Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?


  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
da izlezese narod i da im dadese 63 pratenika na sdsm nemase da mora da se zamaraat so shipcite ali jbg
Груевски не напушти, но груевизмот живее во градите на секој еден ездесовец!

 
Еве накратко значи тапа од држава сме, особено тие што решија да бојкотираат. Сега нека си бараат албанице се што сакаат со ваква излезност и поделеност тешко нас. Убаво викаат стариве, не заслужуваме држава.
Многу малку се тие што всушност бојкотираа. Јас вчера не гласав, а моето лично неизлегување не го поврзувам со бојкотирање, едноставно нема партија што ги застапува моите интереси. Да излзеше раководството на ДПМНЕ со дециден и категоричен став дека при првиот ден од нивното враќање на власт ќе го поништат преспанскиот договор, вратат името на државата, и укинат двојазичноста, јас ќе бев нацртан пред гласачкото место на 15ти уште во 6:30. ДПМНЕ место да се посвети на тоа што е битно, и тоа што би им донело победа, они се замараа со тоа што правел Заев кога бил на власт, како демек ние глупи сме, не знаеме.
 
Види ги бре, живееме во држава каде терористи од планина се во секоја влада и не уценува на секое, со племе што слави со калашникови и организира масовни прослави сред пандемија, ама нив им смета Апасиев. Премногу се тригнаа од тоа што Димче стана пратеник, повеќе се фокусираат на тоа отколку победата над ДПМНЕ. Многу ми е мило што Димче ќе им ја наруши хармонија во собрание и театарот на СДС и ДПМНЕ.
Со тие од планина треба коалиција да прават.
 
Novo neoficijalno info (izvorot ne e DIK), taka shto zemete go so rezerva: SDSM - 48, VMRO DPMNE - 45, DUI - 12, AA/Alternativa - 12, DPA - 2, Levica - 1.
И ја истово инфо го иам, али од пред 2 саати е, циркулира истово инфо низ партииве, дпмне и сдс.
 
Novo neoficijalno info (izvorot ne e DIK), taka shto zemete go so rezerva: SDSM - 48, VMRO DPMNE - 45, DUI - 12, AA/Alternativa - 12, DPA - 2, Levica - 1.

Идат по секоја цена да им го скинат тој во тројка. Плус не ми е верно Дуи и Алијанса да се нерешено.
 
Ме интересира дали Левица има свои претставници на секое гласачко место, се сомневам дека е така. Тоа се 3000+ членови. Ако нема, многу е голема веројатноста да ги имаат сјебано и да се ограбени.
 
Novo neoficijalno info (izvorot ne e DIK), taka shto zemete go so rezerva: SDSM - 48, VMRO DPMNE - 45, DUI - 12, AA/Alternativa - 12, DPA - 2, Levica - 1.

На крај нема да ме чуди ако му стегнат некоја кривична на Апасиев пред да го добие мандатот и некако да си го префрлат според некоја нивна европска логика. Ова е окупирана земја од ЕУ и Америка, во најлошите афрички диктатури има поголемо право на избор.
 
Многу малку се тие што всушност бојкотираа. Јас вчера не гласав, а моето лично неизлегување не го поврзувам со бојкотирање, едноставно нема партија што ги застапува моите интереси. Да излзеше раководството на ДПМНЕ со дециден и категоричен став дека при првиот ден од нивното враќање на власт ќе го поништат преспанскиот договор, вратат името на државата, и укинат двојазичноста, јас ќе бев нацртан пред гласачкото место на 15ти уште во 6:30. ДПМНЕ место да се посвети на тоа што е битно, и тоа што би им донело победа, они се замараа со тоа што правел Заев кога бил на власт, како демек ние глупи сме, не знаеме.

Пријателе, баш таквите ко вас е усраа работава. Патриотчиња од тестатура така никогаш нема да го поништиме преспанскиот. Тоа се прави ако има доволно еуфорија што ќе создаде силен отпор во собрание за да се отфрли тој ништовен договор. И еве баш ништо не постигнавме што се препукувавме во опозиција кој што рекол кој што направил без да ги видиме на дело. Од тоа само СДС профитираше. ВМРО ветија дека ако има кворум во собрание дека ќе го поништат договорот. Се друго се демагогии. Ти си знаеш, ова е политчка неписменост и тврдоглавост, друго нема како да се опише. Вредеше да се даде шанса на помалото зло, ама сеа после е*ење нема каење. Благодарение на вас, сега уште повеќе има да не силуваат со јазици, химни и се остало.
 
Последно уредено:
Дуна се овластен сервисер за баждарење на фискални и треба да се молиш две недели да ти мавнат еден рестарт на касата, овие им дале избори да организираат. :facepalm:
Па биле мета на СОФТВЕРСКИ тероризам од надвор изјавија пред малце :facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:. И DDos да било, секој cloud provider моментално има техники за справување со ваков напад. Ако сами го менаџирале хостирањето за да заштедат некој денар не би ме изненадило :D

Зависи од која магнитуда е. Ова е најпознатиот dDOS напад, сајтови ко Амазон, Виза итн. беа недостапни. Од ова што го гледам, најверојатно владејачката партија и има правено dDOS напад на дик, а со оглед на нереагирањето на ДПМНЕ, веројатно и со нивно одобрување.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom