Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

C

CoolIris

Гостин
Значи ова ако е точно и со вакцина сме заштитени само 3 месеци, тогаш чаре? или до крајот на животот под рестрикции, за вирус како што вели Карџовски 80 посто од заразените се асимптоматски.
Истото се запрашав....вакцина секоја година, или што?!
 
Последно уредено од модератор:

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.225
Поени од реакции
661
Се се виде кога Меркел рече ќе пушта пари.
Италија според бројот на заразени највеќе пари ќе добие.
И ние трчаме кон Италија. И тоа шо нее заразено ќе го заразиме.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.107
Поени од реакции
18.032
Најако ми е кога некој со основно вечерно образование ќе им се улета клизачи на некој кој половина живот го потрошил на студии.
Ти му докажуваш со факти со све тој ама не ... ама чекај јас да ти кажам ...
Ама на Јутјуб викаат друго ... Ама ти појма немаш, абе да ти иди и диплома и све да искиниш, ваквите треба да се банираат од темата перманентно.
И после чудете се како 5 месеци не можиме на крај да излезиме со вирусот.
Најповеќе вакви теоритичари се застапени на Балканот, не е ни чудно шо само тука вирусот не можи да стивне.
 
Ако стивне нема пари од Меркел. Просто и едноставно решење.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.760
Поени од реакции
7.587
Па вчера,заврпија клиничките испитувања за првата вакцина,(уште две други се во фаза на клинички испитувања) и ги испишаа од карантин доброволците,без никакви проблеми.
Од 1ви септември обеќаат дека ќе почне масовна вакцинација.
Од 1 октомври се очекува да се појави лекарството во аптеките (сега за сега се употребува само во болница) во три разни варијанти (таблетки,спреј за нос,и како кисело мелко),и ќе се третира вирусот терапевтски,а не болнично.
Проблемот со руската вакцина е шо уште е во прва фаза(т.е. само што ја завршија првата фаза). Оваа фаза ти опфаќа мал број испитаници и генерално се набљудуваат општите ефекти од вацината. Акцентот е на можните нуспојави, ефикасноста е генерално занемарена.

Не верувам дека ќе преминат од фаза 1 во масовна употреба за 2-3 месеци. Времето е канп дури и за испитување на нуспојави кај поголем број испитаници. Некако ми нема смисла.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.686
Поени од реакции
28.152
Најако ми е кога некој со основно вечерно образование ќе им се улета клизачи на некој кој половина живот го потрошил на студии.
Ти му докажуваш со факти со све тој ама не ... ама чекај јас да ти кажам ...
Ама на Јутјуб викаат друго ... Ама ти појма немаш, абе да ти иди и диплома и све да искиниш, ваквите треба да се банираат од темата перманентно.
И после чудете се како 5 месеци не можиме на крај да излезиме со вирусот.
Најповеќе вакви теоритичари се застапени на Балканот, не е ни чудно шо само тука вирусот не можи да стивне.
Нaбрoј некoлку дoкaжaни фaкти вo врскa сo вирусoв.
 
chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.296
Поени од реакции
13.176
Проблемот со руската вакцина е шо уште е во прва фаза(т.е. само што ја завршија првата фаза). Оваа фаза ти опфаќа мал број испитаници и генерално се набљудуваат општите ефекти од вацината. Акцентот е на можните нуспојави, ефикасноста е генерално занемарена.

Не верувам дека ќе преминат од фаза 1 во масовна употреба за 2-3 месеци. Времето е канп дури и за испитување на нуспојави кај поголем број испитаници. Некако ми нема смисла.
Тестирана е на 2000 затвореници...
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Истото се запрашав....вакцина секоја година, или што?!
Ако ме пратиш мене тука од почеток велам дека вирусот не е толку опасен и заразен како што се претпоставува, тоа у почеток го тврдев врз основа на податоците кои секој можеше да дојде до нив, а после го осетив и на моја кожа... и једино треба дистанцирање и забрана за јавни собири и толку незнам што драмите тука од фебруар дека ке сме испоумреле сите, а никако да се деси да испоумреме, паника до максимум се крева од која што имаме само штета, така да ниту народот е стока, ниту вирусот е ебола, туку народот реагира соодветно на реакциите на властите и на информациите што доаѓаат до нив, а вирусот е веќе познат и треба да има утврдено како делува како и секој друг вирус, додека јас негде прочитав пак дека имунитетот е траен како кај морбилите, само сега малку сум во гужва неможам да го најдам линкот.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.760
Поени од реакции
7.587
Не е траен,до 2 години е од вакцинава! Вирусот постојано,мутира
ОК, слушај, ако ова го кажало некое официјално лице, пробај да го избегнуваш. Вирусов знаеме дека постои ~8 месеци. Имунитетниот одговор го следиме нешто помалку од 6 месеци. Бројкана од 2 години нејверојатно е политичка изјава. Понастрана од тие срања за сериозни работи.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.128
Поени од реакции
3.345
Тие шо го фалете Караџовски вклучето го мозокот дали мерките дале резултати.
Ако не дале зошто е тоа така?

