Нема демократија, слобода, правда и економија нема глас на избори бе копуци, ова е мое лично мото и се однесува подеднакво и за СДСМ и за ДПМНЕ. Во текот на мојот живот сум гласал и за едните и за другите, но за прв пат пред два дена на изборите гласав за една од помалите партии од т.н. трет блок (не за оваа Апасиевска фејк Левица секако, туку за друга партија од третиот блок). На изборите изгуби и СДСМ која заедно со толку многу коалициски партнери меѓу кои и партијата Беса освоија помалку гласови односно помалку пратенички мандати од претходните избори и иако се победници на овие избори сепак ќе имаат проблематика во периодов кој претстои околу составувањето на влада. Но најголем губитник, по народски кажано најмногу го попуши на овие избори најголемата македонска опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ која со оглед на постапките на оваа власт последниве три години како опозиција требаше да освојат убедлива победа, но како викаат што ќе си посееш тоа и ќе си ожнееш. Да беа вистинска опозиција народот ќе го препознаеше тоа и масовно ќе ги гласаше/наградеше на изборите пред два дена, но со Жмицкосуење не се добиваат гласови на избори, ниту од своите, ниту па од неопределените граѓани, поука за другпат, за некои следни избори !