Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?

  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
А зошто уствари е воопшто дозволено одредени пратеници ПО изборите наеднаш да речат еј чекај јас ќе бидам со друга коалиција?
Што системи се овие бе?
 
Ко ќе видиш дека народ ги гласа заради економски придобивки, сосема е нормално и пратениците така да се однесуваат.

Левичариве да се продадат ќе бидеш во право, ама за овие од ДПМНЕ или СДСМ, па и за сите Албанци во моментов, тоа е сосема нормално.

Левица нема шанси да добие глас од работник дури ниту на следните избори, затоа што сите гласаат да се вработат во државно или да си зачуваат работно место. Еве за Социјалистиве има голем притисок од членството да му испорачаат работни места, а во опозиција што ќе имаат?
да бе левичарите се дојдени од Проксима Кентаури, и тие не се луѓе, туку супер суштества...
 
да бе левичарите се дојдени од Проксима Кентаури, и тие не се луѓе, туку супер суштества...

Ако го гледаш @Борат, па и личат на такви.
218
 
Која пародија се овие превртлививе.... Народ гласал за нив дека биле дел од некаква политичка структура и тие излегуваат....

не дека ми е нешто неочекувано онака ... демократија на дело... ебење у мозок....

Големи пари се во прашање и до милион евра по пратеник, плус кривични дела на грб и уште ако се додаде дека Мијалков брка работа за нив јасно е се :rolleyes:

Нема шанси за болдираниот пратеник дека ќе оди со Заев.

Едноставно човекот беше коалиција до 2008 со СДСМ, беше со неговата партија ДПСМ и на централно ниво на власт со СДСМ од 2002-2006 периодот и неговата партија не виде ќар од таа коалиција со СДСМ. Причината беше што СДСМ не даваа вработувања во администрација на неговата партија ДПСМ, партијата на тој Стоиљковиќ беше задња рупа на свирало кога беше муабет да се вработуваат во администрација.

Но му се погоди моментот на Стоиљковиќ и од 2008 отиде во прегратките на ДПМНЕ, и не си свесен колку вработувања таа ДПСМ партија доби во администрација, и тоа имаше и убави раководни позиции во јавен сектор.
И тој Стоиљковиќ е продолжена рака на Вучич и одработува за Вучич секаде каде има можност, а Вучич не е пријател и истомисленик со политиките на Заев и СДСМ.

Плус откако од 1 Јуни 2017 СДСМ оформи влада, тие продолжија со омаловажување на помалите партии и имаат тие своја "Српска странка у Македонији" која е дел од коалицијата на СДСМ, ова е проверена информација. СДСМ земаа и не пуштија никој од таа Српска странка да се вработи во јавен сектор, а претседателот на таа Српска странка со име и презиме Мирослав Јовановиќ е тип кој само молчеше на тој однос на СДСМ кон неговата партија, се со цел да не се замери на раководството од СДСМ и ако може тој Мирослав Јовановиќ пак да биде пратеник и во иднина.

И се повтори историјата: и на изборите од 11 Декември 2016, и на овие избори од 15 Јули 2020, тој Мирослав Јовановиќ е на истото 9 место од понудата на коалицијата на СДСМ за 2 изборна единица, и во 2016 и сега во 2020 СДСМ освои 7 пратеници, а откако нели 2017 Спасовски отиде за министер на МВР и Лукаревска за директор на УЈП тогаш се ослободи место за тој Јовановиќ да биде пратеник, и сега истото сценарио ќе се случи, и пак тој Јовановиќ кој не се залагаше за неговата партија и партијци пак ќе биде пратеник.

И од амбасада на Србија во Скопје цело време ДПСМ има финансиска подршка за организирање на разни фиктивни манифестации и културни проекти од Српската историја и тоа бајаги добра финансиска пара земаат од Вучич, додека партијата на оној шутрак Мирослав Јовановиќ нема динар добиено од Вучич, така да ДПСМ нема шанси да оди со Заев и да формира власт, Стоиљковиќ еднаш се изгоре до 2008 со СДСМ и втор пат нема да гори со нив.

ПС: и кај го има ова, тој Мирослав Јовановиќ завршил машински факултет во Србија и пред да биде пратеник предавал машински предмети на квази факултети во Бујановац и Прешево во Србија. Оној Стоиљковиќ каков и да е политичар, барем кај нас на Јустинијан Први има завршено Правен факултет, на истиот факултет каде и јас магистрирав залудно. :)

Се си има своја цена, не биди толку убеден ете ќе почекаме уште малку па ќе видиме кој бил во право
 
Има рок до кога треба да се формира влада?
Како оди процесот?
Заев му доставуе документ на Пендаровски, еве ги пратениците од мојата коалиција, еве ја партијата со која каолицираме сега, и еве ти 5 документи во кои се потпишани пет бота од ВМРО што ги убедив да се прешалтаат со нас?
 
Od dpmne toa vmro da si go zaboravat veke. Isto i drugite sds toa m na makedonija ne ne...
 
Големи пари се во прашање и до милион евра по пратеник, плус кривични дела на грб и уште ако се додаде дека Мијалков брка работа за нив јасно е се :rolleyes:

Се си има своја цена, не биди толку убеден ете ќе почекаме уште малку па ќе видиме кој бил во право

За тој дотичниот пратеник се изнаслушав шпекулации уште кога требаше да се гласа во собранието за Преспанскиот договор и за уставните измени, дека тој пратеник ќе гласа за уставни измени, и не, тој пратеник не ги подржа тие уставни измени.

