ВМРО - ДПМНЕ - Политичка Партија

  • Креатор на темата Флеш
  • Време на започнување

Добра е листата на пратеници?!

  • Да

    Гласови: 39 18,8%
  • Не

    Гласови: 140 67,3%
  • Така-така (Делумно)

    Гласови: 29 13,9%

  • Вкупно гласачи
    208
Ф

Флеш

Гостин
Јас мислам дека со Влатко Ѓорчев ќе се прошеташе ВМРО на овие избори. Без разлика на тоа колку реално го бива, типот е убедливо најприемлив политичар кај десните гласачи, како и членството, така што 400К гласа на вакво национално предавство не му бегаа. Но, некој сакаше да се случи баш овој резултат, а за тоа им требаше онакво теле.
Влатко е прозападна снаа ..... Кажано,само мир у куча,еве ви се од нас .....Бетер мекуш ид Мицко ....Само Апасиев е за лидер у Вмро искрено:))))
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.776
Поени од реакции
49.606
Јас мислам дека со Влатко Ѓорчев ќе се прошеташе ВМРО на овие избори. Без разлика на тоа колку реално го бива, типот е убедливо најприемлив политичар кај десните гласачи, како и членството, така што 400К гласа на вакво национално предавство не му бегаа. Но, некој сакаше да се случи баш овој резултат, а за тоа им требаше онакво теле.
Не знам баш, ја Мицковски го доживувам како разводнета верзија на Влатко Ѓорчев, салонски десничар, чучнат во европска народна партија, НДИ, Конрад Аденауер институт и слични секти.
Двајцата се полу-мерка и обид за носење две лубеници под една мишка. Затоа сега Заев преку Митко ќе им ја превземе партијата.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.124
Поени од реакции
83.711
Tука веројатно сака да каже дека спотовите на ВМРО се како британскиот социјален хумор. Како Only Fools and Horses. Сигурно не мисли дека спотовите на ВМРО се како надреалистичкиот британски хумор на Монти Пајтон.
anyway јако е

исто и на Заев репликата е легендарна
легендарно не на место, промашена
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.870
Тошковски: ЦK eдногласно го овласти претседателот Христијан Мицкоски да преговара за ново парламентарно мнозинство



Новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ не предвидува почесни членови и почесни претседатели, што значи дека ниту Никола Груевски, ниту било кој друг почесен поранешен претседател согласно новиот статут не се повеќе почесни претседатели.

Откако неколку часа заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, непосредно по завршувањето на состанокот пред Палата др. Христо Татарчев се обрати Панче Тошковски, претседател на статутарната комисија при ВМРО-ДПМНЕ.


Донесени се две важни одлуки, едната од нив е дека Централниот комитет едногласно го овласти претседателот Христијан Мицкоски да преговара за ново парламентарно мнозинство, а со тоа и да ја состави новата влада. Втората одлука која е донесена вечерва е одлуката за измена на статутот на партијата, во насока на поголема демократизација на партијата, пренесување на поголеми надлежности на членството, органите и телата на партијата, следејќи ги современите искуства на големите европски десничарски партии- рече Тошковски.

Новите измени се револуционерни, потенцираше тој, во насока на поголема демократија во водењето на партијата. Повеќе право на одлучување на комитетите и членовите во водењето на политиката во партијата.

-Новини се; водењето сметка за евроспките вредности, воведувањето на непосреден избор на претседатели на општинските комитети и раководства во општинските комитети од страна на членството, демократски избор на идни државни функционери, кандидати за градоначалници и ограничување на правото на реизбор на претседател на партијата и останати партиски функционери- рече Тошовски.

ВМРО-ДПМНЕ на новите претседатели на сите органи и тела кои се бираат на конгрес согласно новиот статут им го ограничува мандатот на четири години, при што максимум на истата функција, кои да било од овие функционери, може да се задржат најмногу три мандати и тоа под услов третиот мандат да е избран од страна на партиските органи и тела со двотретинско мнозинство.

Новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ не предвидува почесни членови и почесни претседатели, што значи дека ниту Никола Груевски, ниту било кој друг почесен поранешен претседател согласно новиот статут не се повеќе почесни претседатели.