Прво комисијате е се освен експертска, немат поим од ништо и каснат со се живо, протокол за на плажа издадоа пред некој ден, пази на сред сезона.

Друго, најважно, комисијата требало да знае какво племе живее овде, дали тоа племе почитува нешто или не, и ако мерките не би имале ефект ич да не импровизира.

На почетокот во март ајде имавме многу непознаници, се веруваше дека вирусот е многу страшен, ама потоа од април требаше да се отвори се живо и да се има некој основни мерки и побрзо да си фатеме имунитет и сега немаше ни да се спомнува корната шо се вика,
вака ќе не замараат уште некој месец додека да се смири ситуацијата.

Денеска прочитав дека немало умрени вчера, а и бројот на хоспитализирани почнал да се намалува, така да мојата теза почнува да станува точна.
Автоматски споено мислење:

Тоа е Ок. Технички во 2/3 фази се. Ќе треба мониторинг да вршат следниве месеци за да се утврди ефикасноста и можните нуспојави на подолг рок. Тука некаде се со остатокот од вакцините во напредна фаза.

Кажи ми, има некаде да се најдат податоци за тестирањето?
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.511
Поени од реакции
2.647
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.636 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-52, Куманово-21, Дебар-2, Штип-33, Тетово-4, Струга-7, Велес-2, Битола-5, Охрид-1, Кавадарци-4, Гостивар-17, Струмица-2, Кочани-2, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Свети Николе-3, Кичево-1 и еден во Ресен.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравен пациент од: Скопје-41, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-1, Велес-3, Кавадарци-2, Гостивар-6 и еден во Пробиштип.

Во последните 24 часа нема починати пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.412, бројката на оздравени пациенти е 4.940, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.040. Во моментов, статистиката на активни случаи по градови е следна:

• Скопје 4.350, активни 1.892
• Куманово 933, активни 247
• Дебар 175, активни 112
• Штип 640, активни 324
• Прилеп 311, активни 54
• Тетово 955, активни 302
• Струга 377, активни 195
• Велес 208, активни 29
• Битола 94, активни 49
• Охрид 245, активни 130
• Кавадарци 33, активни 19
• Гостивар 315, активни 207
• Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)
• Струмица 33, активни 24
• Крива Паланка 22, активни 8
• Радовиш 23, активни 19
• Крушево 14, активни 9
• Кочани 91, активни 23
• Пробиштип 45, активни 28
• Демир Хисар 18, активни 16
• Македонски Брод 10, активни 6
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 5, активни 2
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 12, активни 7
• Свети Николе 203, активни 188
• Кичево 101, активни 82
• Ресен 141, активни 57
• Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјата се направени вкупно 88.179 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 лица. На кислородна поддршка се 34 пациенти, а нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 7 позитивни деца, како и едно дете и една мајка суспектни на вирусот.

Во болницата „8 Септември“ примени се 10 нови, а вкупно хоспитализирани се 92 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 132 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Статистиката на активни случаи по скопските општини, согласно новите податоци е следна:

• Чаир – 285
• Аеродром – 193
• Бутел – 136
• Гази Баба – 208
• Центар – 162
• Карпош – 176
• Сарај – 116
• Кисела Вода – 150
• Ѓорче Петров – 120
• Студеничани – 109
• Шуто Оризари – 105
• Арачиново – 34
• Илинден – 24
• Петровец – 21
• Чучер Сандево – 12
• Сопиште – 20
• Зелениково- 12
• Странец – 7
• Нераспределен- 2
 
C

CoolIris

Гостин
Ако ме пратиш мене тука од почеток велам дека вирусот не е толку опасен и заразен како што се претпоставува, тоа у почеток го тврдев врз основа на податоците кои секој можеше да дојде до нив
Не те пратам од почеток. А врз основа на што тврдиш дека треба да те следам тебе и твоите ставови и констатации, а не докажани стручњаци со долгогодишно искуство зад себе?

, а после го осетив и на моја кожа
Мило ми е што се поминало во најдобар ред кај тебе. Можеби кај тебе поминало се во најдобар ред, ама еве, тетин ми заврши трагично. И сега?
Не е само тетин ми, по десет луѓе на дневно ниво умираат од вирусот во Македонија.
и једино треба дистанцирање и забрана за јавни собири
Тоа сите се согласуваме. Тоа дефинитивно мора така да биде. Ама дали е така во пракса? Токму заради тоа се пишува на долго и на широко на форумов.
туку народот реагира соодветно на реакциите на властите и на информациите што доаѓаат до нив,
....што очекуваш од министер кој во сред пандемија си спремаше избори и си тераше политичка кампања?! Како да реагира народот?
 
chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.296
Поени од реакции
13.176
ОК, слушај, ако ова го кажало некое официјално лице, пробај да го избегнуваш. Вирусов знаеме дека постои ~8 месеци. Имунитетниот одговор го следиме нешто помалку од 6 месеци. Бројкана од 2 години нејверојатно е политичка изјава. Понастрана од тие срања за сериозни работи.
Друже не зборам на памет,сигурно сум прочитал/слушнал чим постирам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom