Сител телевизија

Член од
22 јули 2011
Мислења
1.028
Поени од реакции
1.147

Од денеска почнуваат нови епизоди од квизот листа за 300 на тв Сител секој ден од Понеделник до Петок од 18:00.

Веројатно дека поради ситуацијата со вирусот и мерките за социјална дистанца во овој квиз има 4 натпреварувачи и не се гледа публика во студиото и преку лето ќе оди овој квиз. А и реално не освојуваат многу пари играчите во квизов и нема да е голем трошок за тв Сител.

Додека она Се или нешто не е возможно сега да снимаат поради социјална дистанца а таму треба дури 22 играчи плус имаат 66 столчиња за публика, тоа 88 луѓе, плус водителка, плус 5-6 камермани.
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.457
Поени од реакции
58.856
Ми се допаѓа ова. Многу поинтересен квиз него "се или нешто", барем се бара некакво знаење. Плус и Марко го заживеа малку.
А општо сум разочаран колку сме слаби со квизови на знаење. Секој ден од 17-23ч програмата е исполнета со турски серии. Мизерија.
 
Се сложувам дека немаме квизови на знаење.
Не ми се допаѓа форматот на листа за 300, каде кога се игра за парите, ако на играчите не им се погоди темата финална немаат можност да се вадат. Едноставно ако им се погоди тема каде се трупови, не можат да земат пари. Во квизови како Милионер ако не се погоди некое прашање има опции со џокери како помош, овде нема помош.

Се пријавив лани за квизот и тоа уште пред да почне да се емитува, да јас бидам меѓу првите кои ќе снимаат во првите епизоди, ама се откажав, имав претчувство дека нема да е добро осмислен квизот и бев во право што не отидов на снимања.

А и тоа дрвото на парите е лошо осмислено, за првите 3 точни одговори само 7.000 денари кои треба да ги делат двајцата играчи, и тоа првин 15% од секоја сума одат на име данок за државата.
 
Сигурно има и тестирање при пријавувањето, па така од прилика знаат на кои теми би можел да освоиш поголема сума. Може да го искористат тоа во нивна корист.
Посериозна сума пари тешко се освојува, но како гледач ми е сосема океј концептот на квизот. Само малку побрзо да оди играта :D
 
Ме нервира што Марко се избацува со некои фрази во стилот: можете да освоите драги гледачи во квизот многуууу парииии...

Реално како што напишав, ако не се погоди темата, нема можност за вадење и многу играчи си земаа по 0 денари.

Овој квиз во 90-тите години одеше на ХРТ во Хрватска.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.028
Поени од реакции
1.147
Која мизерија се овие од тв Сител.
Сега новиве снимени епизоди од квизот листа за 300, ја намалиле највисоката парична сума на 300 Евра.
И подредиле на тоа дрво на пари сумите на: 50 евра за 3 точни одговори, 100 евра за 6 точни одговори, 150 евра за 9 точни одговори, 200 евра за 12 точни одговори и 300 евра за 15 точни одговори.

Порано за 15 точни одговори сумата беше 300.000 денари, а сега е само 300 евра. Мизерија.

Ние ниту сме дел од ЕУ, ниту пак користиме како официјална валута евро како Црна Гора, и нема сврха да се користи еврото во квизот.

Јас пак ги сметав овие како најака и финансиски најмоќна тв во државата и мислев дека можат по примерот на ХРТ и Сител кај нас да го воскреснат квизот Кој сака да биде милионер, кога овие мизерии од телевизија намалиле награден фонд на листа за 300.

Уште им стои во правилата за учество во квизот дека за 15 точни одговори даваат 300.000 МКД https://www.docdroid.net/xUrDL0r/pravilnik-za-lista-za-trista-pdf#page=4

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.457
Поени од реакции
58.856
Ај да не судиме по прва епизода, но според вчерашните теми и наградите кои ги даваат личи дека значително ќе опадне квалитетот на квизот. Ме плаши дека ќе дојде до ниво на Драган Вучиќ квиз (нека му е лесна земја, но морав да го искористам за компарација), квиз каде што за мала пара ќе се пријавуваат и ниско образовани особи.
Ако зачестат со теми "зборови на", "зборови кои завршуваат на" воопшто не го ни гледам. Па и другине теми, домашни животни и што ли беше третата тема, теми каде што не ти треба некое посебно знаење.
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.102
Поени од реакции
4.099
Катастрофа од теми повторно денеска, дефинитивно ќе падне квалитетот. Втора тема градови во Македонија и замисли бе требаше 20 да кажат и Дојран го лупнаа...
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.028
Поени од реакции
1.147
А ги виде прашањата?

Што јас имам со прашањата кои ги составиле уредниците и организаторите на квизот?

Нека ставаат теми и прашања со поголема тежина но и нека вратат на старо награден фонд на добивки и премијата за 15 точни одговори да си биде како што беше 300.000 денари.
Ненормална работа, не користиме официјална валута евро, а им стои на екранот табелата со евра.

Да бевме сериозна држава, досега ќе им ставеа некоја казна да платат поради користење на евра во квизот како награди. Но ние немаме функционална држава и немаме институции.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.120
Поени од реакции
336
Па, затоа ти викам, бате. Прашањата е боза и нормално дека наградите ќе е пониски.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.028
Поени од реакции
1.147
Па, затоа ти викам, бате. Прашањата е боза и нормално дека наградите ќе е пониски.

Батка нека си стават тие ако е потребно и потешко ниво на прашања ама да ги вратат старите износи на награди и премијата од 300.000 денари за 15 точни одговори.

Гледаш дека и порано во стари епизоди и сега со новите епизоди за пари кога се игра играта на крајот од квизот, и сега даваат тема каде има околу 15-тина можни одговори на темата, и кој сака да даде 15 точни одговори мора совршено добро да ја знае дадената тема. Тука гледаш дека нема разлика.

Во Понеделникот за пари темата беше држави од СССР и 15 држави како можни одговори. Требаше совршено знаење на темата за премијата. Имаше вакви случаи 15-тина можни одговори и со старите епизоди каде премија беше 300.000 денари.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.028
Поени од реакции
1.147
Почна есенската шема на тв Сител, и го вратија квизот листа за 300 во термините во Сабота и Недела од 18:00, ама не ги вратија старите премии од 300.000 денари, туку и понатаму останаа старите премии од само 300 евра за 15 точни одговори.

Ајде кога одеше квизот од Понеделник до Петок преку летото, ајде тогаш и да намалат со премијата за 15 одговори од 300.000 денари на 300 евра тогаш да ги разбере човек бидејќи преку лето е порелаксирана тв програмата.

Ама сега се несериозни што во есенската тв шема не ја вратија старата премија од 300.000 денари.

Далеку сме ние да се врати Милионерот со оние големи суми од 4 милиони денари.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
721
Поени од реакции
606
Каква врска има вакцинирањето на некоја си Ана и некоја си Дарија со Македонија? Зошто јавноста треба да се оптоварува со вакви глупости? Само да биде нешто српско! :pov:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
Глеј ги дебиливе, 2021 година дојде они уште не научија deinterlace да направат. Оф леле.
1610824042458.png
 
Kajgana Shop

На врв Bottom