Левица нема да влезе во никаков владин состав сега за сега. Не дека не би можеле или дека ќе им биде погубно, но ради патетичната ситуација во која големите партии сами си ја создадоа, а со која Левица ќе може да мава ремет. Барем овој циклус. Можеби ќе станат поголем фактор наредните избори да се биде дел од владин состав ќе биде не само на маса како опција него и цел.
За тие што ги ставаат во било каков состав:
- Нивните услови и барања се неприфатливи за сите албански партии
- Нивните услови и барања се неприфатливи за СДС
- Нивните услови и барања се пре-екстремни за ДПМНЕ
Да не заборавиме и дека сите заедно се против пензионирањето на Донтовиот модел кој исто така го заговара Левица. Било која од најголемите партии да им понуди во очај некаква коалиција на Левица стојат да изгубат уште повеќе членови на следни избори од што веќе им земаа. Сите тие луѓе што овие две партии ги сметаа за неспособни или недоволно остри во своите политики и дејствувања како Влади или опозиции.
Ако им текне да мавнат крива топка следните избори (или па овие, како уште еден ремет) да самите тие предложат албанец за премиер/претседател од своите редови (и онака се мешана партија) и со тоа да им земат добар колач гласачи и на албанските партии загреани за таа идеја/концепт. Не би се грижел многу за таков лик зошто повеќето такви ликови таму не се доени со иредентистички национализам и доаѓаат од секуларни семејства. Ама за тие што поважен им е етникумот ќе се излажат да гласаат.