Така да, да постоеше кладење во кладилница дали тој пратеник ќе му се приклучи на Заев ќе се кладев дека нема. Едноставно типот одработува за политичка струја која е во целосна спротивност со тие "Европски вредности на Заев".
 
А зошто уствари е воопшто дозволено одредени пратеници ПО изборите наеднаш да речат еј чекај јас ќе бидам со друга коалиција?
Што системи се овие бе?
Нефункционално лоповски.

Нема веќе мерка и мерило бидејќи се' се раководи од еден центар, а приказната е демек тие се поделени на две големи партии во државата па меѓу нив има борба за превласт - жими тасета има.

Се знае, му свирнало на некој пратеник да биде "независен" фино лепо друже да си го веатиш мандатот на партијата што те кандидира (пошто нејзини гласачи те гласаат), па потоа излези сам на избори и биди независен до утре.

А и гласачите копита, да сум гласал некој комуњар и да оди најголем патриот да ми се прави (и обратно) има да му ебам матер. Пред куќа ќе му спијам и ќе го малтретирам мир да нема...

Но во која вукојебина...? Франција општините со гомна ги мачкаа ради X причини (поскапа нафта, дрн дрн), овде име сменивме за 190 денара радиодифузна такса која ни ја укинаа.
Фала им, не мораше.
И повторно околу 400.000 будали излегоа да го гласаат муртинецот и квиско. Ебате амебите.

Сега од есен кога ќе репнат струја едно 30% повисока цена + на тоа ддв, пола ск што се грее на субвенционирани клими има да му штракаат вилиците. За другите делови од мкд да не ни зборам, жално е.

Еееее македонче македонче, да ти даде некој држава на поклон ти да кажеш, не фала ќе ја оставам на една шака диво племе шошонскo.

Нуклеарка само е спасот.
 
А зошто уствари е воопшто дозволено одредени пратеници ПО изборите наеднаш да речат еј чекај јас ќе бидам со друга коалиција?
Што системи се овие бе?
Еве ти ќе спречиш со закон да мењаат пратеничка група. ОК

И што си напраил со тоа?
Знаеш ти воопшто зошто сега овие четворица ги врбуваат?
За да бидат со пратеничката група на СДСМ, според тебе.
...
Нив ги зимаат после избори само ради една работа, а тоа не е да бидат дел или не, од пратеничка група, туку да гласаат кога ќе треба. Ти што ќе ги спречиш законски да мењаат пратеничка група, многу ќе им го накршиш... Или можеби ти исто така и ќе ги спречиш да гласаат како СДСМ, кога ќе треба?

Нивниот глас у собрание е тоа ради кое ги бараат. Небитно дали се дел од некоја партија, пратеничка група, денес, а утре од друга.
 
А бе не ми филозофирај, ги бркаат затоа што треба да имаат 62/63 мандати за да може да формираат стабилна влада. После фала богу дека ќе им требаат за гласање.
 
У склоп на муабетов, пошто прво и основно кај нас се водат од личниот интерес пратенициве, не за некое идеалистичко повисоко добро за државата (што по книга и така треба да биде).
Туку, замислете да пројде законот за една изборна единица, па еден куп од овие помали партии да одат сами и да зимаат по пратеник/два. Од еве ови на Ѕинго, па српска партија, па на турците, ромите, па се до ЛДП, ДОМ, Павле, Гром, Љубчо, Интегра, Левица 5/6. Па со нивните апетити ни буџетот од САД нема да и стигне на државава.
Сега на маса се триста дилови за тендери, за фондови од тој за иновации до што ти не.
Никој од нив не би минал праг од 3%, а камоли од 5% и повторно би оделе на коалиција. Освен ГРОМ и 2-3 партии на помалите етнички заедници другиве македонски партии кои коалицираат со СДС или ДПНЕ не тежат повеќе од 500 гласови.
 
А бе не ми филозофирај, ги бркаат затоа што треба да имаат 62/63 мандати за да може да формираат стабилна влада. После фала богу дека ќе им требаат за гласање.
lol, па владата се формира со гласање

Eве објасни со свои зборови, што конкретно рече дека би забранил?
 
Па тогаш стварно има смисол да имаме 120 изборни единици. Едноставно секој гласа за одредена име и презиме која може но и не мора да биде во партија. Бидејки тогаш тие личности имаат право да прават како сакаат (вклучувајки и сопоствената продажба), го имаат мандатот од гласачите.
Која е поентата да на секои избори каде расподелбата е тесна да имаш реприза на оние осумина пратеника кои прелетеа, кој гласаше за нив, кого тие воопшто преставуваат, дури и формално?
 
Ако е една изборна единица партиите на Турците, Ромите и Србите би можеле да излезат на избори и да освојат пратеничко место

Ништо подруго нема да биде ситуацијата и кај Македонските и Албанските партии, ќе има многу повеќе партии на листите (и многу поголема излезносто низ цела мк)
Турците можда, ромите и србите нема шанси. Првите ќе ги растргаат македонските и албанските големи партии, додека вториве немаат бројност.
 
Турците можда, ромите и србите нема шанси. Првите ќе ги растргаат македонските и албанските големи партии, додека вториве немаат бројност.

Според етнички групи Турци имаш 77 илјади во Македонија, Роми 53к и Срби скоро 40к зошто мислиш дека нема да соберат гласови барем за 1-2 пратеници ?

А и во нашиве партии ќе има поголема фрагментираност, ете Левица ќе имаше 5 на последниве избори Интегра 1 итн. Додај тука сами ако одат Гром, ЛДП и слични ќе имаат добри шанси за пратенички места, едноставно со една изборна единица сите ќе си бркаат свои интереси наместо сега на коалицијата
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom