиколница, блиску до Центар и лесно ги покрива Аеродром, Кисела Вода (кога ќе се направи Есенинова веќе тие две населби ќе бидат уште подобро врзани), преку бул. Србија - надвозникот или пак кај Пивара за неколку минути може да стигнат од Драчево и цела таа страна.
Арно ама тие две идеи од погоре се ако некој мисли за општото добро и ако не планира да испери пари. Али тука некој напика во џеб милиони од тој проект и сеа шипото има да ги начука пола Косове во новите станови, па пиши пропало со уште еден дел од Скопје, т.е полека полека си го окупираат и остатокот на таа страна од Вардар.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.486
Поени од реакции
6.876
Рушете ја бре, ви притребала :D
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.106
Поени од реакции
11.569
Блажен е оној кој живеел во време кога се гушкаше ГТЦ за денес да ги гледа истите тие како релативизираат до бескрај :)

Невозможно е да се објасни, мора да се доживее
 
Член од
19 август 2010
Мислења
4.017
Поени од реакции
9.813
Што да се искоментира на изјавата на лудаков кој вика ќе ја руши Универзална а паралелно не ветува изградба на нова, туку вика дека ќе гради факинг парк на нејзино место!!???
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.785
Поени од реакции
21.504
Коце Трајановски
6 ч. ·
Петре зошто ја рушиш Универзална?
Ти оставив готов проект. Бев кај вашиот министер Алаѓозовски му го однесов проектот и го замолив да започне градбата но проектот не продолжи. Се прашував зошто луѓево не ја градат Универзална ???
За јавноста да се запознае подобро ќе и ги посочам следниве факти :
Универзална сала се наоѓа во градската четврт 3 11 а во истата четврт е и поранешата фабрика "Треска". Пред извесно време јавноста ја брануваше деталниот урбанистички план за "Треска" во кој се предвидуваат 50 згради. За да се оствари процентот на зеленило во оваа градска четврт можеби се жртвува Универзална сала на чие место треба да има парк а со тоа на просторот на Треска се добива поголем кофициент на изграденост.
Почитувани Скопјани ако е така се прашувам ова ли е тоа "Скопје - чекор по чекор" ???
Наздравје



Па што тогаш паѓаа во несвест и го гушкаа ГТЦ ? Истите тие луѓе што сега се на власт и сакаат да ја рушат универзална сала, го срушија саемот итн
Ова што е напишано од дедо коце е 100% точно, играта е да се додаде некаде плус за да се одземе од друго место (станува збор за иста градска четврт ). Треска ја поседува Фатмир ака ЗСФ, и играта е да добие максимална изграденост на штета на зеленилото со максимален профит за Фатмир. Бомбона бизнис.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.486
Поени од реакции
4.324
.
Саем е тешка кражба, според мене тоа беше идеална локација за „Студентско село“ или „Студентски кампус“ каде можеше да ги префрлат сите факултети и студентски домови на купче со што на студентите ќе им дадеа подобри услови, ќе им ги тргнеа слободните карти (само од тие пари годишно што ги дава државата на ЈСП ќе кренеа цела зграда), а постојните да ги прилагодат за државните институции и други намени.
Кампусовата култура е еден од најретардисаните ствари што западанта култура може да ги измисли.
Тоа е на исто ниво да споредуваш инижињери со хипиците од економика, либерални уметности, право и педагогија.
Второ, ја сум афтохтон од скопје. Мене, имајќи 3 стана во семејвото каде што може да престојувам да ме турат во бедна просторија, и тоа да го плаќам? Плус да ја делам? За што постојат даноци тогаш? Јсп мислиш од студенти толку пари губи? Прашај ги пензионерите за тоа. И не е дека парите од данокот ги трошат за нешто паметно и така и така.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Кампусовата култура е еден од најретардисаните ствари што западанта култура може да ги измисли.
Тоа е на исто ниво да споредуваш инижињери со хипиците од економика, либерални уметности, право и педагогија.
Второ, ја сум афтохтон од скопје. Мене, имајќи 3 стана во семејвото каде што може да престојувам да ме турат во бедна просторија, и тоа да го плаќам? Плус да ја делам? За што постојат даноци тогаш? Јсп мислиш од студенти толку пари губи? Прашај ги пензионерите за тоа. И не е дека парите од данокот ги трошат за нешто паметно и така и така.
Никој не те споредува, имаш се на едно место: факултет, студентски библиотеки, студентски домови, студентски „мензи“, далеку попрактично и со вистинско менаџирање би намалило еден куп проблеми и инциденти. Кога бев студент мене ме замараа за неколку предмети да одиме и на други факултети.

Студентските домови како и сега, така и тогаш примарно би биле за тие што доаѓаат од провинција, евентуално ако останат слободни места може да аплицира и некој од Скопје кој сака да го искуси тој студентски живот и да биде на едно место со своите колеги. Јас го замислувам да биде и со обезбедување и да може да влезеш само: со студентска картица или ако ти земат генералии на влез.

Ти и во моментов ако имаш 3 стана не треба да добиваш помош за слободни карти.

Пензионерите се друга работа, таму исто треба да има поделба по висина на пензијата и согласно сумата што ја примаат да им следат или да не им следат олеснувања како слободна карта во ЈСП.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom