Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?


  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.743
Поени од реакции
27.742
Овој па. Гледавме како функционира од Март(?). Едино ако се стрпат до Октомври догодина па Локали и Парламентарни избори да имаме во исто време. :icon_lol:
Месеците во македонскиот јазик се пишуваат со мала буква.
Дали ќе бидеш доволно храбар да ја прифатиш оваа забелешка достојно? Останува да видиме.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.924
Поени од реакции
50.677
Бајги глупости се изначитав деновиве на темава :)

Не ми е јасно зошто ја изгубивме државава (или ќе ја изгубиме) кога се помалце албанци има тука. Ама ај вие си знаеете.

Не е важна бројката , важно е каде е концентрирана моќта и кој без кого не смее да писне. Безброј држави имаш кои се доминирани од помалубројни расни, етнички или верски групи.
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
Мили мои луѓе само едно нешто ќе кажам.
Џабе 500 страни пишуваме и збориме овде.
Секој може да се фали, да се сили, да се лути на интернет, ама нема никој муда да искочи да направиме масовен протест против ова цели 20 години што не вртат и дупат исти политички партии.
Зајко сега убаво ќе си направи, на одмор отиде и после кога ќе се врати ќе каже ајде со ДУИ у коалиција и исти к*р ќе биде уште 4 години ќе не дупат.
После тоа ќе се намести друг лидер и уште 4 години ќе иста приказна. Традицијата ќе си продолжи, они ќе се богатат со пати а ние ќе трпиме овде.
Ама така и ни треба кога нема кој да се побуни.
Ајде да станеме, да се собереме сите на масовни протести, ден по ден се повеќе да не има. Погледнете ми го потписот и ќе сфатите што сакам да кажам.
Ако го направиме ова, партиите ќе видат страв и ќе се повлечат, а ќе треба да се направат нови и асални партии, кои што ќе се грижат за народот.

Ако не издејствуваме сега, после ќе биде предоцна.

Што вика еден муштерија, џабе кој и да победи татко ти пак ќе треба у 4 сабајле да стане да меси тесто, нема ни мицко ни зајко да дојде да му меси место него.

Како што кажа еден член погоре, албанските партии ќе искористат највеќе. Тие се победниците на овие избори.
Ќе дојде чичо сорос, ќе ги собере ахмети и зајко, и исто како на претходните избори ќе си се договорат и или ќе имаме албанец премиер, или ќе си остане зајко, а 70% министри ќе бидат албанци.
Немам ништо против албанците, ама против политиката кои што они ја водат, заедно со другите македонски партии.

Али џабе зборам, џабе зборат другите. Оваа генерација ги боли таквото. Пак исто ќе си остане, ќе мрмлаат сите после, ќе се жалат. .
Жално е, еве гледам пола другари што ми се од Радовиш, ставиле тоа слики по фејсбук СДСМ можеме, се продадоа за пусти пари.

Јас немам ништо повеќе да кажам, само што џабе ќе дискутирате кога пак на крајта ќе биде истата приказна како претходно.


Се дур не се излезе на масовни протести против ова што ни го прават, ситуацијата неможе да се среди.

Овие избори како и сите други, се една голема местенка, и за тоа решение едино да има промени во тоа како се гласа, каде одат тие гласачки ливчиња, да има асални надгледувачи, а не срања како обсе мобсе...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.458
Поени од реакции
18.456
Не е важна бројката , важно е каде е концентрирана моќта и кој без кого не смее да писне. Безброј држави имаш кои се доминирани од помалубројни расни, етнички или верски групи.
Е добро де, тоа е јасно, сите големи империи настанале од многу мали племиња.
Ама тоа во случајов нема никаква врска со Албанците, затоа што распределбата на моќ е само за тоа кој ќе кради и колку.

