СДСМ и ВМРО се такви какви што се поради гласачите. Проблемот е во тоа што луѓето никогаш не гласаат за програма, туку клиентелистички за вработување на државна цицка или некој друг личен интерес, затоа е и таков курсот на партиите. Дури и критиките спрема партиите се во тој контекст. Критиките на луѓето спрема партиите се: "Гласав за СДСМ/ВМРО, а не ми вработија никој од фамилијата". Јас немам слушнато некој да поддржува или критикува некоја одредена реформа.
Треба промена на менталитетот и на тоа како треба да ги доживуваме политичките партии. Треба да го искорениме оној менталитет останат од социјализмот: "Земи партиска книшка синко и вработи се во државно, нишај врата земај плата", бидејќи во спротивно џабе е дури и да се сменат носечки партии, курсот ќе остане ист.
Тоа е така зашто платите се примамливи, т.е. 80% поголеми од приватен сектор кај шо се движат до 20.000 ден макс, па дури и убавите позиции у приватен сектор како менаџер, управител и сл кои се околу 40.000/50.000 ден се исти како и некои позиции во администрација како виш правник, шефови и сл, или по јавните претпријатија како елем, водовод, аек, тоа воздухоловното.
А разликата и сам кажа во работата која ја вршиш и се очекува од тебе у приватен и јавен сектор е пре преогормна. Плус овде ги имаш и моќта за одлуки, добра заработка од корупција и сл...
И се додека не се промени тоа да јавниот сектор е строго регулиран и е со помала примамливост од приватниот оваа моментално ситуација ќе остане непроменета. И обичниот народ ќе си пати, ќе се разочарува и ќе си ја бара среќата у странство.
Иначе баш пред некои денови имаше се појавија списоци на СДСМ у Битола мислам беа, за лица и фамилии кои треба да се посетат и да се "убедат" да гласаат. Со назнаки на секое лице и фамилија, како пример: тој и тој е долго време член на паритјата работел приватно и сега бара да се вработи како наставник, тој и тој живее у голема фамилија и бараат барем еден вроботен и сл...