Како да си фатам девојка?

Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Она биди свој, она што си, не може да важи како универзално правило за секој, не носи по дифолт успех како што некој си замислува, колку и ослободувачки и да звучи. Ако некој работи на случајот, пробува, меѓутоа без успех, ондак ова правило само ќе го пролонгира неговиот љубовен статус кво. Не може некој со ниска самодоверба, никакви социјални вештини, потпросечен физички изглед, никакви интереси да се води по ова правило. Работата е во согледувањето на сопствените недостатоци и работењето на истите, создавање на менталитет на континуирано самоподобрување, лоцирање на недостатоците, учење на грешките...

Пример еден познаник, се жали оти немал успех со жените, следува оној класичниот изговор, дека трчале по пари, гледале каков автомобил возиш, недвижнини, каде работиш...а ликот сосем нормален за наше поднебје, со океј работа, океј изглед, знае да состави проста реченица. Каде е проблемот? Епа оти истиот лик има проблем со перцепцијата према жените, искривени гледишта за идеалната жена. На социјални мрежи ги следи баш тие, што очигледно трчаат по пари и им е битен материјалниот статус, плитки погледи према животот и од сето ова сам следи заклучокот за неговиот неуспех на љубовен план.

Важно е самоспознанието, самоанализа на сопствената личност, правење една SWOT анализа, согледување на сопствените јаки страни, работење на недостатоците, откривање на можностите, поставување на дофатливи цели, факторот среќа е исто многу важен, упорноста...има еден куп варијабли и на крај и веројатноста за неуспех е се уште присутна, едноставно не постои универзално правило за успех.
 
C

CoolIris

Гостин
Нема ништо лошо ако некој сака убави лица или тела, и тоа не го прави него површен. Убавината во светот на лугето е ретка работа, па нормално дека секој ја сака. ЛАГА е дека повозрасните жени не сакаат или не ги интересира убавината, туку покрај убавината сакаат и други работи. Исто со возраста на жените се менуваат стандардите за машката убавина. Тинејџерките повеќе сакаат бејби фејс типови, по можност во бунтовнички аутфит. Кога жените префрлаат 22-23 години тогаш почнуваат да се загледуваат во мажи со пообичен изглед, но повторно сакаат убави и средени мажи. Скоро сите мажи кои јас сум ги запознал во животот а спиеле со 50+ или 100+ жени изгледаат слично, како по шаблон праени. Со правилни машки црти, не премногу убави (во смисла на убавина слична на женско лице), секогаш средени но не премногу дотерани. Претпоставувам дека постои некој патерн тука.
Па не реков дека е лошо. Површно е да ја гледаш моќта на човекот низ призмата на неговиот физички изглед и добрата ситуираност. Секој сака да има среден човек покрај себе, ама физичкиот изглед и убавината се варијабилни, а често пати и нереални, за разлика од тоа што го поседуваш во главата на пример. На долгорочно ниво, не би сакала до мене да имам машка барбика, за да ме вози и шета низ градот (имам кола, работа, заработувам пари, сама можам да си приуштам), да ме опсипува со подароци и комплименти, а на пример да не знае кој е Ниче.

Важно ми е да има хемија. А хемија и физика не е исто нели? Физичкиот изглед и надворешната убавина може да биде само плус на тоа што го поседуваш.

Како и да е, мое лично видување е тоа. Сите сме различни и имаме различна дефиниција за поимот убавина, привлечност, сексапил, харизма итн. Тоа што ми засмета е генерализацијата, дека сите жени трчкале по такви мажи. И генерализацијата, дека сите мажи кои отстапуваат од тие критериуми никогаш нема да најдат жена. :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.025
Поени од реакции
83.450
Среќа што сум стар за ова срање. Да требаше сега успешноста на љубовниот живот да ми зависи од активностите на инстаграм ќе се убиев од старт или ќе шетав сам по светот.
Јас отворено се зачудив кога прочитав во два-три поста тука, дека битно било за фаќање женски да си активен на Инстаграм.
Сеуште мислам дека тролаат со тоа.
Автоматски споено мислење:

Ма немој физички изглед битен. А кај нас нема ама баш буквално нема девојче/девојка која не се пали на Јала брат Буба корели и уте триста чуда што излегоа на сцената у биФша Југо. Парите монеу монеу...После другото.
wtf is dis?
нешто ко твитер инстаграм?
човек некој?
модна линија?
кафана некоја?

стварно сум надвор од модерниот шабански радиус
 
A

Aexil Kong

Гостин
Она биди свој, она што си, не може да важи како универзално правило за секој, не носи по дифолт успех како што некој си замислува, колку и ослободувачки и да звучи. Ако некој работи на случајот, пробува, меѓутоа без успех, ондак ова правило само ќе го пролонгира неговиот љубовен статус кво. Не може некој со ниска самодоверба, никакви социјални вештини, потпросечен физички изглед, никакви интереси да се води по ова правило. Работата е во согледувањето на сопствените недостатоци и работењето на истите, создавање на менталитет на континуирано самоподобрување, лоцирање на недостатоците, учење на грешките...

Пример еден познаник, се жали оти немал успех со жените, следува оној класичниот изговор, дека трчале по пари, гледале каков автомобил возиш, недвижнини, каде работиш...а ликот сосем нормален за наше поднебје, со океј работа, океј изглед, знае да состави проста реченица. Каде е проблемот? Епа оти истиот лик има проблем со перцепцијата према жените, искривени гледишта за идеалната жена. На социјални мрежи ги следи баш тие, што очигледно трчаат по пари и им е битен материјалниот статус, плитки погледи према животот и од сето ова сам следи заклучокот за неговиот неуспех на љубовен план.

Важно е самоспознанието, самоанализа на сопствената личност, правење една SWOT анализа, согледување на сопствените јаки страни, работење на недостатоците, откривање на можностите, поставување на дофатливи цели, факторот среќа е исто многу важен, упорноста...има еден куп варијабли и на крај и веројатноста за неуспех е се уште присутна, едноставно не постои универзално правило за успех.
Прво. Болд - Најчесто социјалниве мрежи се градени врз база на покажување борба кој е подобар авантуриста и борба во лајкови/фоловерси (премногу его). Таму имаш наплив на жени на кои им е битен материјалниот статус. Скромна и мирна девојка која не ѝ е битно тоа не можеш да ја најдеш на инстаграм а камоли да ја заследиш. Ова не е универзалка секако ама доста мирни и повлечени девојки не прифаќаат секакви за да ги следат, посебно ако таа не го познава момаков / немаат муабет во живо.

Инаку, за тоа дека другар ти не може да ги има и оние од инстаграмот што се причината за неговиот заклучок за љубовта не може никогаш да се знае. Имено, кога на таква од инстаграмот кога ќе и помине високата вредност и кога ќе стигнат годинките обично се спуштаат на земја и даваат шанса и на ваквите присебни ко другар ти за да можат да оформат семејство со некој што ќе си го гледа семејството а не да се растрчува по други жени. Оттука, ништо не се знае, тој другар ти може ќе има и ќе освои некои од овие ама не сега. Шансите ќе му бидат после 30+ кај нејзе евентуално ако таквата од инстаграм поминала и се нарадувала доста па ќе се приземји. :)
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.992
Поени од реакции
6.477
Важно ми е да има хемија.
Има хемија, за ситна пара, хлороформ, етер, рохипнол, гхб, некаде имав и порано прочитано дека хемијата била многу битна во машко женски односи, физика е passe.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Ама тоа ти не мислиш :D
Не сум сигурен дека те разбрав.
Иначе во контекст на муабетов, мајндсетот на жените е во голема мера креиран од медиумите. Почнува да се обликува негде почеток на 20 век и нагло доживува експанзија негде пред ww2 после големата криза, негде 1930. Ова е за САД кај нас овде касниме негде 40 год. Сега сме скоро на исто ниво, негде 10 год. разлика.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Прво. Болд - Најчесто социјалниве мрежи се градени врз база на покажување борба кој е подобар авантуриста и борба во лајкови/фоловерси (премногу его). Таму имаш наплив на жени на кои им е битен материјалниот статус. Скромна и мирна девојка која не ѝ е битно тоа не можеш да ја најдеш на инстаграм а камоли да ја заследиш. Ова не е универзалка секако ама доста мирни и повлечени девојки не прифаќаат секакви за да ги следат, посебно ако таа не го познава момаков / немаат муабет во живо.

Инаку, за тоа дека другар ти не може да ги има и оние од инстаграмот што се причината за неговиот заклучок за љубовта не може никогаш да се знае. Имено, кога на таква од инстаграмот кога ќе и помине високата вредност и кога ќе стигнат годинките обично се спуштаат на земја и даваат шанса и на ваквите присебни ко другар ти за да можат да оформат семејство со некој што ќе си го гледа семејството а не да се растрчува по други жени. Оттука, ништо не се знае, тој другар ти може ќе има и ќе освои некои од овие ама не сега. Шансите ќе му бидат после 30+ кај нејзе евентуално ако таквата од инстаграм поминала и се нарадувала доста па ќе се приземји. :)
Види, кај нас критериумите скокнаа до плафон преку ноќ, големо мнозинство сака да го живее западниот сон ама во балкански услови. Тука настануваат сите фрустрации и комплекси. Нарушен е балансот помеѓу емотивното и материјалното. Се повеќе се калкулира пред да се влезе во врска или ултимативно да се стапи во брак. Императив кај мнозина е самостојниот живот кој што е во голема мера условен од финансиските примања. Со појавата на интернетот и социјалните мрежи, безвизните патувања, се отвори еден прозорец кај младите генерации кај нас кој што ги крена критериумите за стапување во врска. Сега секоја будала гледа и чита на интернет се и сешто, креира конгнитивна утопија за тоа како би требало да им изгледа идеалниот живот. Проблемот настанува кога ќе се судрат со македонската реалност.

Социјалните мрежи и профилите таму ти се вируелно алтер его за тоа како ТИ си го замислуваш животот, каков сакаш да ти биде, што пак преточено во реалноста и не секогаш е така. Тие не се репер за ништо, не треба ни да бидат. Истите се извор на комплекси и создаваат искривена слика на вистинските состојби од реалниот живот.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.261
Поени од реакции
18.217
Јас отворено се зачудив кога прочитав во два-три поста тука, дека битно било за фаќање женски да си активен на Инстаграм.
Сеуште мислам дека тролаат со тоа.
Автоматски споено мислење:

wtf is dis?
нешто ко твитер инстаграм?
човек некој?
модна линија?
кафана некоја?

стварно сум надвор од модерниот шабански радиус
Ако си грд ни инстаграм ни огласна табла не те спасува. Биди активен колку сакаш. И за двата пола ова :)
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Не сум сигурен дека те разбрав.
Иначе во контекст на муабетов, мајндсетот на жените е во голема мера креиран од медиумите. Почнува да се обликува негде почеток на 20 век и нагло доживува експанзија негде пред ww2 после големата криза, негде 1930. Ова е за САД кај нас овде касниме негде 40 год. Сега сме скоро на исто ниво, негде 10 год. разлика.
Муабетот ми е дека не е дали јас и ти се согласваме со паралелата со лавицата, во реалност пак така функционира, т.е пак жената ќе те одбира согласно тоа што го нудиш на пазарот. Изглед, памет, моќ, статус...со лавот и лавицата пробувам да ти ја доловам поентата дека и кај луѓето суштински е исто.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Муабетот ми е дека не е дали јас и ти се согласваме со паралелата со лавицата, во реалност пак така функционира, т.е пак жената ќе те одбира согласно тоа што го нудиш на пазарот. Изглед, памет, моќ, статус...со лавот и лавицата пробувам да ти ја доловам поентата дека и кај луѓето суштински е исто.
Последниов месец дена сум во контакт со една украинка...жените се третирани таму како стока. Не вредат 5 пари, се ебат за една пијачка. Лично ми го има кажано со солзи во очите. Тоа е така затоа што нема саглам мажи. Поентата која ми е....ќе бира некој ако има што да бира или ќе има среќа да му се погоди, таа е суровата реалност.
За среќа на жените тука, има што да бираат. Може ќе им звучи смешно ама така е до негде.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Светов има 7 милијарди, од тие грубо пола се мажи, прашање дали 10% се убави и барем приближно до изглед на модел.
Останатата половина кај жените е слична приказната, можеби за нијанса кај нив природата била подарежлива во поглед на надворешен изглед, иако и таму далеку од тоа дека сите личат како Кендис, Гал Гадот, Џенифер Лопез и тн.
Така да за секое лонче има капаче, ако е лончето од висок квалитет ќе си бара и капаче од висок квалитет, ако е штедено на материјал во производството ќе си бара друго слично на него и тоа е тоа.

Не може да летате во глава дека ќе сврите по 50 жени во животот со просечен или потпросечен изглед и немање на дополнителни скилови или материјални добра кои ќе го прикријат изгледот, а уште повеќе сите тие да се камен и во поглед на тело и во поглед на фаца.

Ако се земе и фактот колку сме грди како народ и со рандом изглед и физичка градба (па и запуштеност во поглед на физичка градба) добро е и воопшто кога некоја сака да има сексуален контакт.
Абе види ,во поглед на надворешниот изглед како нација дефинитивно се подобруваме.Поранешните генерации беа далеку погрди.Иначе да си грд и не е некој хендикеп.Ко прво ќе заштедиш многу пари,под услов да не плаќаш за секс и дефинитивно си заштитен од многу генитално-преносливи болести!Така и да си грд не е страшна работа,плус и нервите ќе ти се во топ форма!(y)
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.310
Поени од реакции
4.570
На темата, до пред 7-8 години не ми одело нешто сјајно. Откако почнав да посетувам разни курсеви, да планинарам, да трчам, па да работам тоа што сум студирал, многу полесно оди. Па оформивме спортска асоцијација, па...ја сфаќаш поентата. Од старт имаш голема група на луѓе со кои имаш исти интереси. Да видат они дека работиш на себе, упорен си и дека што и да правиш не правиш за внимание, лајкови на инстаграм, не било проблем и они да иницираат излегување, па и следни средби. Е сеа не се тие девојки модели 10/10, освен една(тоа е исклучок), ама нормални, солидни 8/10 по мој вкус, да. Секако, имало и разочарувања, лоши проценки, главно на почеток али одиш напред, не се жалиш.
Ако ме прашаш за изглед не би се оценил за повеќе од 6/10


Имам познаник 34 години, одеше со една 5 години, еве раскинати се 5 години, типот од дома нема излезено. И кога излегува 3 пати у месец тоа е безделничење, кафе 1 саат и тоа, никакви интереси, хоби, да не зборуваме за некоја едукација плус. И решил на фб и инстаграм да бара жена. А таму една слика од пред 5 години и пишува по 100 жени. Мислам како?
"Нормално" после којзнае колку блокирања се жали дека жените не ги спуштале критериумите :D и трчале по пари. Не тој да смени нешто, они да се сменеле :D
Дополнително на ова, нашол тешка работа, по 10 саата дневно 6 дена и многу полесно му е да замара по фб. Сум работел и ја 6 дена у неделата, коа сум видел дека не иде, менуваш. Не е ни тоа оправдување, имаш милион начини да учиш јазик, да се усовршуваш у било што. Не е ни свесен у каква дупка е и дека со вскво стоење у место ништо не праи.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
Важно е самоспознанието, самоанализа на сопствената личност, правење една SWOT анализа, согледување на сопствените јаки страни, работење на недостатоците, откривање на можностите, поставување на дофатливи цели, факторот среќа е исто многу важен, упорноста...има еден куп варијабли и на крај и веројатноста за неуспех е се уште присутна, едноставно не постои универзално правило за успех.
Некој ќе рече лесно е со жените, друг ќе рече дека треба да правиш SWOT анализа...
Ако си грд ни инстаграм ни огласна табла не те спасува. Биди активен колку сакаш. И за двата пола ова :)
Па не важи баш за двата пола. Зар треба да постираме споредби make-up/no make-up?
На жените им е полесно (иако губат многу време на тоа, на спонзорушите на крајот им се исплати).
Девојка ќе се шминка и дотерува 2-3 саати, ќе се слика 127 пати, од 35 можни агли, ќе прави кропови, филтри, чудесии... и од 5-ка ќе стане 8-ца.
На дејт ќе ти дојде исто така дотерана и ако ги немаш „очилата“ за да можеш да видиш низ шминката, си се зезнал.
Имам познаник 34 години, одеше со една 5 години, еве раскинати се 5 години, типот од дома нема излезено.
Па таа му ебала веќе матер на него, сега веројатно се кова со кој стигне, а ти него го осудуваш...
 
A

Aexil Kong

Гостин
Имам познаник 34 години, одеше со една 5 години, еве раскинати се 5 години, типот од дома нема излезено. И кога излегува 3 пати у месец тоа е безделничење, кафе 1 саат и тоа, никакви интереси, хоби, да не зборуваме за некоја едукација плус. И решил на фб и инстаграм да бара жена. А таму една слика од пред 5 години и пишува по 100 жени. Мислам како?
"Нормално" после којзнае колку блокирања се жали дека жените не ги спуштале критериумите :D и трчале по пари. Не тој да смени нешто, они да се сменеле :D
Дополнително на ова, нашол тешка работа, по 10 саата дневно 6 дена и многу полесно му е да замара по фб. Сум работел и ја 6 дена у неделата, коа сум видел дека не иде, менуваш. Не е ни тоа оправдување, имаш милион начини да учиш јазик, да се усовршуваш у било што. Не е ни свесен у каква дупка е и дека со вскво стоење у место ништо не праи.
Зарем треба стој на раце да прави кога излегува и дали има можности нешто повеќе од ова во нашава земја? Во најголем број иселени градови во државава на младинава се е сведено на ова. 0 културни настани. 0 понуда за ноќен живот.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.310
Поени од реакции
4.570
Па таа му ебала веќе матер на него, сега веројатно се кова со кој стигне, а ти него го осудуваш...
Она го остави и се омажи у рок од 3 месеци, многу веројатно се ковала и додека биле у врска :D не го осудувам, ама времето си минува, со жалење ништо не постигнува
 

Kajgana Shop

На врв Bottom