Пеп повторно посра на битна утакмица и тоа овој пат од далеку послаб противник на хартија. После Барса човеков речиси сите битни елиминациони утакмици ги губи, и тоа има доста бламови, пример Монако у ЛШ, Реал, Барса, каде губи со дебела разлика. Еве вчера изгуби од Арсенал без да постигне гол Сити, што е малце чудно пошо Мустафи и Луиз им се во одбрана. И не само тоа, него скроз безидејни беа, одеа само на нафрлени топки божем Колер и Крауч ги имаат во 16ник, а не мртвакон Хесус и џуџето Стерлинг. Тој па Хесус бог да чува од играч, ебате играчот умрен, ниту има прв допир како што треба, ниту знае да направи разлика на терен, како што прави Агуеро на пример кој патем е Марадона за него.
Секоја чест за Артета, добро го простудирал својот учител. Арсенал со 500 пати послаб играчки кадар го надиграа Сити на тактички план и заслужено пројдоа даље.
Не знам за вечер, на Јунајтед му давам предност затоа што се во подобра форма од Челзи, а и подобар тим општо гледано. Одбраната на Челзи е салата, а Јунајтед баш има такви брзи играчи напред што може да го казнат тоа.