Сега знам дека на балканскиве држави многу му битно негов да го кради :)

Реално ова е сега како боксерски меч, забава за народ, едниов едно кажува, другиот друго, силење па малце кошкање, мора да се продај арената до последен билет, до последно седиште.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Најинтересно е шо Претседател на Собрание, двојазичност, формално-правна кантонизација и сл се се, само не крај на приказната, чисто увертира, психолошка припрема за тоа шо следи. Еве Таљо беше прецедник скупштине па никому ништо, сеа ќе биде еве Збибери беше прмиер никому ништо, сето тоа што беше само и само во главата на Груевски е реалност, така да Ванчо пак ќе настапи со Швајцарија на Балканите и тоа нема да биде страшно.

Кулминација ќе биде кога она шо ќе остане од Косово, ќе се побара заедно со Македонија да оди во некаков сојуз со Албанија, е сега прашање е дали прво ќе одат на отцепување па да биде сојузот компромис, или обратно, еве ние нудиме соживот и сојузништво ама славо мачедонисе не сака.
Се разбира сите што се против, како денес така и тогаш ќе бидат националисти и фашисти, а еве има будалетинки кои гласаат за LDSM, додека PDUKM реформи не гледа зошто би требало да има и поентата им е шо полошо за Македонија тоа поарно за нас. Тие ке лаат по малку од страна, затоа шо ако напнат никој нема да ги нападне за бранење на националните интереси, туку ќе им ги отворат криминалите кои ги правеле.

Едноставно е, затоа шо не краделе и сеуште не крадат, нив ги уценуваат и на таа сметка се реализираат вакви сценарија. Не седат сус на амбасадите поради тоа шо некој ќе ни воведе ембарго или ќе копнена инвазија, седат сус з`ш ќе им ги извадат криминалите на виделина и ќе им замрзнат капитало кој го украле и однеле во странство. Е сеа бујрум утре пак за Курто и Мурто.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.315
Поени од реакции
13.231
Тешко. Нашата судбина ќе биде нешто како на оние ќенеф-теротории на Карибите што не смеат да прднат без дозвола од назначениот гуебрнатор, а кога ги удира и пеплосува ураган, губернаторот нигде го нема.
Панама нешто, тој фазон... минус плажи и црнкињи.
Или Порто Рико ))))
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.458
Поени од реакции
18.456
Најлесно да го заебат Али во моментов е да направат коалиција, СДСМ, ДПМНЕ со Алијанса и да стават Албанец за премиер.

После ДУИ во опозиција целосно изолирање од било какви државни пари и можност да кради, вклучително и бркање на сите кадри од државни институции.

ДУИ нема да постои по седните парламентарни.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.315
Поени од реакции
13.231
Едно не ми е јасно. Како покрај толку храбри јунаци на форумов ја загубивме државава?!
Ја загубивме поради кукавиците Борис Трајковски,Љубе Бошковски и Љубчо Георгиевски.А не поради родовата војска!
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Не е важна бројката , важно е каде е концентрирана моќта и кој без кого не смее да писне. Безброј држави имаш кои се доминирани од помалубројни расни, етнички или верски групи.
Садам Хусеин и неговите сунити кои владееја со мнозинството ирачки шиити со амин на Запад се со цел да се намали или изолира влијанието на Иран.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Комитите биле 1000 души, не биле цел народ...
Автоматски споено мислење:

2. Се согласувам. Грујо се што кажа е точно. Уште тогаш јас лично го знаев тоа и ја знаев сериозноста на тоа што го кажува ама на многу им беше дури симпатично смешен. Се е тоа во главата на вмровците и Грујо прави се што може за да се одржи на власт - така барем велеа.
Што направи Грујо, за да го спречи предавството што очигледно го знаеше? Имаше власт во државава имаше моќ, знаеше све 2 години пред да дојде Заев на власт и сепак ништо не направи..
 

Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.712
Ја загубивме поради кукавиците Борис Трајковски,Љубе Бошковски и Љубчо Георгиевски.А не поради родовата војска!
Ова можеби е точно, ама ако овие тројца носеа одлуки во полза на сопствениот народ. Ние ќе бевме бомбардирани од НАТО.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.679
Поени од реакции
5.307
Аљи/ Зибери коа ќе биде премиер договорот за добрососедство со Бугарија у Тирана ќе го потпишуваат или у Шкупи ?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Ако е така, ОК. Дајте да прогласиме фајронт, нека ја затворат и темава затоа што нема потреба од дискусија. Бугарите на сите ќе ни дадат пасоши, ќе прогласиме дека 3/4 од бившата независна држава Северна Македонија се припојуваат кон Бугарија, 1/4 кон Албанија и да прекинеме со комедијава.
Е тогаш тек ќе почне војната, а нашите повторно ќе бидат топовско месо...
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Абе кај живеете? :D

Премиер Албанец е неизбежна реалност. Дали сега, дали на следниот изборен циклус, дали во меѓупросторот. Исто како што е неизбежно и воведување на задолжително учење на албански јазик, промена на знаме, промена на химна и веројатно во крајниот стадиум официјална федерализација со западно-македонска покраина.

Тоа е судбината која е скроена во 2001 и е неизбежна. Кој и да дојде, кој и да биде, Зајко, Мицко, Грујо, Апасиев, Интегра сите овие барања ќе се имплементираат. Единствено што може некој од овие погоре да направи е да го успори темпото на исполнување.

Од 2011 година ја слушаме реченицата: „Ова е последното барање на Албанците/албанските партии“, а од тогаш имаа и се исполнија преку 10 круцијални барања.

Никогаш тие барања нема да запрат до моментот кога државата ќе стане комплетно бинационална и федерализирана.

Исто така слушавме и експертизи од типот: „Албанскиот народ во Македонија е презаситен од ДУИ/не го интересираат веќе националистичките ветувања/не палат веќе етничките барања кај нив“, па во 2016 се направи мултиетничка предизборна коалиција по тој терк. Но, еве во 2020, ДУИ воскресна по 3 пат како @Beric Dondarrion токму заради тоа ветување, премиер етнички Албанец. Никогаш, или ај бар не во следниве 100 години додека не се промени целосниот менталитет на Албанците, кај нив нема да престане националистичката карта како најбитна опција при нивниот избор.

Реков, во 2016, СДСМ беше гласана од многу многу Албанци, ама не затоа што го сакаат Заев, туку ради тоа што во коалицијата имаше Албанци.

За разлика од нив, Македонците се многу полесни на тоа поле и полесно би гласале самите, без никаков услов, за кандидат Албанец. Впрочем, ви текнува на Имер Селмани и претседателските избори пред неколку години? Кога освои преку 30.000 македонски гласови во прв круг?

И тоа беше пред 11 години, кога македонскиот гласач беше со делумно построга психологија на гласање. Сега, во 2020, по сите пацифистички кампањи, македонскиот гласач е уште полибеларен во тој став и има многу повеќе луѓе кои би гласале за премиер/претседател Албанец. Затоа што „што ти прави тебе разлика дали е Македонец или Албанец?“.

Да не збориме па колку тоа е полесно да се направи за Премиер, парламентарно, преку пратеничко гласање како што се направи за Талат Џафери.

И овој пат нема да има организиран упад, затоа што нема политичка партија која има сила и мотив да го изведе тоа. Ќе има протести од неколку илјади граѓани, ама ќе поминат. Штом помина тоа на 27 април, гласање на премиер Албанец ќе помине многу поглатко.

Јас лично очекував на минатите претседателски да добиеме „заеднички“ претседател Албанец, некој од ликот на Фатиме Фетаи ама или им се расипа филмот или па Али знае дека претседател ќе е само формланост и сака ударна тупаница преку премиер.

Така да, ако во следната влада не добиеме премиер Албанец, ќе го добиеме во таа потоа, штом веќе тоа прашање е начнато на големо, ќе се оствари.

А полсе тоа и секое друго барање на албанскиот блок постепено.

Единствена можност тоа да не се случи е меѓународниот фактор да ги тури во спреги, но колкави се шансите за тоа сега кога веќе влеговме во НАТО не знам...
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.315
Поени од реакции
13.231
Ова можеби е точно, ама ако овие тројца носеа одлуки во полза на сопствениот народ. Ние ќе бевме бомбардирани од НАТО.
Озбилно?
Не друже,затоа што се усраа да не ги судат во хаг,за воени злосторства врз цивили.Е затоа!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom