Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.201
Поени од реакции
12.194
„Вие сте против народот, О мои избрани!“
Liber AL vel Legis


Коментар (извадок од „Законот е за Сите“):

Под “народ” се мисли на таа дволична, расплакана, ропска раса од бичувани пци, кои одбиваат да ја прифатат својата божествена суштина.
Толпата е секогаш заплашена за своето парче леб и путер
(доколку нејзините тирани воопшто и дозволат да има путер), а отсекогаш лебот во 60 % е замена за сточна храна. Според тоа, бидејќи се плаши не се осмелува да удри.
А кога неволјите ќе започнат, ние Аристократите на Слободата, од замокот или колибата, тврдината или резиденцијата, ќе ја имаме робовската толпа наспроти нас.
Весниците ќе ни укажат дека “Народот” претпочита да гладува и фала му на Џон Д. Рокфелер што го дозволи тоа.
Постои и подлабоко значење на овој стих, кое е применливо во процесот на индивидуална иницијација.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Влегов со тага; со радост сега заминувам и со благодарност, да уживам на земјата во мноштвото на живите.
Liber XLIV
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Да го пишам мојот скромен увид на Телема и ОТО.

ОТО е окултна иницијациска организација чиишто членови веруваат во определена метафизика, имаат разни магиски пракси (според ОТО ова е магика, различно од магијата) и етички вредности. Основни создавачи на ОТО се Карл Келнер, Хајнрих Клајн и Теодор Ројс. Но Алистер Кроули е рок ѕвездата на ОТО. Едвард Александар Кроули бил самопрокламиран секс „ѓавол“ на дрогата, со најчесто самообјавувани книги за окултното и магиката, поет, планинар и лидер на ОТО. Неговите ставови ги има во „Закон на Телемата“ кои Крoули тврди дека ја канализирал од надчовечката интелигенција наречена Ајваз (слично на виденијата на многу пророци во религиите, на пример, Мухамед). Телема е религија која се одликува со ритуални пракси, метафизички верувања и етички вредности како и другите религии, но е универзалистичка (припадник на секоја религија може да стане телемит). „Прави го тоа што ти е Волјата е целиот Закон“ е неговото мото за ОТО. Во пракса, Кроули подразбирал одбивање на традиционалните морални вредности во полза на живот на наркозависник и женкар („I rave, and I rape and I rip and I rend“, текст од една негова поема од книгата „Diary of a Drug Fiend“). Повеќето членови на ОТО сметаат дека ова правило не значи нешто толку злобно, туку има преносно значење. Според нив, ова правило подразбира свет мандат да се открие сопствената Вистинска Волја (вистинската природа), односно смислата на својот живот, оставајќи ги другите да ја реализираат својата Волја, налик на концептот на Ниче. Светот е баланс, сите се Едно, па кога секој ќе постапува по својата Волја, на Земјата ќе владее љубов и хармонија бидејќи во суштината на Волјата е да биде океј со другите Волји. Бидејќи сите сме едно, ја не би се повредил себеси пробувајќи да повредам некој друг. Ова е некоја комбинација од Ниче и ведантата, ништо ново, само преработено. Генерално, Кроули крадел од повеќе верувања, како што праеле Хабард и многу други култ гуруа. Кроули се идентификувал како Ѕверот 666 и сакал да биде гледан како најнеморалниот човек на светот, привлекувајќи дисфункционални жени и сакајќи да биде специјален, арогантен, кул и секси! Една од попознатите книги популарна меѓу окултистите е „Магика во теорија и пракса“. Многу рокери (Лед Цепелин) го поштувале и поштуваат Алистер Кроули како јак рокенрол фраер.

ОТО тврди дека се занимава со пракси кои се научни, но во реалноста, станува збор за феноменот на магично размислување, односно верување дека некој има моќ да влијае на околината со своите мисли, во случајов Волја. Оваа карактеристика е оставштина од нашето еволуционо минато, во кое, примордијалните умови гледале анимистички на природата, додека, според некои невронаучни сознанија, не се развил DMN (дел од мозокот кој е корелат на склоноста за дискретизирано рационално размислување). Денес, има докази дека користењето психоделици ги носи луѓето во таа „прасвесна“ состојба, па не е чудно што многумина од окултистите во 19 и 20 век. користеле психоделици како мескалин, боженствена жалфија, татули и псилоцибин за добивање на шамански визии. Шаманството е повеќе дел од неопаганизмот, но оваа струја е поврзана со другите езотериски струи. Според ОТО, ако сите сме едно (нешто налик на ведантата), тогаш јас можам, со помош на интрикантните природни механизми водени од космичките закони, да влијаам на светот преку магијски ритуал/церемонија со моите мисли. Во контекст на терминологијата на ОТО, ова е магика која е различна од магијата. Затскриени со многу симболи, мистични упатства кои не им значат ништо на неиницираните и слични спешл сноуфлејк муабети, ОТО како и многу други тајни иницијаторски организации, имаат окултни пракси и езотериски верувања, базирани на комбинација од кабала, хинду верувања (медитации, тантра и др.) и други комбинации во една каша, толкувана низ призмата на Кроули. Фасцинацијата со хиндуизмот е нешто, карактеристично за егзотизирањето на Индија од Англичаните и како колонијална сила која ги гледала Индијците како егзотичниот примитивец.
Во принцип, телемитите веруваат дека некои симболи (кабалистички, вакви, онакви) имаат интринзична моќ као зборови и ако некој медитира и ги внесе своите мисли во тој симбол, ако му е по Волјата (неговата природа, ака, што му е пишано да биде) ќе успее да ја смени реалноста. Секако, ова е познат концепт и во други езотериски учења и окултни пракси, но Кроули милувал да зборува преку обскурни симболи и кодови, за да делуе дека кажуе нешто посебно што само иницираните може да го разберат, односно како тоа да го направат правилно и да добијат резултати. Другите смртници не знаат. Класичен его трип... Ова е дискредитирано од сериозната наука како псевдонаука бидејќи никој не успеал да покаже дека може да ја менува реалноста на таков начин. Во основа, основните проблеми се темелат на неколку работи (освен сумњивите акти во церемонијалните магики кои вклучуваат сексуални чинови, па качувањето левел значи симулација на примање на калабастерот на некој телемит со повисок статус или симулација на пружање фелацио, без разлика на тоа дали му е по Волја на иницираниот несреќник. Пример, гностичката миса):

  • Проблемот со вербата во Волјата
Телемитите и нивниот идол Кроули никогаш не може да знааат или да докажат дали светот е таков, што ако секој си ја следи Волјата, све ќе биде балансирано, а конфликтите се резултат на луѓе што не ја следат својата Волја. Тоа е премиса која се брани со ад хок хипотезата. Ја може да најдам милион примери на конфликти кои тие ќе ги објаснат со „Па не ја следат Волјата, ради тоа е така, да ја следеа, ќе беше супер“. Со тоа си го бранат неоснованото верување. Така функционираат и The Secret/квантна свест/Џозеф Марфи верувањата. Вака функционираат сите
ненаучни верувања. Ваков тип на доктрини се и марксизмот (све е класен конфликт), фројдовото толкување, феминистичката епистемиологија и било кое верување кое се брани од емпириските факти со ад хок хипотези. Со зборовите на Попер, основниот критериум за демаркација на псевдонаука од наука.

Во некоја мера, овие верувања влечат корени од гностицизмот и неоплатонизмот, Бог е еманација, но секое следно ниво од неговата еманација е покорумпирано, па ние живееме во последниот свет на Демиургот (Ѓаволот/ за некои Јахве), затоа тука има сукоб, болка и све, па кабалистички, ние треба да се искачиме до највисокото ниво, Кетерот. Ова е нешто што само замислените илуминати од Белото Братство го имаат постигнато, треба да достигнеме ранк на Ипсисимус (највисокиот ранк) и тогаш ќе бидеме најјаки и све ќе е супер. Во нивниот измислен A.A. кој наводно постоел отсекогаш и бил составен од луѓе кои го движат прогресот на општеството у тајност, Белото Братство, наспроти антагонистите од Црното Братство, има 10 нивоа кои кореспондираат со сефиротите во кабалата. Вакви слични ранкови имаат и скиентолозите (клиер, постклиер итн.), како и останатите организации со вертикални структури. Во принцип, стануе збор за его трип, чувство на моќ, социјален статус и „јас иам поголем левел од тебе, сум фармал повише“ муабет. Ова е резултат на хиерархиското размислување, честопати застапено кај луѓе коишто сакаат да имаат моќ и социјален статус, малку контрадикторно со слободарските начела на ОТО. Но ако некој се труди доволно време, вежба и практикуе, ќе стане појак и ќе качи левел во хиерархијата.

Нивните практикувања не се научни, не биле и нема да бидат. Кроули имал многу бедно разбирање за тоа како функционира науката и кога, жално, пробуел да употреби физика и хемија за да ја елаборира неговата метафизичка позиција користејќи улави аналогии, тоа го праел смешно. Во принцип, позади жаргонскиот говор наменет да ги збуни луѓето, се крие проста работа. Они мислат дека праксите делуваат? Мислат дека за да делуваат треба да имаш искуство, да си некој Магистер, Магус, Ипсисимус, којидае ранк? Сакаат да покажат дека се наука? Лесно е, а и ќе им покажат на сите профани зошто е добро човек да аспирира да стане член на ОТО и да се подобри. Сѐ што треба, е да се соберат една група од телемити кои се искусни, ќе собереме една контролна група у која ќе бидеме јас, Агда, wot и уште многу други кои поима немаат и ќе пробаме да иницираме промена во реалноста, ние ќе праиме рандом булшит, тие ќе кастаат магики, колку и да им треба време, какви и да сакаат услови, што и да е типот на магики, дали церемонијални, сексуални, вакви, онакви и ќе видиме дали нивното ќе има поголем ефект од нашето. Но тоа никогаш нема да се случи, во егзактни услови. Знаете ли зошто еден телемит не би прифатил таква работа? Пошто е фејк, а и се плаши дека ќе му се скршат илузиите. Еднаш само, една група телемити, да направат ефект кој ќе може да биде испитан у научни услови и тоа е тоа! Ќе се скршат сите парадигми на човечките закони. Ранди нуди 1 000 000 долари за тој што ќе напраи таква работа. Таков не се појавил. Ако единствен начин како функционираат нивните магики се езотериските искуства кои не се вербализираат, ондак сево ова е во доменот на психологијата, ништо особено. Но некои телемити веруваат дека тоа се симболи поврзани со нашата психологија (јунговско гледиште), а многумина се панпсихисти. Но ако има надворешни манифестации, чинам, во полза на човештвото е да се провери оваа работа. Ако можат нешто да променат во стварноста, следејќи ги нивните Волји, или ќе го покажат тоа, или ќе сркл џркаат у друштво од 20 души и само они ќе си ги сведочат магичните ефекти кои им се чини дека се реални, поради нивните предрасуди, очекувања, верувања, илузии, хевристики и сите интересни начини како умот прави да ни се чини дека стварноста е тоа што го веруваме.

  • Проблемот со моралите и религијата
Нажалост, ОТО се води по догматски морални вредности. Тие тврдат дека се за слобода на сечија Волја, не наметнуваат ништо, но тоа е етички суд. „Секој треба да прави како што му е Волја“ е етичка максима која им ја тураат на сите во нос. Според нив, ако сакаш да припаѓаш во општество со социјални норми, да следиш традиции и слично, тогаш не идеш по твојата Волја. Они знаат како треба да прават луѓето кои одат по својата Волја. Тој антиномијанизам/фокус на индивидуалноста и кај другите езотериски „Леви патеки“ привлекуе луѓе кои сакаат автономност. Тие не сфаќаат дека не е сечија природа да сака автономност. Некои луѓе сакаат социјални норми, сакаат да припаѓаат негде, сакаат ред, таков им е кројот (или Волјата :D). Телемитите не се надлуѓе, ниту подобри од нив и не мора да им го тураат Ниче у фаца. Мислејќи дека се посупериорни со тоа што ја следат својата „Волја“ наспроти антагонистот кој не ја следи според нивните принципи, тие наметнуаат етичка рамка која веруваат дека е поправилна. Ова, психологот Стивен Рајс го нарекува „selfhug“. Тоа е кога мислиме дека нашите потреби (потреба за автономност, потреба за моќ, потреба за знаење и сл.) се најдобри и правило по кое треба да идат сите. Овие верувања привлекуваат луѓе со такви потреби.
Антагонистите на ОТО (како и секогаш, секоја идеологија има заеднички непријател, помага за кохезијата на групата) се староеонските релгии водени од црното братство кое сака да ја уништи спиритуалноста на луѓето пробувајќи да ја фрактализира духовноста во религии. За некои следбеници на ОТО, црното братство е организација од луѓе кои го прават тоа намерно, за други тоа е мрачниот дел од следбениците на религиите кои несвесно заебуваат работа и ги влечат луѓето во духот на стариот еон на Озирис (патријахалниот бог) кој (ЗА СРЕЌА!) е завршен, додека пак телемитите веруваат дека Кроули е пророкот кој нѐ вовел во новиот еон на Хорус, па нивното движење е правото нешто за секој. Ова се карактеристики на сите религии, религиски секти и култови, сите мислат дека нивното е најбоље на свет. Ги има илјадници вакви.

Во реалниот свет, вистински знаења се знаења за природни и социолошки категории: физика, хемија, биологија, економија, социологија, психологија, компјутерски науки, историја и др. Тоа што телемитите го „знаат“ за секој рационален човек е еквивалент на знаење на лорот на „Војна на ѕвездите“ и „Игра на тронови“. Интересно е да се зборуе за „Војна на ѕвездите“, „Игра на тронови“, западна езотерија, па и зошто и како луѓето го прават тоа, дури и самиот лор е јак. Мене, на пример, отсекогаш ме влечеле епски фантастики, окултни причи, нешто што иам и многу читано/гледано/играно од фантастичните жанрови. И ја сакам да имам супер моќи, и стварно би било кул да постои сето тоа во што веруваат. Цел живот и ја би го проучувал тоа, ама нажалост, тоа е фикција.
Аман бе и ти не си фер.Ги демистифицира,ги разголи и им го растури филмот.А читав нешто и за нивниот маг и основач,кој лудак,поооо!
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Аман бе и ти не си фер.Ги демистифицира,ги разголи и им го растури филмот.А читев нешто и за нивниот маг и основач,кој лудак,поооо!
Не бил лудак, ама бил шарлатан со силен еготрип кој сакал да биде спешл сноуфлејк. :D
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Не бил лудак, ама бил шарлатан со силен еготрип кој сакал да биде спешл сноуфлејк. :D
А најинтересно од се е шо ја мрзел демократијата,тврдел дека таа е за слабаци!Уште еден размазен и арогантен член на англиската аристократија,ништо повеќе!
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Аман бе и ти не си фер.Ги демистифицира,ги разголи и им го растури филмот.А читав нешто и за нивниот маг и основач,кој лудак,поооо!
Абе немој не ме радуј, не разголил, еве се тресеме од студ од разголеност :pos:
Се што знае дотичниот за ОТО, е од нас, од тоа што сме го направиле достапно за јавност, а 80% од тоа што го истрсол во постот е или полувистина или невистина. На пример тврди дека магиката била метод за изменување на реалноста или физичките закони, што нема врска. Потоа тврди дека нема разлика помеѓу Телемата и останатите религии, уште една глупост која нема врска..... Тенденциозен обид да се испревртат фактите и да се прикаже поинаква слика од таа што навистина е. Класичен пример кога немањето што да се каже, се заменува со обемност за да изгледа веродостојно и валидно.
А најинтересно од се е шо ја мрзел демократијата,тврдел дека таа е за слабаци!Уште еден размазен и арогантен член на англиската аристократија,ништо повеќе!
Демократијата е преценета, и Хитлер дошол на власт со помош на демократијата. Таа е онолку ,,добра" колку што е добро мнозинството а квантитетот никогаш не бил репер за квалитет.
 

mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
1.003
Поени од реакции
2.797
Абе немој не ме радуј, не разголил, еве се тресеме од студ од разголеност :pos:
Се што знае дотичниот за ОТО, е од нас, од тоа што сме го направиле достапно за јавност, а 80% од тоа што го истрсол во постот е или полувистина или невистина. На пример тврди дека магиката била метод за изменување на реалноста или физичките закони, што нема врска. Потоа тврди дека нема разлика помеѓу Телемата и останатите религии, уште една глупост која нема врска..... Тенденциозен обид да се испревртат фактите и да се прикаже поинаква слика од таа што навистина е. Класичен пример кога немањето што да се каже, се заменува со обемност за да изгледа веродостојно и валидно.

Демократијата е преценета, и Хитлер дошол на власт со помош на демократијата. Таа е онолку ,,добра" колку што е добро мнозинството а квантитетот никогаш не бил репер за квалитет.
Во кој дел е преценета демократијата?
 
Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Во кој дел е преценета демократијата?
Во деловите на време-просторот во кои обителствува духовно-психолошки неписмен народ задоен од догми или идеологии. Таму владее догмократија или идеократија.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.201
Поени од реакции
12.194
Day after...
§ § §
Просечниот гласач е морон.
Тој верува во она што ќе го прочита во весниците, ја храни својата имагинација и ја успива својата репресија во кино, надевајќи се дека ќе побегне од своето ропство преку фудбалски обложувалници, крстозбори или преку бележење на победникот на 3:30.
Тој е прост на начин на кој ниеден неписмен селанец не е прост: тој нема моќ на Независна мисла.
Тој е жртва на паника.
Но тој го има гласот.“

Научното решение за Проблемот на владеење, А. Кроули 1937 e.v.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.265
Поени од реакции
10.169
Day after...
§ § §
Просечниот гласач е морон.
Тој верува во она што ќе го прочита во весниците, ја храни својата имагинација и ја успива својата репресија во кино, надевајќи се дека ќе побегне од своето ропство преку фудбалски обложувалници, крстозбори или преку бележење на победникот на 3:30.
Тој е прост на начин на кој ниеден неписмен селанец не е прост: тој нема моќ на Независна мисла.
Тој е жртва на паника.
Но тој го има гласот.“

Научното решение за Проблемот на владеење, А. Кроули 1937 e.v.
Пред изборите требаше ова да ни го постираш, но нема везе, во времето на Кроули немало интернет, хакери....само ме интересира, ако просечниот гласач е МОРОН, како се викаат негласачите, тие луѓе што бојкотираат, што не одат на гласање или пак го поништуваат ливчето:D
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.201
Поени од реакции
12.194
Ова една декада постојано се споделува тука, на фб... :)
Не знам како се викаат... се мислам дека секој е гласач и ја има виртуелната „моќ на гласот“ :)

Денес имаме се и сеуште имаме просечни гласачи-морони, неуки, насилници, желни за лесна заработувачка...
Не е до алатките, до луѓето е...

P.S. Мора да се научи дека мора прво должноста да се разбере и извршува како индивидуа а потоа да се бара нешто повеќе!
 
Последно уредено:
Член од
7 март 2009
Мислења
1.160
Поени од реакции
816
Ова една декада постојано се споделува тука, на фб... :)
Не знам како се викаат... се мислам дека секој е гласач и ја има виртуелната „моќ на гласот“ :)

Денес имаме се и сеуште имаме просечни гласачи-морони, неуки, насилници, желни за лесна заработувачка...
Не е до алатките, до луѓето е...

P.S. Мора да се научи дека мора прво должноста да се разбере и извршува како индивидуа а потоа да се бара нешто повеќе!
Да споделам една фантастично точна и безвременска мисла,ова иако е напишано пред втората светска војна итекако важи и ден-денес а посебно за нашиве гласачи!
Народ-политички неписмен -Бертолт Брехт.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom