Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?


  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Грујо владееше пред 4, Заев сеуште владее.
На која телевизија одат сега бомбите за Заев и 6те милиона освен по јутјуб канали? Ако тоа претходно беше режим ова е диктатура у права смисла на зборот. Ни еден закон не се почитува, се прекршува устав, се прекршува деловник у собрание, закони се носат со 56 гласа. Со политички монтирани процеси се уценуваат пратеници да гласаат промена на устав, јазик, историја, идентитет, државјанство. Тотален медиумски мрак. Никој не збори што ветил Заев а што исполнил. Никој не збори за гаранциите што му ги даде на Иванов. Никој не збори како се богатеше сам и тие околу него.

Замисли да имаше бомби за Грујо во 2016 како бара 6 милиони? На улица жив ќе го задавеа со голи раце. Или да паднеше серверот за време на пребројување гласови во ДИК? Или да се десеше корона во негово време и да имаше по 200 заболени на ден? Или неговиот најдобар соработник да биде фатен како рекетира бизнисмен и носи торба пуна пари?

Еден протест не е направен против Заев наназад 3 години. У време на Грујо, Брнко секој ден праеше протести и блокираше улици, кај него пред зграда у К. Вода, пред Суд, пред МТВ. Јас сум протестирал пред против Грујо како средношколец против државна матура. Влакно не ни фалело. Исто и на тие од шарена револуција.
Иди протестирај сега ако си маж да те видам.
Бомбите на Заев исто не ги даваа цели на вести, ги имаше само на јутјуб. Сега за бомбите против Заев се збори слободно, има и дебатни емисии околу тоа, па има и една апла опозициона телевизија (Алфа) која слободно си известува и прави анализи нарачани од штаб па влакно не им фали... Ова беше незамисливо во грујово време. Секој кој ќе се дрзнеше макар збор да каже против пастирот добиваше казна.

Имаше многу полоши работи за Грујо и тие околу него отколку барање провизија па никој не го задави, дури 400.000 и кусур гласаа за него. Ова со серверот и со короната ништо немаше да се деси. Латас и другите куртони ќе ја релативизираа работата до бесвест.

Тоа дека сега нема протести за разлика од тогаш нема врска со медиумите и повеќе зборува за неспособноста на денешната опозиција. Сега да има протести сигурен сум дека ништо посебно на никој нема да му се случи, ако протестите се мирни и цивилизирани. Барем сигурен сум никој нема да биде млатен како стока како студентите за време Грујо.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.458
Поени од реакции
18.456
Денеска уште еден. Бодат со ножињата.


Само што и значи ова :)
На прашањето, дали Мицкоски бил во комуникација со Груевски, Рангелова кажа дека не знае, но дека било очигледно дека „се е исто, само него го нема“.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.142
Поени од реакции
11.761
Не тропај глупости, види ги фактите.
Мицковски ги загуби претседателските избори и сега парламентарните, во 2020. Какви 0-4, 0-5??
Заев има права медиумска доминација, каква што ни еден политичар немал во независна Македонија. Не режим, туку диктатура. Плус целосна поддршка од меѓународна заедница, бришан простор да прави што сака.
Сите знаеме дека цела Македонија беше поткупена, 80% од гласовите на ко сдс им се платени. Што да праат вмро? Голтари, денар скршен у џеб немаат, со замрзнат имот и 8 милиона евра долг. Плус парите што требаше да ги исплати владата по закон, за финансирање на партиите пред избори не ги исплати.
Вмро ја постигна целта, направи се што можеше да направи една опозиција во диктатура. Јавноста можеше да види за каква влада станува збор. Лицемери, лажови, корумпирани, уценувачи, рекетари, без програма без визија. Ништо не ветија у кампања. Ама народ реши да се продаде за од 1000 до 3000 денари.

Како и да е работата не е завршена. Се може да се случи, секој може да формира влада. 2 пратеника од лево на десно и работата одма се тумба. Плус кој и да состави влада тешко ке издржи. Тешко ке проаѓаат закони со 61 пратеник, а па да не зборам со дво третинско.
Можно е да има предвремени заедно со локални догодина во Октомври. Странците бараат стабилна влада. А стабилна влада со 61 пратеник нема. Тоа значи дека во игра е широка коалиција.
Едно е сигурно, работата е каша попара.
Без разлика кој добива на есен во Ју Ес Еј треба Косово да се реши, а за да нема одговорност кај еден тука ќе земат да направат широка кАулиција до следни избори и на нив повторно ЗаеБ ќе изгази.

Зошто?
- Затоа што Жмицко нема да ги пушти уздите од ВМРО (не е улав ЗаеБ тоа да го дозволи, ќец у ракав му е)
- Затоа што Левица ќе крчми гласови од ВМРО пошто сдс не се луди да прават влада со албанец премиер во овој момет пошто на следни избори ќе му заминат уште 100к гласали јабана.
- иди економска криза и заебана есен/зима со короната па ЗаеБ ќе сака да не ја сноси одговорноста САМ за последиците по државата.

Сума сумарум, следна есен сдс ги губи локалните во еден дел, а ги добива парламентарните појако од сега и формира влада со алијанса и слични па на раат да воведува (упс веќе закон има...) да СПРОВЕДУВА двојазичност и да спрема терен за албанец премиер и претседател биран во собрание.

Живи били па видели.
Селете се со време.

п.с. Димитрија од Велес е единиот спас, до некаде, пошо младите го гласаат али удба моја судба што ја игра оваа игра долги години ќе најди начин да му ја кусури и компромитира/кочи партијата на секаков начин.

Да беше народот паметен и да препознаеше моментум, како и да НЕ беа егоисти Солза, Бачев и ред други од трета опција па наместо своето его да направеа трет пат на чело со Апсиев, сега ќе пеевме друга песна.

37к левица
13к интегра
3к бачев
3к солза...
Уште некоја илјадарка ќе се собереше и таман 5-6 пратеници, како за почеток.

Вака, паковајте куфери и сречан пут.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.180
Поени од реакции
3.428
Чекај, имаше снимка каде што Гвихо договара провизија од 11 до 13 милиони евра или немаше?
Немаше, збореа за некакви бројки, не знаеме какви, а на презентацијата на бомбата беше кажано дека е за провизии, а можеби си кажувале колкави им се :icon_mrgr:
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Немаше, збореа за некакви бројки, не знаеме какви, а на презентацијата на бомбата беше кажано дека е за провизии, а можеби си кажувале колкави им се :icon_mrgr:
Е тоа е, една деценија ќе помине, и сеуште ќе бидете во denial. Затоа ДПМНЕ следно ќе дојде на власт во 2086 година. Зато ќе се чудите зошто никој не ве гласа.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.352
Поени од реакции
84.574
" Но, 500 приговори ни се мериторно ОДБИЕНИ - со образложение дека „не биле впишани никакви забелешки од нашиот претставник во Записникот“!? А, пази, богати - ние приговараме дека сумираните резултати не одговараат во хартиените и во електронски внесените записници! Впрочем, како би можел нашиот претставник на конретното избирачко место, да претпостави или да знае, дека по неколку часа од затворањето на местото и сумирањето на резултатите - истите ќе бидат погрешно внесени во електронскиот систем на ДИК? Дали е тој видовит, па да знае однапред што ќе се случува во иднина, за да може уште на самото место, прејудициелно и превентивно да „стави писмени забелешка во записникот“!? "


Страшно е што ова Суд им го вика, не некој рандом лик у колумна. Тука све ти станува јасно, која е правдата у Македонија.
Затоа ми беше смешна изјавата на Апасиев, демек он е правник и све тоа ќе среди. Као да станува збор тука за јак правник супермен кој се бори против судските лавиринти и правните нелогичности на системот, а не против монтиирани партиски платеници на сите нивоа на правниот систем, кои тоа право како сакаат ќе го толкуваат и обликуваат.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.325
Поени од реакции
26.269
Soznam. Ima toj treseno i pogolemi gluposti od ova.
Имам, тоа е точно. Ама потурци како Бишевац, Велија, Фијат, Нора и слични не ги можам уште од времињата кога ВМРО-ДПМНЕ беше власт, а не па сега.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.180
Поени од реакции
3.428
Е тоа е, една деценија ќе помине, и сеуште ќе бидете во denial. Затоа ДПМНЕ следно ќе дојде на власт во 2086 година. Зато ќе се чудите зошто никој не ве гласа.
Е добро де просветли ме, дај ја таа бомба каде збореле за милионите, можеби сум ја пропуштил.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.325
Поени од реакции
26.269
Чекај, имаше снимка каде што Гвихо договара провизија од 11 до 13 милиони евра или немаше?

Прашувам само да знам дали има трошка нормалност во тебе или си класичен бот?
Имаше. И поточно, не дека договараше, туку беше во шок од дарежливоста на Кинезите. Уплашен да не е премногу. Тој би се нафатил за многу помалку од тоа.

Всушност таа, и снимката кога договараше парцели на Водно, беа најдиректно и најгадно нешто што го имаа против него. Ама тие снимки скроз се изгубија во етерот, на сметка на глупи оговарања и пцуење на Урко.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Е добро де просветли ме, дај ја таа бомба каде збореле за милионите, можеби сум ја пропуштил.
Тркало, тебе да ти дојде Гвујо дома и да ти каже, жими мајка зедов 11 милиони провизија од кинезите, нема да те просветли.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.180
Поени од реакции
3.428
Тркало, тебе да ти дојде Гвујо дома и да ти каже, жими мајка зедов 11 милиони провизија од кинезите, нема да те просветли.
Граџанину и баба знае дека кој и да е на власт лапа провизии,
муабетот беше за бомбата, дали имало или немало бомба со милиони!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom