Тоа е најлошото можно сценарио. Рецепт за „пасокизација“ на ДПМНЕ. Мора да го тргнат, од партија, од штаб, од Википедија. Ионака ќе го заборавиме за една минута. Се ова што беше носител на листа, плус фаци како Муцунски и Рангелова, мора да ги снема.
Опашот изгуби од Зоран Заев бе. Од Зоран Заев.
Ми текнува на неколку хајлајти. Му викаат на Мицко да каже како и дали ќе се изјасни на референдумот, враќа зелкарот со „В' Четврток ќе имаме прес конференција и ќе ги соопштиме нашите ставови на оваа тема“. По некое време го прашуваат дали ќе поднесат амандмани, дали ќе ги тргнат пратениците од Собрание, зелкарот вика „СДСМ сериозно ги руши пиларите на нашата татковина и ние ќе направиме се во наша моќ да го спречиме...“. И кур направија.
Значи, ги памтам овие. Иритираат и сега како и тогаш. Ќе те чекам ја тебе шапшал еден „До Четврток“ да кажеш какви делиберации имаш на едно вака когнитивно сензитивно прашање, за да ерудито и без опасност од некохерентност и инкомпрехенсибилност ги пренесеш ставовите од твојата мутава партија на тема РУШЕЊЕ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ.
Мрш у заборав, за доброто на сите.