За пофалба, позитивен исчекор. Ако ништо повеќе, членството почнувајќи од месни комитети ќе може да колку толку да влијае, иако има 1001 начин тоа да се манипулира, сепак е позитивна промена.
Интересно е шо Заев го промени статутот на СДСМ по изговор дека тоа шо тој директно ќе назначува претседатели на општински организации е во прилог на борбата со rezimod, дел од не го ситни отпорот наративот. Ете сеа тоа го нема, да видиме дали СДСМ може да направи ваков исчекор. ДПМНЕ еве тоа го прави како опозициска партија, шо е уште потешко да се изведе.

Имено пред да се промени статутот на СДСМ, еден тогаш амбициозен градоначалник фрли огромни пари да ги купи делегатите, каде неможеше парата доаѓаше за едно чудо власта, rezimod во припомош, истиот тој rezim чии медиуми деноноќно плукаа по тогашното раководство на СДСМ, или дел од истото. Иронијата да е поголема, сега пак истите тие медиуми имаат пофални зборови за гарнитурата на Црвенковски, а кој кого рушеше и со кого сега шурува сите знаеме :icon_lol:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.124
Поени од реакции
83.711
Мицковски треба да си оди, не викам не. Ги изгуби сите избори.
Али морам да потенцирам дека цело време беше дочекуван на нож од одредени делови од членството, најверојатно butthurt-грујо-носталгични делови.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.870
Сашо Мијалков директно против Христијан Мицкоски: На ВМРО-ДПМНЕ му треба ново раководство!


ашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и разузнавање, долги години втор човек во партијата, ги коментира резултатите на избори и оценката дека се освоени два пратеника повеќе од најголемиот опонент СДСМ, без пратениците на БЕСА.

– Жалам што мора да кажам, но ваквите ставови се навистина незрели и несериозни. Да не знае човек дали да плаче или да се смее. Се плашам дека повторно Христијан Мицкоски и највисокото раководство околу себе става стаклено ѕвоно и ја игнорира реалноста. Повторно со некакви математики кои се разбирливи само за нив, креираат лажна слика и живеат во еден лажен свет. Проблемот е што сега се помалку граѓаните им веруваат. Добар дел и од блиските на Мицкоски не веруваат во оваа лажна слика, но се плашат да кажат дека со политиките кои ги водеа и со неискрениот пристап, не успеаја да обезбедат поддршка од граѓаните.

Реалноста гласи дека ова раководство на ВМРО ДПМНЕ го оствари најслабиот резултат во историјата. Од освоените 455.000 гласови на последните парламентарни избори во 2016 година, Христијан Мицкоски падна на 315.000 гласа. Само Љубчо Георгиевски бил полош од него во 2002 година, кога освои 300.000 гласови, а тогаш и тој и Љубе Бошковски беа на црната листа на САД, a позади себе имаа шверц на цигари, нафта,убиства и куп други афери.

Затоа сите искрени и чесни членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ се потиштени и разочарани, а само раководството слави победа.

– Раководството обвини за изборни нерегуларности, поткуп на ранливите категории и бројни нарушувања на изборниот процес…

– Човек треба да има храброст и да ја погледне вистината во очи. Вистината е дека се пропушти златна шанса Заев да биде соборен на избори со овакво владеење во изминатите три години. За жал јавноста не виде алтернатива во сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Како и може да види кога по ниту едно важно прашање раководството немаше заземено став?

Доколку имало поткуп, зошто тогаш МВР не го спречи? ВМРО-ДПМНЕ имаше технички министер цели седум месеци. Доколку тој не бил способен и неговиот тим, кој ги предложи и поддржа? Доколку СДСМ успеал да пенетрира кај социјално ранливите категории, тогаш чија била проценката ВМРО-ДПМНЕ да оди без технички министер за труд и социјала и да не се обиде да го спречи тоа?

Грешки има многу, но префрлањето на одговорноста нема да ја подобри реалноста. Дали биле лоши кандидатските листи или била лоша понудената програма или Републичкиот изборен штаб целосно потфрлил, повторно одговорноста оди кон едно место. Не може претседателот на РИШ да не свикува состаноци и луѓето кои треба да работат на терен да остануваат без инструкции. Не може кампањата да се води со реторика како во 90-тите години и спотови кои повеќе служеа за потсмев отколку што ги мотивираа граѓаните. Некој ја одобрил таа реторика и тие спотови, а видовме со колкава излезност резултираа.

– Колку бомбите влијаеја на изборниот резултат? Дали ВМРО ДПМНЕ не употреби се што имаше и зошто?

– Не знам дали ВМРО ДПМНЕ имало и други „бомби“, што имало на нив и зошто не биле употребени. Го знам резултатот од целата операција, а резултатот е поразителен за Христијан Мицкоски. Врзувањето со сомнителни ликови кои би обезбедиле нелегално снимени материјали не е политика. Таканаречените бомби кои беа пуштани и од едната и од другата страна можеби имаа влијание врз сопственото гласачко тело, но тоа се луѓе кои секако би излегле и би гласале за ВМРО или СДСМ. Кај неутралните предизвикаа само чувство на разочарување, бидејќи не гледаа никаква понуда , туку само материјали со кои се компромитира противникот . Затоа многумина апстинираа , а добар дел ја даде поддршката за партија како Левица која е анти НАТО и анти ЕУ, спротивно од тоа како би требало да биде ориентирана ВМРО-ДПМНЕ. Намалената излезност беше на директна штета на ВМРО ДПМНЕ, а воздигнувањето на Левица, на долг рок, повторно ќе направи поголема штета на ВМРО ДПМНЕ отколку на СДСМ.

– Во дел од бомбите се тврдеше дека е споменувано и вашето име, а во неколку наврати највисокото раководство ве обвинуваше за релации со СДСМ ?

– Како изминативе скоро две години, така и добар дел од кампањата и од медиумскиот простор што го имаше актуелното раководство беше искористен за пресметка со мене, употребувајки ноторни лаги и невистини како што е наводната соработка со СДСМ. Дали беше тоа заради некаков страв од моето влијание стекнато со работа, труд и резултат, или мислеа дека ќе бидат поголеми во очите на членството не знам, но знам каков е исходот. Резултатот е најлош во историјата. Одлучив да се воздржам од напад кон раководството за да не направам штета на партијатата и воедно да не им се дадат аргументи и оправдувања за лошата политика. Се држев на страна и не се мешав, иако ми нанесуваа штета. Членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ не се наивни и не смеат ниту Мицковски, ниту неговите блиски соработници, да ги потценуваат. Прокоцкаа неверојатна шанса, а цената на нивната незрелост и суета сега ќе ја плаќа членството на партијата. Наместо обединување, се форсираа конфликти и се дистанцираа луѓе. Со таква политика беше јасно дека нема да стигнеме далеку. Лажните анкети може да ги покријат лажните вести само до денот на гласањето. После граѓаните ја испорачуваат сметката.

– Има ли можност ВМРО ДПМНЕ да направи влада?

– Според мене шансите се сведени скоро на нула, но тоа е последната сламка на спас за која што се држи ова раководство. За три години Христијан Мицкоски доживеа три тешки порази. На претседателските избори падна од 535.000 гласови во 2014 година на 319.000 гласови лани. На референдумот немаше став, но знаеме дека победи опцијата на власт и конечно потопот што се случи на15 јули.

Искрено се сомневам дека Левица ќе сака да му даде поддршка со оглед на тоа што во програмските определби на партијата е барањето да се забрани користење на името ВМРО и да се бара повлекување од НАТО и од ЕУ курсот, како и отповикување на признавањето на Косово. Искрено се сомневам дека која било албанска партија ќе сака да влезе во авантура со Левица и Мицкоски. Сметам дека е чесно да им се каже на членовите дека ова раководство и оваа политика на ВМРО ДПМНЕ е поразена и дека нема да дојде на власт. Сепак не гледам зошто не би им се оставил уште еден краток временски простор за да се види дали ќе успеат и во најновото ветување дека и покрај поразот ќе успеат да состават влада.

Доколку не успеат во тоа, патот е јасен. Признавање на неспособноста, извинување за грешките и ослободување на партијата за демократизација и ново раководство. ВМРО ДПМНЕ е бренд. ВМРО ДПМНЕ не смее да се навикне на порази и да се помири со тоа како што актуелното раководство се помирува.

Дали планирате да се активирате и да се вратите во политиката?

– Се чувствувам целосно реализиран. Бев дел од ВМРО-ДПМНЕ од нејзиното основање до сега и ке останам и понатаму. Изградивме модерна, силна, конзервативна партија која што ги имаше интересите на Македонија пред се и над се. Во статутот ги вградивме евроатлантските определби. Ова на што актуелното раководство го сведе ВМРО ДПМНЕ е срамно и непрепознатливо.

Не планирам да се активирам во политиката но никогаш не знаеме што носи иднината. Како и да е, не можам да го премолчам ова што и го прават на ВМРО-ДПМНЕ. Повторно преку нивни полтрони пуштаат нарачани текстови дека сум стоел зад некои кандидати само за да ме нападнат и мене и нив. Јас стојам зад тоа дека демократски треба да се избере ново раководство доколку не успеат да го исполнат и последното ветување. Сигурен сум дека кој било кандидат ќе има поголем капацитет од сегашните, но треба да се избере најдобриот кој ќе ја поведе партијата во нови победи


Рангелова бара Мицкоски да замине од лидер на партијата: После ова мое интервју ќе бидам масакрирана на социјалните мрежи


Немаше жар во очите на моите сопартијци. Изгубивме сите членови на ВМРО-ДПМНЕ. Јас мислам дека ВМРО-ДПМНЕ нема нашси да состави влада- рече Рангелова.

Пратеничката во заминување Даниела Рангелова, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на ТВ 24 вели дека е нормално, после поразот на предвремените парламентарни избори, Христијан Мицкоски да се повлече од функцијата лицер на партијата.


Лошите политики да останат зад нас, да учиме од грешките, потенцира Рангелова во гостувањето.

-Потребно и најважно е да се демократизира партијата, членовите да имаат право на своето мислење. После ова мое интервју јас ќе бидам масакрирана на социјалните мрежи, но не секој може да го издржи тоа, да дојде и да ја каже вистината, иако знаат дека тоа е реалноста- вели Рангелова.

Грешна проценка на ВМРО-ДПМНЕ, односно на Христијан Мицкоски, вели Рангелова, беше вложувањето во политичката партија Левица.

Мицкоски мислеше дека Левица ќе биде партијата којашто ќе го говори се она што тој не може да го говори јавно- рече Рангелова.

Ќе бидеме следни победници на локалните избори, вели Рангелова.

Таа рече дека не била активна за време на кампањата, дека никој ниту ја повикал, ја следела како нормален граѓанин. Рангелова вели дека била сосема згрешена кампањата.

-Немаше жар во очите на моите сопартијци. Изгубивме сите членови на ВМРО-ДПМНЕ. Јас мислам дека ВМРО-ДПМНЕ нема шанси да состави влада, тоа е голема лага која ја пласира раководството на ВМРО-ДПМНЕ, дај боже да сум грешка- рече Рангелова.


Мицкоски мислеше дека Левица ќе биде партијата којашто ќе го говори се она што тој не може да го говори јавно- рече Рангелова.

Ќе бидеме следни победници на локалните избори, вели Рангелова.

Таа рече дека не била активна за време на кампањата, дека никој ниту ја повикал, ја следела како нормален граѓанин. Рангелова вели дека била сосема згрешена кампањата.

-

Тодоров: Ни треба партија базирана на инклузивност, ни треба ВМРО-ДПМНЕ која ќе може да го победи СДСМ


Поранешниот министер за здравство и за образование вели дека во 2016 година, како шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, бил подготвен да си поднесе оставка и за пораз со само еден глас или пратеник помалку

Поранешниот министер и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, се приклучи кон повиците за промени во партијата, кои по изборите ги упатија низа ексфункционери на партијата кон актуелното раководство.


Во колумна со наслов „Обединување под нови постулати“ објавена на „Дојче веле“, Тодоров порачува дека се потребни обединување и промени во ВМРО-ДПМНЕ.

„Не ми е поентата да критикувам, уште помалку да се ситам на поразот. Тоа не е добро и е спротивно на моите принципи и идеали. Она на што сакам искрено да повикам е единство. Потребно ни е обединување. Ни треба силна, прогресивна, европска, централно-десна народна партија базирана на инклузивност, а не на исклучивост. Поставена на модерни постулати на умерен патриотизам, целосно ослободена од екстремниот национализам и популизам. Ни треба ВМРО-ДПМНЕ која ќе може да го победи СДСМ“, пишува ексминистерот.

Тој директно не го повикува Христијан Мицкоски и раководството да си поднесат оставка, но се чини на тоа алудира присетувајќи се на изборите во 2016 кога беше шеф на изборниот штаб.

„Евоцирајќи спомени од минатото целава ситуација ме потсети на изборите во 2016 година, Груевски беше претседател, а јас бев шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, па додека ги чекавме изборните резултати, кои беа тесни како и овие, знаевме дека и еден глас да загубиме, и еден пратеник помалку да имаме и тој и јас ќе си поднесевме оставка како врвен демократски чин. Ама сепак, тогаш победивме со 454 577 гласови“, пишува Тодоров.

Поранешниот висок партиски функционер во колумната го анализира и изборниот резултат, кој според него е слаб и за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ. Негативната кампања, меѓусебните навреди и ниското ниво на политичка толеранција значинето со говорот на омраза, нагласува, предизвикаа чувство на горчина и одбивност кај електоратот.

Кога на сето ова, вели Тодоров, ќе ја додадеме и состојбата со пандемијата и крајно застрашувачкиот дневен здравствен билтен на новозаболени и починати доведе до тоа и двете партии да потфрлат на изборите.

„Ако треба накратко да објаснам што се случи би го рекол следново: На овие избори не победи СДСМ туку ВМРО-ДПМНЕ загуби. Победи единствено ДУИ. Како победи и зошто е друго прашање и тема која заслужува сериозно да си го ставиме прстот на челото. За жал и на разочарување на сите нас кои долги години сме искрени членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, морам да констатирам дека не успеавме да го победиме СДСМ и покрај фактот што имаше многу причини тоа да се случи. Изгубивме. И што порано го прифатиме овој факт, тоа подобро и за ВМРО-ДПМНЕ и за државата. Причините може и треба да ги анализираме, објективно и трезвено, но она што мораме да го направиме е да не дозволиме да се подели ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тоа на никому од нас нема да му одговара. Тоа можеби ќе му оди во прилог на СДСМ, но и ним единствено на краток рок бидејќи не може да зборуваме за квалитетна власт без квалитетна опозиција. Поделени и раскарани ќе губиме повторно, и повторно. Тоа е рецептот за неуспех и тоа долго време ќе ја држи ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, а СДСМ ќе победува со исклучително недоволни и неубедливи триста два триесет илјади гласови“, наведува Тодоров.

Хиерархиски мислам дека се добро подредени :pos:

Ме интересира само, како овие ликови од најголеми патриоти кои жигосуваа секој еден жив или мртов кој ќе изустеше нешто против мега-гига-тера-патриотските ставови на ДПМНЕ, потоа беа меѓу главните негативци во т.н Шарена револуција (или шуто рогата шо би рекол Другарот Заев), сеа еве стигнаа да држат лекции по демократија на слободарските медиуми :icon_lol:

Каква е оваа ситуација :D
 

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.225
Поени од реакции
661
И немојте да сте рекле дека има патриоти у дпне, ушите ќе ви ги истргнам - палафкофци низаедни.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Никола Попоски пак нападна со статус, исто и Коневски имаше една изјава за отставка на раководството. Од друга страна раководството преку потпаролот возврати на нападите и меѓу другото кажа дека се трудат да формираат Влада.
Изгледа Попоски е кандидат за нов лидер од Саша и Грујо, а Жмицко беше договорен со странците дури да помине све тоа што беше гадно по нашиот идентитет и име. Е сега дали Жмицко знаеше од старт или во меѓувреме му текна ќе видиме. Поверојатно е да си ги знаел задачите, да си лапнал кеш за да глуми лудило и намерно ги изгуби избориве и да е ова фингиран конфликт, за да не е од прва очигледно.
Автоматски споено мислење:

А инаку ме интересира, ако некој знае секако, дали е влав овој Попоски или е наш? Пошто Попоски има и наши, а има и власи.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.870
Или сакаат јавно да се дистанцираат од партијата и новото раководство поради минатиот труд кој го имаат, за да можат да допрат повторно до дел од симпатизерите и партиски неопределените.
 

Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
835
Поени од реакции
1.471
Ме интересира, кој според вас би бил идеален лидер за ВМРО-ДПМНЕ во моментов (вклучувајќи го и Мицковски)?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom